Спорт
(Видео) Маестралниот Јокиќ му пресуди на Далас, Јовиќ меч винер против Минесота
Никола Јокиќ го доби дуелот со Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг, а Девнер го победи Далс со 122:120. Актуелниот МВП ја потврди репутацијата, одигра брилијантен натпревар и со четвртиот последовен трип-дабл, вкупно шест во сезоната го предводеше тимот до победата. Кошот за победа го постигна Мајкл Портер Јуниор.Во исто време помладиот сонардоник на Јокиќ, Никола Јовиќ погоди за победа на Мајами над Минесота.
Јокич погоди 10/18 за два поени, 3/3 за три, вкупно 13 од 21, 8/8 од линијата за слободни фрлања, постигна 37 поени имаше и 18 скока, 15 асистенции и три украдени топки. Заедно со Јокиќ, Нагетс имаа дури пет кошаркари со двоцифрен учинок, Мареј 18, Портер Јуниор 17, Вотсон 16, Браун 14 и Стротер 12 поени.
Дончиќ беше добар, сепак памети и подобри натпревари. Погоди за 9-19 од поле и заврши со 24 поени, девет скока и асистенции. Кај Далас маестрален беше Кајри Ирвинг со 43 поени и по пет скока и асистенции, но не успеа да погоди тројка со звукот на сирената.
Денвер има 7-3, додека Далас има 5-5.
Мајами Хит забележаа победа над Минесота 95:94. На осум секунди до крајот при водство на Минесота (92:94), Мајами имаше напад, Јовиќ погоди под фаул го реализираше потоа и слободното фрлање за триумф на „жешките“.
Јовиќ беше одличен за 23 минути на теренот имаше 15 поени, седум скока, асистенција и украдена топка. Најефикасен кај Мајами беше Тајлер Хиро со 26 поени.
Во поразениот тим се истакна Едвардс со 22 поени, Рендл постигна 17, а Рид постигна 15 поени.
THIS MIAMI INBOUNDS PLAY 🔥
Nikola Jović's go-ahead and-1 WINS IT for the @MiamiHEAT! pic.twitter.com/tM4naVDdK4
— NBA (@NBA) November 11, 2024
Кошаркарите на Бостон победија во Милвоки со 113:1017. Залудни на Милвоки му беа 43. поени и 15 скока на Јанис Адетокубно. Гркот 50 пат во кариерата постигна 40 или повеќе поени.
Кај Бостон блескаше Џејсон Тејтум со 31 поен и 12 скока.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Киву задоволен, Интер повторно лидер во Серија А
Фудбалерите на Интер ја победија Џенова во натпреварот од 15-то коло од Серија А, со што се вратија на врвот на табелата. Интер ги искористи неуспесите на Милан и Наполи, на врвот има бод повеќе од градскиот ривал и два бода повеќе од актуелниот шампион.
Несомнено е дека ќе има жестока борба за титулата во Серија А, во текот на целата сезона.
„Беше тежок натпревар. Џенова игра добро од доаѓањето на Даниеле Де Роси. Освоивме три бода и тоа е најважно“, рече тренерот на Интер, истакнувајќи дека некои италијански фудбалски стручњаци го потцениле неговиот тим.
„Нè потценија и нè отпишаа на почетокот на сезоната, нè ставија на осмото и десеттото место. Сепак, работиме напорно за да ја покажеме нашата вредност“, рече Киву.
На 19 декември, фудбалерите на Интер ќе играат во полуфиналето на Суперкупот на Италија против Болоња во Ријад. Победникот од овој дуел ќе се сретне во финалето на Суперкупот на Италија со подобриот од натпреварот помеѓу Наполи и Милан.
Foto/ depositphotos
Спорт
Наполи најде уште едно засилување во Манчестер јунајтед
По Скот Мектомини и Расмус Хојлунд, Наполи се подготвува да „посвои“ уште еден ретко користен играч на Манчестер Јунајтед. Станува збор за Коби Мајну, 20-годишникот роден во Стокпот, предградие на Манчестер.
Мејну е продукт на клупската кадемија, но во последните 18 месеци речиси и да не добива шанса од менаџерот Рубен Аморим и логично е дека размислува за заминување.
Португалецот се обиде да објасни дека причината е што игра на истата позиција со Бруно Фернандеш и дека не гледа како двајцата можат да бидат на теренот.
Добро информираниот италијански фудбалски „инсајдер“, Николо Скира, тврди дека луѓето од Наполи се во сериозни преговори со менаџерот на младиот Англичанец и дека е планирана позајмица во јануари, а потоа, како во случајот на Хојлунд, потенцијален откуп на договорот на крајот од сезоната.
Наполи има право да го откупи договорот на Хојлунд за 50 милиони евра во јуни 2026 година, што ќе го сторат според најавите.
Foto/ depositphotos
Спорт
Во Барселона се откажале од Влаховиќ, Србинот се договорил со Милан
Душан Влаховиќ беше цел на Барселона, но повеќе не, а сега ги договори сите лични услови со – Милан!
Ова го тврди каталонскиот „Спорт“, кој откри дека Барселона го следела развојот на ситуацијата во Јувентус, како и дека Влаховиќ бил потенцијална замена за Роберт Левандовски, најмногу поради фактот дека тој ќе стане слободен играч следното лето.
„Спорт“, истакнува дека Каталонците се откажале од неговиот трансфер поради фактот што тој доживеал сериозна повреда поради која ќе мора да паузира три месеци, но и затоа што бил неубедлив пред повредата.
Исто така проблем за Барселона била и платата што ја има Србинот. Влаховиќ од Јувентус, на годишно ниво добива нето плата од 12 милиони евра.
Во исто време, „Спорт“ тврди дека Влаховиќ од претходно водел интензивни преговори со Милан и дека кариерата ќе ја продолжи таму.
Кристофер Енкунку и Сантијаго Хименез не играат добро, не се по вкуст на Масимилијано Алегри, кој добро го познава Влаховиќ од периодот кога работеа заедно во Јувентус.
Влаховиќ, веројатно нема да потпише нов договор со Јувентус, што значи дека од 1 јануари, има право да потпише прелиминарен договор со друг клуб.
Foto/ depositphotos

