Спорт
(Видео) Младата ѕвезда на Спарс со настап во кариерата ги сруши Лејкерси и ја прекина историската серија
Младата ѕвезда на Спарс со настап во кариерата ги сруши Лејкерси и ја прекина историската серија.
За разлика од Детроит Пистонс, кои го претрпеа 22-от пораз по ред и ги бркаат неславните НБА рекорди од 26 последователни во една сезона и 28 во две, Сан Антонио Спарс успеаја да ја прекинат серијата од 18 изгубени натпревари. Тие го победија премиерниот шампион во НБА Купот ЛА Лејкерс со 129:115.
Ова беше најдолгата серија загубени натпревари во историјата на Спарс. Откако освоија три од првите пет натпревари во сезоната, тие не успеаја да победат никого речиси месец и половина. Нивната претходна победа беше на 2 ноември, кога на гостински терен го совладаа Феникс Санс. Тие се уште последни на Западот со 4-20, но сега се само две победи зад Портланд и Мемфис.
Виктор Вембањама, Французинот висок 224 см, избран за прв на годинешниот драфт, постигна 13 поени, 15 скока, пет асистенции и две блокади, украдена топка и загубена топка, но херој на Спарс беше Девин Васел со рекорд во кариерата од 36. поени.
Само два дена откако тесно загубија од истиот противник 122:119, овојпат Спарс тргнаа силно од самиот почеток, создадоа 20 поени предност веќе во првата четвртина и го задржаа водството до крајот. Во претходниот натпревар Лејкерси беа без Леброн Џејмс, кој сега играше и постигна 23 поени со 14 асистенции и седум скока, но го немаше Ентони Дејвис и други важни играчи како Расел и Редиш.
Во меѓувреме Пистонс загубија со 124:92 во Филаделфија, а Бојан Богдановиќ го заврши натпреварот со 17 поени, три скока, две асистенции и три загубени топки. Тој беше единствениот хрватски кошаркар кој синоќа се појави на НБА теренот.
Одличен настап пружи Јусуф Нуркиќ од соседна Босна и Херцеговина, кој постигна 21 поен и 12 скока за Феникс Санс, но на домашен терен загубија од Њујорк Никс, за кои блескаше Џејлен Брансон со рекорд во кариерата од 50 поени.
Кевин Дурент постигна 29, а Девин Букер 28 поени за Санс, додека третиот член на големата тројка Бредли Бил го повреди зглобот во петтата минута и го заврши натпреварот. Тоа беше само шести настап сезонава, а ова е веќе трета повреда која ќе го принуди на одмор.
НБА резултати:
Филаделфија – Детроит 124:92
Вашингтон – Индијана 137:123
Шарлот – Њу Орлеанс 107:112
Бостон – Орландо 128:111
Сан Антонио – ЛА Лејкерс 129:115
Торонто – Атланта 104:125
Мемфис – Хјустон 96:103
Феникс – Њујорк 122:139
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Слот: Поредата на Вирц е удар за него и за клубот
Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, пред натпреварот со Вест Хем изјави дека десниот бек Џереми Фримпонг е подготвен да се врати на теренот по едномесечна пауза, но дека натпреварот ќе го пропушти Флоријан Вирц.
Шампионот на Англија ги пречекува „Чеканите“ во натпреварот од 28-то коло од Премиер лигата, кој ќе се игра на „Енфилд“ попладнево од 16 часот.
Фримпонг, последниот натпревар го одигра на против Карабаг на 28 јануари.
„Џереми ќе биде во конкуренција за Вест Хем. Тој тренираше со нас неколку пати оваа недела и ќе биде во ростерот. Не очекувам Флоријан да биде во тимот, што секако е разочарување“, рече Слот, додавајќи:
„Секој пат кога некој играч не е достапен, тоа е разочарување, а ова е нешто што не го очекував по минатата недела. Сепак, понекогаш работите се развиваат на таков начин и, за жал, овој пат не на позитивен начин.“
Тренерот на Ливерпул нагласи дека не е јасно кога точно репрезентативецот на Германија би можел повторно да игра.
Фото/ depositphotos
Спорт
Започна сезоната во Мото ГП – Спринтот во Тајланд му припадна на Акоста
Возачот на КТМ рејсинг, Педро Акоста, ја забележа првата победа во кариерата, откако славеше во спринтот за Големата награда на Тајланд, со кој започна годинашниот шампионат во Мото ГП.
Шпанецот триумфираше по неверојатна битка со актуелниот шампион, Марк Маркез што траеше неколку круга. Актуелниот шампион беше подобар во нивниот дуел, но во моментот кога успеа да го мине ривалот, имаше контакт меѓу нив двајца, поради што му беше наредено да ја врати позицијата, што и го направи, а потоа немаше шанса да возврати.
На двајцата на подиумот им се придружи Раул Фернандес од Тракхаус, а трката беше обележана и со падот на освојувачот на пол-позицијата, Марко Бецеки.
Извиредниот спринт за Трехаус ја комплетира Аи Огура. јапонецот трката ја заврши на четвртото место, беше подобра од шампионот од пред две сезони, Хорхе Мартин на Априлија.
Големата награда на Тајланд во кралската класа започнува во недела во 9 часот наутро, а акцијата во Бурирам започнува во 6 часот наутро со првата трка во сезоната во категоријата Мото3.
Спорт
Чоло Симеоне сака да го види синот на Дејан Станковиќ во Атлетико
Александар Станковиќ е еден од најбараните млади фудбалери во Европа, по Борусија Дортмунд, интерес за српскиот играч од средниот ред покажа и Атлетико Мадрид.
Како што стојат работите сега, Клуб Бриж би можел да заработи огромна сума пари од продажбата на 20-годишниот фудбалер кого го доведоа од Интер на почетокот на сезоната за 9,5 милиони евра.
Нероаѕурите имаат клаузула што им овозможува да го откупат назад својот поранешен играч, се шпекулира дека цента за Интер е околу 23 милиони евра, но цената на Станковиќ постојано расте и веќе достигна 40 милиони евра.
Шпанското радио „Марка“, објави дека тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, побарал од спортскиот директор, Матеу Алемани, да почне да работи на трансферот на Станковиќ.
Тренерот на Алетико, во кариерата беше соиграч со таткото на Александар Станковиќ во Лацио. Квалитетите на синот на актуелниот тренер на Црвена звезда, Аргентинецот можеше да ги види неодамна кога Атлетико и Бриж играа во плејофот од Лигата на шампионите.
Александар Станковиќ постигна седум гола и пет асистенции на 41 натпревар за Бриж оваа сезона.
Минатата година против Латвија тој го имаше дебито во репрезентацијата на Србија.

