Спорт
(Видео) Лунин го однесе Реал во полуфиналето – Европа ќе добие нов шампион

Реал Мадрид го елиминира европскиот првак Манчестер сити во четвртфиналето, во Лигата на шампионите. „Кралскиот клуб“, во Манчестер, го доби пенал рулетот со 4:3, откако во основниот дел и во дополнителните 30 минути натпреварот заврши 1:1. Херој на победата е голманот Луни кој во пенал серијата ги одбрани ударите на Бернардо Силва и Ковачиќ.
Четвртфиналниот реванш на „Етихад“ се движеше во еден смер. Сити напаѓаше во текот на целиот натпревар, Реал во најголемиот дел се бранеше во низок блок, на 20-25 метри од голот.
Намерата на Анчелоти беше јасна да се одбрани својот гол, а према напред да се бара шанса преку контранапади. И таквата определба му донесе гол од првата шанса. Во 12.минута Родриго од втора го совлада Едерсон.
Сити и покрај тоа што напаѓаше не успеа да створи многу чисти шанси. Во првиот дел најдобрата ја пропушти Халанд кога ја погоди гредата.
Притосокот на Сити вроди со плод во 76.минута, кога по ударот на Доку, Ридигер лошо реагираше, а одбиената топка во голот ја смести Де Брујне.
Реал во полуфиналето ќе игра против Баерн Минхен. Втората полуфинална двојка вчера ја формираа ПСЖ и Борусија Дортмунд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Јувентус падна во Парма

Фудбалерите на Јувентус загубија како гости од Парма со 1:0 (1:0) во 33. коло од италијанската Серија А.
До самиот крај на првиот дел од натпреварот мрежите мируваа, а потоа домашните успеаја да ја затресат мрежата во судиското надополнување. Стрелец беше Матео Пелегрино.
Избраниците на Игор Тудор вршеа притисок, особено на крајот од дуелот, кога можеби Јуве беше оштетен за пенал, по играње со рака на играч на Парма.
Во 91. минута Консеисао шутираше од работ на шеснаесетникот, но ударот заврши крај стативата и тоа е можеби најдобрата шанса за Јувентус.
Во продолжение Парма одолеа на сите обиди, одлично се бранеше и на крајот триумфално го заврши натпреварот.
Спорт
Модриќ доби 30-дневен договор со Реал

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид ги продолжи договорите со двајцата ветерани Лука Модриќ и Лукас Васкез.
Но, не како што обично се случува една година или повеќе, туку само еден месец.
Договорите на Модриќ и Васкез истекуваа на 30 јуни, а новите завршуваат на 30 јули, објави мадридски „Ас“.
Причината за овој необичен потег лежи во учеството на Реал на Светското клупско првенство од 14. јуни до 13. јули.
Овој искусен тандем е важен за избраниците на Карло Анчелоти и на овој начин ќе можат да играат во новото натпреварување на ФИФА.
По клупскиот Мундијал, судбината на ветераните е неизвесна. Се шпекулира дека Реал нема да им понуди нови договори.
Спорт
Вардар и Струга ќе се борат за трофејот во Купот на Македонија

Фудбалерите на Вардар и Струга ТЛ изборија пласман во финалето на националниот Куп. Вардар одигра 1.1 во реваншот против АП Брера, во финалето се пласира со вкупен резултат 4:1, нерешено 1:1 заврши и реваншот меѓу Струга ТЛ и Шкендија, струѓани се пласираа во финалето со вкупен резултат 3:2.
Вардар по пауза од 18 години ќе се бори за трофејот во Купот на Македонија, додека Струга ТЛ по 2023 година повторно доби шанса да се бори за трофејот.
Брера во Струмица го отвори резултатото во 34.минута со голот на Јанкуловски, а конечните 1.1 ги постави Талевски во 58.минута.
Струга по триумфот во Тетово, во првиот меч 2.1, во реваншот на домашен терен прашањето на победникот во овој двомеч практично го реши во 19.минута кога Укпа погоди за 1:0. Шкендија изедначи во 92. со автоголот на Радиќ.