Спорт
(Видео) Ливерпул доминираше на „Олд Трафорд“ па едвај извлече бод – Арсенал е лидер во Премиер лигата
Фудбалерите на Манчестер јунајтед и Ливерпул ремизираа 2:2 во дербито од 32. коло од Премиер лигата на „Олд Трафорд“.
Победата беше императив за екипата на Јирген Клоп, откако во саботата триумфи забележаа нивните противници во трката за титулата, Арсенал и Манчестер сити.
Арсенал вечера ја презеде челната позиција и тука ќе остане бидејќи има подобра гол разлика од Ливерпул. на Јирген Клоп да обезбедат три бода на „Театарот на соништата“.
Ливерпул сакаше да се реваншира за неодамнешната елиминација во ФА Купот, одлично тргна кон тоа, но на крајот мораше да се задоволи со еден бод.
Гостите ги декласираа „црвените ѓаволи“ во првото полувреме. Во првите 45 минути имаа дури 15 удари кон голот на Андре Онана, наспроти ниту еден на домашната екипа. Тоа беше прв пат од 2015 година Јунајтед да не успее да упати удар кон голот на противникот во првото полувреме.
Ливерпул, надмоќта во првиот дел ја круниса со голот на Луис Дијаз во 23.минута. До крајот на полувремето „црвените“ пропуштија неколку шанси, во овој период да го решат победникот.
Откако промашија еден куп шанси, играчите на Клоп, казнати ги стигна во 50.минута, кога Јунајтед го упатија првиот удар кон голот на Келехер.
Џерел Кванса беше невнимателен и ја испрати топката директно во нозете на Фернандеш на средината од теренот. Португалецот ја крена главата, виде дека голманот е далеку од голот шутираше од полукругот и постигна спектакуларен гол.
Во 67. минута беше 2:1. Коби Меино предизвика ерупција кај домашните навивачи, постигна спектакуларен гол. 18-годишникот стана најмладиот играч во историјата на Јунајтед кој постигнал гол против Ливерпул.
До крајот Ливерпул притискаше, но успеа само да го избегне поразот. Ван Бисака со невнимателен старт врз Елиот му овоможи на Салах во 85.минута да ги постави конечните 2:2.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Покетино си заминува од Челзи
Од Англија пристигнуваат вести дека аргентинскиот тренер Маурисио Покетино ќе го напушти Челзи.
„Сините“ сезоната во Премиер лигата ја завршија на шестото место со 63 бодови.
Со ова изборија пласман во Конференциската лига, што секако не соодветствува со амбициите на клубот.
BREAKING: Mauricio Pochettino is leaving Chelsea as head coach after one season in charge 🚨🔵 pic.twitter.com/8Forlxrsdj
— Sky Sports Premier League (@SkySportsPL) May 21, 2024
Особено по огромните инвестиции кои ги имаше Челзи, а Покетино мораше да го плати цехот.
По завршувањето на сезоната, Аргентинецот имаше средба со челниците на клубот и со заедничка одлука беше решено двете страни да се разделат.
Се уште не е познато кој е во плановите на раководството на Челзи за негов наследник.
Спорт
Хезоња за својата иднина: „Немам идеја“
Кошаркарот на Реал Мадрид, Марио Хезоња изјави дека се уште нема поим што ќе се случува со неговата кариера во иднина.
Договорот на хрватскиот кошаркар со „кралскиот клуб“ истекува на крајот од сезоната, па прашање на сите прашања е дали тој ќе остане во Мадрид.
„Немам идеја. Флорентино Перез ми се заканува секој пат кога ќе ме види во трпезаријата дека морам да останам овде. Се надевам дека е така. Сите работиме да биде така“, изјави Хезоња за Ел Мундо.
Грчките медиуми го поврзаа со Панатинаикос, а има навестувања и за други потенцијални дестинации за најдобриот стрелец на Реал.
Хезоња сезонава имаше просек од 13,7 поени и 4,4 скока на 36 натпревари во Евролигата.
Хезоња и Реал во петок се соочуваат со фајналфорот во Евролигата, а во полуфиналето во Берлин ќе играат против Олимпијакос, што ќе биде реприза на ланското финале во кое подобри беа избраниците на Чус Матео.
Спорт
Англија со најголемите ѕвезди ќе настапи на ЕУРО 2024
Селекторот на Англија, герет Саутгејт го објави спискот на фудбалери за ЕУРО 2024. На спискот има 33. фудбалери, што значи дека до почетокот на првенството ќе седуммина од кои еден сигурно ќе биде голман.
На ЕП нема да патува долгогодишниот член на националниот тим, Џордан Хендерсон.
Списокот на Саутгејт:
Голмани: Дин Хендерсон, Џордан Пикфорд, Арон Рамсдејл, Џејмс Трафорд
Одбрана: Џеред Брантвајт, Луис Данк, Џо Гомез, Марк Гуеи, Езри Конса, Хари Мегваер, Лук Шо, Џон Стоунс, Киеран Трипиер, Кајл Вокер.
Среден ред: Трент Александар-Арнолд, Конор Галагер, Кертис Џонс, Коби Мајно, Деклан Рајс, Адам Вартон, Џерод Боувен
Напад: Џуд Белингем, Џерод Бовен, Еберечи Езе, Фил Фоден, Џек Гралиш, Ентони Гордон, Хари Кејн, Џејмс Медисон, Кол Палмер, Букајо Сака, Ајван Тони, Оли Воткинс.
Англија на ЕП е во Ц групата заедно со Данска, Словенија и Србија.