Спорт
(Видео) Ми се гадите браќа: Недовиќ им испрати порака на „Варварите“

Немања Недовиќ беше централна фигура во дербито на колот во АБА лигата. Во Подгорица, Црвена звезда славеше над Будуќност со 75:73. Натпреварот траеше повеќе од два и пол часа, три пати беше во прекин, еднаш откако навивачите на Будуќност, навивачката група „Варвари“, брутално го вреѓаа Недовиќ и неговата сопруга и фрлаа предмети кон кошаркарите на Црвена звезда.
Недовиќ го затрупа кошот на Будуќност, постигна шест тројки од осум обиди, мечот го заврши со 24 поени, 20 од нив постигна во второто полувреме.
Неколку часа по завршувањето на натпреварот Недовиќ им се обрати на навивачите на Будуќност. Тој објави видео клип од познатиот рапер Дрејк, кој на своите критичари им порача:
„А вие останатите, неверниците, оние што не постигнуваат успех, оние што бришат твитови, ми се гадите браќа. Искрено, ако сакате да ме погледнете во очи, ако сакате да направите нешто, токму оа го мислев“, вели во своето излагање Дрејк, што е јасна порака од Недовиќ до навивачите на Будуќности.
Nedovićev odgovor na Insta storiju navijačima Budućnosti posle utakmice 😂😂😂 pic.twitter.com/7ZQLMaXAVq
— FantomBeograda (@FantomBeograda) October 22, 2024
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Балде закрепна од повреда пред ел класико

Фудбалерот на Барселона, Алехандро Балде (21), се опорави од повреда и ќе се биде во конкуренција за натпреварот против Реал Мадрид во недела, објави шпанскиот спортски весник „АС“.
Балде го повреди левиот бутен мускул пред три недели, поради што го пропушти финалето на Купот на Кралот и победата од 3:2 над Реал Мадрид во продолженијата, како и двата натпревари од полуфиналето на Лигата на шампионите каде што Барселона беше елиминирана од Интер.
Според „АС“, Балде нема да биде во почетниот состав на Барселона во недела кога каталонскиот клуб ќе го пречека Реал Мадрид во 35-то коло од Ла Лига, но ќе му биде на располагање на тренерот Ханси Флик.
На четири кола до крајот на Ла Лига, Барселона го пречекува Реал Мадрид со четири бода предност и, доколку не загуби, ќе има отворен пат до освојување на титулата.
Балде одигра 42 натпревари за Барселона во сите натпреварувања оваа сезона, од кои 37 како стартер.
Спорт
Кеш и Дарвин Нуњез за Хулијан Алварез

Англискиот шампион Ливерпул се распрашува за најдобриот играч на Атлетико Мадрид оваа сезона, Хулијан Алварез. Аргентинецот минатото лето пристигна на „Метрополитано“ за сума од 75 милиони евра, плус 20 милиони што Манчестер сити може да ги добие преку потенцијалните бонуси.
Алварез досега одигра 51 натпревар за „јорганџиите“, постигна 27 голови и забележа пет асистенции.
Наводно, Ливерпул е подготвен да го испрати во Мадрид, Дарвин Нуњез и да доплати за да го обезбеди потписот на Алварез.
Спорт
Мекинли Рајт – МВП на АБА-лигата

Кошаркарот на Будуќност, Мекинли Рајт, го доби трофејот „Дејан Милојевиќ“ како најкорисен играч (MВП) од регуларниот тек на АБА лигата.
Американецот победи со 39,1 процент од гласовите пред неговиот клупски соиграч Кенан Камењаш (26,8 проценти) и Брајс Џонс (Игокеа, 23,9 проценти).
Рајт оваа сезона имаше просек од 12,8 поени, 2,4 скока, 4,9 асистенции и една украдена топка.
Претходни победници:
2014/15 Никола Јокиќ (Мега);
2015/16 Миро Билан (Цедевита);
2016/17 Никола Јанковиќ (Олимпија);
2017/18 Лука Жориќ (Цибона);
2018/19 Гога Битадзе (Иднина);
2020/21 Филип Петрушев (Мега);
2021/22 Никола Калиниќ (Црвена звезда);
2022/23 Лука Божиќ (Задар);
2023/24 Лука Божиќ (Задар);
2024/25 Мекинли Рајт (Будуќност).