Спорт
(Видео) Ливерпул продолжи да дели лекции, во Лондон го декласира Вест Хем

Лидерот во Премиер лигата, Ливерпул, вечерва го декласира Вест Хем во Лондон со 5:0, во 19.коло. „Црвените“ имаат 45 поени осум повеќе од Нотингем Форест и девет од Арсенал, кој утре го игра својот натпревар од оваа рунда.
Ливерпул остана непоразен 23. меч по ред, во тој период ја забележа 20. победа во сите натпреварувања.
Вест Хем беше декласиран во првото полувреме, за само 14 минути. Луис Дијас прв погоди во 30. минута, Гакпо во 40. го удвои водството, а третиот гол го постигна Мо Салах четири минути подоцна.
Во вториот дел, Трент Александер-Арнолд погоди во 54. минута, а точка на натпреварот стави Диого Жота во 84. минута.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Нуно Еспирито Санто ќе биде нов менаџер на Вест Хем

Вест Хем реши да се раздели со менаџерот Грем Потер, но брзо ја затвори оваа страница и веднаш најде ново решение.
Само неколку часа по разделбата, од Лондон стигна вест дека Нуњо Еспирито Санто е назначен за нов тренер на „чеканите“. Со тоа Вест Хем добива искусен стратег кој добро го познава англискиот фудбал.
Португалецот веќе има богато искуство во Премиер лигата. Ги предводеше Вулверхемптон, Тотенхем и Нотингем Форест, а сега ќе се обиде да ја стабилизира ситуацијата во составот на Вест Хем.
Спорт
Атлетико ќе се обиде да го сопре залетаниот Реал во градското дерби

Мадридското дерби меѓу Атлетико Мадрид и Реал Мадрид ќе ја раздвижи шпанската престолнина денеска, кога двата гиганти ќе се сретнат на стадионот „Ер Метрополитано“. Натпреварот од седмото коло на Ла Лига започнува во 16:15 часот и се очекува да биде еден од најинтересните судири на почетокот од сезоната.
Тимот на Диего Симеоне ќе се обиде да го сопре залетаниот противник, кој досега покажува импресивна форма во првенството. Реал Мадрид доминира од самиот старт, заземајќи го првото место со максимални 18 бода од шест натпревари и импресивна гол-разлика од 14-3.
Од друга страна, Атлетико Мадрид се наоѓа на осмото место со девет бода, со две победи, три реми и еден пораз во првите шест кола.
Атлетико Мадрид демонстрира нестабилност, што веќе го оддели тимот од Реал Мадрид и Барселона. Избраниците на Диего Симеоне направија чекор во вистинска насока пред неколку дена со важна победа над Рајо Ваљекано (3-2), во меч во кој Хулиан Алварез блескаше со хет-трик. Претходно, тие ремизираа со Мајорка (1-1), а во Лигата на шампионите претрпеа драматичен пораз во финишот од Ливерпул со 2-3.
Реал Мадрид е во одлична форма со пет последовни победи во сите натпреварувања. „Кралевите“ го разбија Леванте како гости (1-4), претходно победија Еспањол (2-0), а во Лигата на шампионите го совладаа Марсеј (2-1).
Во Ла Лига, „кралскиот клуб“ забележа уште две победи, над Реал Сосиедад (2-1) и над Мајорка (2-1).
Спорт
Христов: Сакаме да продолжи позитивната серија на Македонија ЃП

Екипата на Македонија ЃП на последните четири меча во домашниот шампионат има три победи и еден пораз. Во текот на оваа серија совладани се Пелистер, Брера и Шкупи додека единствениот неуспех беше на гостувањето против Вардар.
Благодарение на победничката низа „лавовите“ полека но сигурно се искачуваат на табелата со девет освоени бода и во моментов се на шестата позиција.
Денеска Македонија ЃП ја очекува нов предизвик. Во Кавадарци од 15:00 часот се среќава со екипата на Тиквеш. Нема лесни противници, нема лесно освоени бодови на ниту еден терен. Македонија ЃП тоа почувствува на минатонеделното гостување кај Шкупи. На тој меч рано постигнатиот гол за водство ја олесни задачата.
„Планот е сличен и за денешниот дуел. Максимална концентрација, ангажираност од првата секунда. На време постигнат гол, контролирање на ситуацијата. Подготвени сме. Имаме добра атмосфера во тимот, победите си го прават своето. Максимален респект за противникот, Тиквеш е квалитетен тим. Неговата позиција на табелата не е реален показател на силата на овој тим. Како што на пример не беше ни нашата на стартот на шампионатот. Добрата работа, тренинзите, вложувањето на терен секогаш го даваат резултатот. Ако правиме се како што треба, бодовите нема да изостанат“ – вели искусниот Симеон Христов.