Спорт
(Видео) Лил го елиминира Фенербахче, Малме среде Солун го победи ПАОК
Фенербахче и ПАОК доживеаја шокантни елиминации во квалификациите за Лигата на шампионите. Двата тима играа продолженија но не успеаја да ги минат Лил, односно Малме. Фенербахче и ПАОК продолжуваат во плеј-офот за пласман Лига Европа.
На првиот натпревар во Франција беше 2:1 за домаќините, а во реваншот се играa продолжениjaи Лил се пласираше во плеј-офот со гол од пенал во 118. минута, откако претходно Фенербахче избори продолженија со авто-гол во 91.минута.
Тимот на Жозе Мурињо на теренот долго се мачеше, но успеа да надомести во судиското надополнување. Со авто-голот на Диаките, Фенер го израмни резултатот и дојде до продолженија.
Tezeksaray’a attığımız gole benziyo umarım sonucu da aynı olur pic.twitter.com/GNUjDd5qSL
— yes context (@yescontextfb) August 13, 2024
Но во дополнителните 30 минути Фенербахче одигра без ризик, чекаше грешка на противникот, која не ја дочека. Не им помогна на домаќините и фактот што од 109 минута имаа играч повеќе на теренот, поради исклучувањето на дефанзивецот на Лил, Аиса Мунди.
Во еден од ретките напади на гостинскиот тим, во 115. минута Џонатан Дејвид шутираше, топката удри во раката на еден играч на Фенер. Интервенираше ВАР и беше досуден пенал кој Давид го претвори во гол.
Com este penalti de Jonathan David, o Lille está no playoff da Champions!!
Fenerbahçe lutou até ao fim, mas o jogo sorriu para os Franceses. pic.twitter.com/NdIPsz7Xty
— GoncaloDias17 (@goncalo_diass17) August 13, 2024
Во претпоследната минјта Фенер имаше шанса, но ударот на Тосун заврши во гредата.
Во плеј-офот за Лига Европа Фенербахче ќе игра против Ројал Унион, додека Лил за место во Лигата на шампионите за противник ќе ја има Славија Прага.
На стадионот „Тумба“ во Солун, ПАОК во драматична завршница испадна од Малме.
Спектакуларен натпревар одиграа ПАОК и Малме, откако првиот меч во Шведска заврши 2:2. Во Солун, по продолженијата победи Малме со 3:4.
ПАОК секунди го делеа од пласман во плеј-офот за Лигата на шампионите. Но во 96. минута Зетерстром постигна бизарен гол и избори продолженија за Малме.
Во продолженијата играчите на шведскиот шампион доминираа и успеаја да постигнат гол во 99.минута преку Кристијансен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Тотенхем се сериозно заинтересирани за Енди Робертсон
Британските медиуми тврдат дека капитенот на шкотската репрезентација Енди Робертсон, долгогодишен лев бек на Ливерпул, би можел да стане нов играч на Тотенхем. Робертосон, 10 од 12-те сезони во Премиер лигата, одигра во дресот на Ливерпул.
Робертсон дојде од Данди Јунајтед во Англија, поточно во Хал, во 2014 година и со „тигрите“ испадна во Чемпионшип, но се врати во елитните редови на англискиот фудбал веќе следната сезона.
Во Ливерпул пристигна во 2017 година, каде што брзо се етаблираше на левата страна од стартната постава, а работите се променија со заминувањето на германскиот стручњак Јирген Клоп и доаѓањето на холандскиот тренер Арне Слот.
Робертсон одигра само 13 натпревари во Премиер лигата минатата сезона, а на почетокот на оваа Слот донесе уште еден лев бек, Милош Керкез.
Наводно, Тотенхем испратил понуда до 31-годишникот. Сепак Би-Би-Си пишува дека Ливерпул нема потреба од лев бек откако во меѓувреме го донесе 19-годишниот Бразилец Соуза.
Сепак, тие истакнуваат дека Бразилецот е премногу млад и дека поради тоа менаџерот Томас Франк бара искусен фудбалер на таа позиција.
Договорот на Робертсон истекува ова лето, а тој неодамна изјави дека не знае, односно сè уште не одлучил, што му носи иднината.
Foto/ EPA
Спорт
Ен Несири пред трансфер во Јувентус
Фудбалскиот клуб Јувентус, од почетокот на преодниот рок, се обидува да се засили со класична „деветка“. Откако неуспено заврши обидот со Жан-Филип Матета, челниците на клубот од Торино се насочија кон Јусуф Ен Несири.
Јувентус мора да ангажира напаѓач, бидејќи Џонатан Дејвид не се снајде, Душан Влаховиќ е повреден и неговиот договор истекува на крајот од сезоната.
Спортскиот директор на Јувентус, Марко Отолони, вчера бил во Истанбул, на натпреварот од Лига Европа помеѓу Фенербахче и Астон Вила (0:1), да преговара околу ангажманот на Мароканецот.
Јувентус нуди 5.000.000 евра за позајмица, 19.000.000 евра за опција за откуп на договорот и 3.000.000 преку бонуси.
Реално е Фенербаче да ја прифати понудата и наскоро се очекува Ен Несири да го облече дресот на Јувентус.
Спорт
Реал Мадрид ја напушта Евролигата
Реал Мадрид одлучи да се повлече од Евролигата и да стане еден од основачите на ново европско кошаркарско натпреварување под покровителство на НБА, проект наречен „НБА Европа“, пишуваат шпанските медиуми.
Според достапните информации, 12 клуба би учествувале во почетната фаза од проектот, а се проценува дека вредноста на франшизите вклучени во натпреварувањето би можела да достигне околу една милијарда долари во следните пет до шест години.
Според медиумите, Реал е се поблиску до тоа да биде еден од дванаесетте основачи на ова ново натпреварување. Овој потег започнува нова ера во европската кошарка и потенцијално ја менува распределбата на моќта на континентот, бидејќи „НБА Европа“ би можела сериозно да ги разниша традиционалните темели на Евролигата.
Во моментов, повеќето клубови сè уште имаат желба да останат во Евролигата, но потенцијално поголемиот профит и проширувањето на брендот преку „НБА Европа“ би можеле да ги наведат да ги преиспитаат своите приоритети во наредниот период.
Foto/ depositphotos

