Спорт
(Видео) Лудило на „Стемфорд Бриџ“, Палмер до хет-трик и победа на Челси во 100. и 101. минута – Ливерпул повторно е лидер
Фудбалерите на Челзи го прекинаа седум годишниот поста против Манчестер јунајтед. Во спектакуларен меч, еден од најдобрите оваа сезона во Премиер лигата, Челси славеа со 4:3. Головите за победа ги постигна најдобриот играч на „сините“, Кол Палмер во 100. и 101. минута.
Челзи дојде до предност од два гола во воведните 20 минути и се чинеше дека ќе запише рутинска победа.
Конор Галагер по три и пол минути првпат госовлада Андре Онана. Во 19. минута беше 2:0 на семафорот додека Кол Палмер го реализираше седмиот пенал сезонава, што е половина од неговите голови во лигата (14).
Пресвртот го најави Алехандро Гарначо со гол во 34. минута, а само пет минути подоцна португалската врска Дало-Фернандеш донесе израмнување.
Целосен пресврт направи Гарначо со својот втор гол во 64.минута. Резултатот 2:3 на семафорот стоеше 34 минута.
Во 100. минута Палмер повторно погоди од белата точка. Пеналот го избори Мадуеке, врз кого несмасно стартуаше Дало.
Само Френк Лампард (10) има постигнато повеќе голови од „белата точка“ во една сезона за Челзи од него (8).
Веќе во следниот напад Челси доби корнер, Палмер остана сам во шеснаесетникот упати силен удар, топката на патото кон голот удри во Мектомини и заврши во голот.
Ливерпул влезе во овој меч како големи фаворити, но се изнамачија за да дојдат до трите бода. Во 17. минута по големата на голманот на Шефилд, Иво Грбиќ Чиверпул дојде до предност. Хрватскиот интернационалец сакаше да ја исфрли топката, натрча Нуњез, скокна во блокот, топката го удри и заврши во мрежата.
Во 58. минута шок на „Енфилд“, контрата на Шефилд беше крунисана со автогол на Бредли, кој не реагираше добро по ударот со глава на Бреретон Дијаз.
Во 77. минута Мекалистер со вистински „проектил“ му донесе нова предност на Ливерпул и го спаси од потенцијален кикс, а победата ја потврди Гакпо во 90. минута.
Ливерпул со овој триумф се врати на челната позиција на табелата. „Црвените“ имаат два бода повеќе од Арсенал и три од Манчестер сити.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Јувеентус потона на Сардинија
Фудбалерите на Каљари, приредија мало изненадување со победата над Јувентус (1:0) во 21-то коло од Серија А. Натпреварот на Сардинија, уште еднаш ги потврди констатциите на стручната јавност во Италија, дека овој тим на Јувентус нема квалитет да се бори за шампионската титула.
Натпреварот во Сардинија, во кој гостите беа подобри, но не и доволно конкретни, беше решен во 65-та минута со мајсторијата на играчот на Каљари, Лука Мацители. Тоа беше совршена акција со два потега на домашниот тим.
Голот за триумф на Каљари можете да го погледнете Овде.
Гостите, пропуштија неколку шанси, Јилдиз ја погоди стативата во самиот финиш, но резултатот остана 1:0.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Чудо во Хернинг: Раул Гонзалес со Србија ја победи Германија
Србија приреди вистинска сензација со победата над Германија 30:27 (13:17), во второто коло на Европското првенство во ракомет. Избраниците на поранешниот тренер на Вардар, Раул Гонзалес, со гранитна одбрана го шокираа големиот фаворит во второто полувреме, во кое надополнија негатива од четири гола.
Германија го диктираше темпото во првото полувреме, во кое Србија држеше приклучок благодарение на голманот Дејан Милосављев. Сепак во финишот на полувремето Германците успеаја да дојдат до голема предност.
Вториот дел, може да се каже дека е мастерклас на селекторот Гонзалес. Србите ги натераа Германците на период од шест минути без постигнат гол, поведоа со гол разлика, Германците одговорија со серија 4:1.
Вистинска драма се случуваше во финишот, а особено неверојатен беше моментот кога германскиот селектор побара тајм-аут, во моментот кога Кнор постигна гол, при водство на Србија 27:26.
— OvoOno (@OvoOnoX) January 17, 2026
Тој момент како да ги поремети Германците, Зербе промаши и седмерец, а потоа Србија мирно го заклучи натпреварот.
Којадиновиќ и Воркапиќ беа најефикасни со по шест гола, заедно со Пешмалбек (5), Додиќ (4) и Вања Илиќ (3). Се истакна и Милосављев, кој го заврши натпреварот со 12 интервенции. На другата страна, одлични беа Шлуров и Ушчинс (по 6 гола), како и Кнор (5) и Зербе (4).
Во последното коло, во оваа А група, Србија ќе игра против Австрија, а Германија ќе се соочи со Шпанија.
Спорт
Флик разочаран, голем талент ја напушта Барселона
Педро „Дро“ Фернандез, 18-годишниот талент на Барселона, наскоро ќе го напушти клубот, откако ќе биде активирана откупната клаузула во износ од шест милиони евра.
Тинејџерот, кој има понуди од неколку водечки европски клубови, го информирал тренерот Ханси Флик за својата одлука, што предизвика силна реакција од германскиот стручњак, пишува „Спорт“.
Според овој извор, Флик не ја примил добро веста. Тренерот наводно бил особено вознемирен бидејќи губи играч кого го смета за клучен за иднината на клубот, кој потекнува од Ла Масија и веќе има неколку настапи под негово водство.
Со оглед на тоа што заминувањето на Фернандез се очекува во рок од неколку дена, Флик одлучил дека играчот повеќе нема да тренира со првиот тим.
Оваа одлука е донесена со цел да се избегнат евентуални повреди, но и поради ставот дека играчот повеќе не е целосно фокусиран на работата со тимот. Реакцијата на Флик е разбирлива со оглед на довербата што ја покажа во 18-годишникот.
Тренерот го сметаше Фернандез за еден од играчите на кои им обрнуваше посебно внимание, а веста за неговото заминување длабоко го погоди. Неговото разочарување беше толку големо што наводно им кажал на луѓето од неговиот близок круг дека годоживеал „најголемото разочарување во својот живот“.
Инаку „Спорт“, тврди дека Дро кариерата ќе ја продолжи во редовите на актуелниот европски првак, ПСЖ.

