Спорт
(Видео) Мбапе постави француски рекорд, му беше потребен повторен пенал против Грција

Франција ја забележа и четвртата последователна победа во квалификациите за Европското првенство во 2024, победувајќи ја Грција со 1:0 во тежок меч.
Единствениот гол за „триколорите“ го постигна Килијан Мбапе во 55. минута, и тоа со обновен удар од белата точка, што беше доволно за три поени. Ова беше 55. гол во сезоната (која официјално завршува на 30 јуни) за Килијан Мбапе, со што постави рекорд за еден француски фудбалер. Тимот на Дидие Дешам не успеа да додаде уште еден гол, и покрај тоа што Грците играа со играч помалку по црвениот картон на Мавропанос во 70. минута.
Драматично и напнато беше на мечот помеѓу Турција и Велс, кои домаќините го добија со 2:0 за важни три поени. Велс играше со играч помалку од 44. минута, но Хакан Чалханоглу утна пенал во 64. минута, пред Најир во 72. и Арда Гулен во 80. минута да ја осигураат победата.
ЕУРО 2024 КВАЛИФИКАЦИИ
ГРУПА Б
Франција – Грција 1:0
Ирска – Гибралтар 3:0
ГРУПА Д
Турција – Велс 2:0
ГРУПА Х
Северна Ирска – Казахстан 0:1
Словенија – Данска 1:1
ГРУПА И
Белорусија – Косово 2:1
Израел – Андора 2:1
Швајцарија – Романија 2:2
📺 France 1-0 Greece | Goal: Mbappepic.twitter.com/S0Xp6QKR3y
— FootColic ⚽️ (@FootColic) June 19, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Тиквеш подобар од Македонија ЃП, Арсими го совлада Шкупи

Тиквеш успеа да слави со 2-1 против Македонија ЃП, додека Арсими ја совлада Шкупи со 4-2 во денешните натпревари од Првата македонска фудбалска лига.
Во Кавадарци, Тиквеш поведе рано, во деветтата минута, со голот на Берат Садик со удар со глава. Македонија ЃП израмни во 58. минута преку пеналот реализиран од Ѓорѓи Стоилов, но Иван Ивановски во 68. минута донесе победнички погодок за домаќините.
Во Гостивар, Арсими беше подобар од Шкупи и славеше со 4-2. Иако гостите успеаја да израмнат на 2-2 во 76. минута, Арсими со два голови во завршницата ја обезбеди конечната победа.
Спорт
Скршен, заборавен, но не и поразен – Деулофеу ветува спектакуларно враќање

Жерар Деулофеу (31), некогашниот голем талент на Барселона, веќе скоро две години не одиграл официјален натпревар поради сериозна повреда на коленото. Шпанецот призна дека постои можност да се повлече од активниот фудбал, иако сè уште се надева на враќање.
„Ќе биде многу тешко, но сакам да испишам историја – да бидам играчот кој најдолго бил надвор од терените, а сепак успеал да се врати“, изјави Деулофеу.
По инфекција на ’рскавицата кон крајот на 2022 година, неговата состојба дополнително се искомплицирала. „Борбата е и физичка и психолошка. Понекогаш мислам да се откажам, но моето семејство и мојот тим ме држат во игра“, додава поранешниот фудбалер на Барселона, Евертон, Милан, Вотфорд и Удинезе.
Како инспирација го наведува Санти Казорла, кој по 11 операции успеа да се врати на терен и денес на 40 години игра за Овиедо.
Деулофеу за шпанската репрезентација има четири настапи и еден постигнат гол, а најдобрата сезона ја одигра во дресот на Удинезе во 2021/22, кога даде 13 погодоци.
Спорт
Манчестер Сити го продолжи договорот на младата ѕвезда

Манчестер Сити го продолжи договорот на средниот играч Нико О’Рајли, соопшти клубот. Договорот со 20-годишниот фудбалер е продолжен до летото 2030 година.
„Никогаш нема да го заборавам овој ден. Во Сити сум од осумгодишен и да стигнам до првиот тим и да играм за него е остварување на сон. Потпишувањето на нов договор е навистина нешто посебно“, изјави О’Рајли.
„Многу сум горд на себе, како и мајка ми! Таа многу жртвуваше за да стигнам до позицијата на која сум сега, па радоста е и нејзина, исто како и моја“, додаде младата ѕвезда.
„Искрено, ова е само почеток. Има долг пат зад мене, но сакам да продолжам напред, да се усовршувам секој ден и да станам подобар играч. Тука, во Сити, под водство на Пеп, знам дека можам да го постигнам тоа. Ова е најдоброто место за еден фудбалер“, истакна О’Рајли.
„Сакам да им се заблагодарам на сите во академијата, на моите соиграчи, на Пеп, на тренерскиот тим и на навивачите на Сити, бидејќи без сите овие луѓе кои ме поддржуваа, ништо од ова не би било возможно“, додаде тој.
О’Рајли е производ на младинската школа на Манчестер Сити и има одиграно 27 натпревари за првиот тим на „граѓаните“, постигнувајќи пет голови и остварувајќи две асистенции.