Спорт
(Видео) Луда завршница во Индијанаполис, Јанис трагичар во поразот на Милвоки
Индијана Пејсерс во драматичен меч славеа победа над Милвоки Бакс 115:114. Пејсерси на три секунди до крајот на мечот губеа со три поени разлика, Халибартон погоди тројка под фаул, а потоа го реализираше слободното фрлање.
Неверојатно е како Милвоки ја испуштија победата на теренот на Индијана Пејсерс. На три секунди Јанис Адетокумбо го фаулираше Халибартон, кој погоди тројка. Потоа ладнокрвно го реализира и слободното фрлање за триумф на Пејсерс 115:114.
TYRESE HALIBURTON OH MY GOODNESS!!!!
FADING TRIPLE TO TIE IT AND THE FOUL 🔥🔥
Get to TNT for the final seconds of Bucks/Pacers! pic.twitter.com/o3Pr7qFRw9
— NBA (@NBA) March 12, 2025
TYRESE HALIBURTON VIRA O JOGO COM O LANCE LIVRE
GIANNIS ANTETOKOUNMPO ERRA O ÚLTIMO ARREMESSO
VITÓRIA HEROICA DO INDIANA PACERSpic.twitter.com/IG7YFwPXyD
— NBA do Povo 🏀🇧🇷 (@NBAdoPovo) March 12, 2025
Интересно е тоа што Халибартон не одигра добар меч, погоди само четири пат од поле. Го заврши натпреварот со 14 поени и 10 асистенции.
Клучот за победата на Пејсерс можеби лежи и во тоа што седум кошаркари беа двоцифрени. Паскал Сијакам постигна 25 поени (12 скока и пет асистенции), Бенедикт Матурин додаде 17 од клупата, Ти Џеј Меконел постигна 12, Мајлс Тарнер 14 …
Најефикасен кај Милвоки беше Брук Лопез со 23 поени. Јанис додаде 19 поени, заедно со 17 скока и седум асистенции, Торијан Принс 18, Демијан Лилард 15.
Кливленд Кавалирс ја постигнаа 15. победа во низа и 55. во сезоната, со што дополнително се зацврстија на првото место во Источната конференција. Бруклин одиграа извореден меч, но не успеаја да го победата лидерот и покрај тоа што на полувреме водеа со 15 поени разлика.
Блескаше Дариус Гарланд, кој постигна 18 од своите 30 поени во последната четвртина.
Ова е втор пат оваа сезона Кливленд да има 15 победи во низа. Кавси се на пат да го постигнат најдобриот резултат во лигата во историјата на франшизата. Тие станаа седмиот тим во историјата на НБА кој стигнал до 55 победи во првите 65 натпревари.
Покрај најефикасниот Граланд (кој на 30-те поени додаде осум асистенции и четири украдени топки), кај домаќините вечерва се истакнаа и Џерет Ален со 23 поени и 13 скока и Еван Мобли кој постигна 21 поен, подели шест асистенции и фати девет топки.
Кај Нетс, Кам Томас беше многу подобар од останатите со 27 поени.
Лос Анџелес Клиперс загубија од Њу Орлеанс со 120:127.
Најдобри играчи на Клиперси беа Кавиј Ленард и Џејмс Харден. Првиот постигна 29 поени, вториот 25 и забележа 17 асистенции. Ивица Зубац имаше учинок од 19 поени, 11 скока.
Пеликанс ги предводеа Си Џеј Меколум со 23 (5/9 за три), Зион Вилијамсон забележа трипл-дабл со 22 поени, 12 скокови и 10 асистенции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Шешко во 96-та минута спречи пораз на Јунајтед
Словенецот Бенјамин Шешко, во 96-та минута, спречи пораз на Манчестер Јунајтед, на гостувањето кај ест Хем. ЈУнајтед го искористи киксот на Челси и се искачи на четвртата позиција на табелата. Инаку ова е прво реми, по четири победи на Јунајтед, под водство на Мајкл Керик.
Херој на Вест Хем, чии фудбалери беа подобри во првото полувреме, беше Томас Сучек кој го постигна водечкиот гол во 50-тата минута по асистенција од Џарод Бовен. Но, во последните моменти од натпреварот, Шешко ги постави конечните 1:1.
Како што е познато, невозможно е да не се спомене, навивачот на Јунајтед кој чека 18 месеци на шишање, ќе мора уште да чека за да добие нова фризура, бидејќи тимот не успеја да ја забележи петтата победа во низа.
Спорт
(Видео) Лидс освои бод кај Челзи, Њукасл победи кај Тотенхем
Фудбалерите на Борнмут и Њукасл остварија триумфи во натпреварите од 26-то коло од Премиер лигата, додека Челзи испушти предност од два гола и ремизираше против Лидс.
Фудбалерите на Лидс Јунајтед, на „Стенфорд Бриџ“ надоместија негатива од два гола и на крајот освоија бод голем „како куќа“.
Лидс јунајтед ја потврдија одличната форма со само два порази во последните 13 натпревари во Премиер лигата.
Челзи поведе во 24-та минута преку Жоао Педро,тоа беше неговиот шести гол во последните 30 дена.
Во продолжението, домашните ја дуплираа својата предност, Палмер постигна гол од пенал.
Сепак, Лидс не се предаде. Лукас Нмеча го намали резултатот од пенал, а потоа во 73-тата минута му асистираше на Ноа Окафор, кој ја искористи лошата реакција на одбраната на домашниот тим и го постави конечниот резултат 2:2.
Челзи имаше шанса за победа до крајот, но Палмер не успеа да постигне гол.
Бортнмут со головите на Рајан и Адли победи кај Евертон 2:1, а со истиот резултат Њукасл, во Лондон го совлада Тотенхем. Чау и Ремзи во 88-та минута погодија за Њукасл, стрелец за Тотенхем во 64-та минута беше Греј. Тптенхем нема победа во Премиер лигата на последните осум натпревари.
Foto/ EPA
Спорт
Арне Слот: Ова е најтешката сезона во мојата кариера
Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, изјави дека тековната сезона е најтешката во неговата тренерска кариера и дека би бил незадоволен ако тимот не обезбеди место во Лигата на шампионите.
„Фер е да се каже дека ова е најтешката сезона што сум ја имал, досега. Сите други сезони беа претежно позитивни, не мислам дека некогаш сум изгубил два натпревари по ред. Ова е исклучок за мене оваа сезона, како и за играчите, бидејќи не се навикнати да губат многу или да имаат многу нерешени резултати. Ни јас не сум навикнат на тоа“, рече Слот.
Актуелните англиски шампиони се на шестото место со 39 бода, пет бода помалку од четвртопласираниот Манчестер Јунајтед, кој е на последното место што води директно во Лигата на шампионите.
Во среда, Ливерпул гостува кај тимот на Сандерленд, во натпреварот од 26-то коло од Премиер лигата, а во претходната рунда беа поразени дома од Манчестер Сити (1:2).
Foto/ depositphotos.

