Спорт
(Видео) На презентацијата на Кавани дојдоа повеќе од 30.000 луѓе
Повеќе ОД 30.000 луѓе се собраа на „Ла Бомбонера“, легендарниот стадион на Бока Јуниорс, за да ја пречекаат новата ѕвезда на клубот. Единсон Кавани неодамна потпиша договор со аргентинскиот гигант, а синоќа беше претставен пред публиката која му посака добредојде во клубот.
Кавани, кој минатата сезона ја мина во шпанска Валенсија, пристигна во Бока како слободен играч и потпиша договор со нив до крајот на декември 2024 година. Иако не е потврдено, се вели дека договорил плата од два милиони евра годишно.
Edinson Cavani in Boca colors 🤩💙💛pic.twitter.com/q9HKsiIacE
— Nico Cantor (@Nicocantor1) July 31, 2023
Популарниот „Ел Матадор“ одигра 136 натпревари за репрезентацијата на Уругвај и постигна 58 гола, а во текот на кариерата го носеше и дресот на Данубио, Палермо, Наполи, ПСЖ и Манчестер Јунајтед. За ПСЖ постигна 200 гола, за Наполи 104, а во кариерата постигна повеќе од 400 гола.
Тој на презентацијата во Бока пристигна своето семејство, сите беа облечени во боите на клубот. Тој ќе игра со бројот 10 на грб, истиот број што во Бока го носеа Диего Марадона и Хуан Роман Рикелме, денес потпретседателот на клубот.
Edinson Cavani being presented as new Boca Juniors player. 🔥🇺🇾
— All About Argentina 🛎🇦🇷 (@AlbicelesteTalk) July 31, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Познати се локациите на шесте спринт-трки во новата сезона во Ф1

Формула 1 и ФИА ги објавија имињата на шест локации каде што ќе се одржат спринт трки во 2026 година.
За прв пат, спринт трките ќе се одржат во Монтреал, Зандворт и Сингапур, а тука се и Шангај, Мајами и Силверстоун.
Првата спринт трка ќе биде на Големата награда на Кина, која се одржува од 13 до 15 март, а потоа се сели во Северна Америка (Мајами и Монтреал).
Европските спринт патеки се британскиот Силверстоун и холандскиот Зандворт, а последната спринт трка ќе се вози во Сингапур.
Ова се датумите и локациите на спринтерските трки за новата сезона:
Шангај, Кина: (13-15 март 2026 година)
Мајами, САД: (1-3 мај)
Монтреал, Канада (22-24 мај)
Силверстоун, Велика Британија (3-5 јули)
Зандворт, Холандија (21-23 август)
Марина Беј, Сингапур (9-11 октомври).
Новата сезона во Ф1 започнува на 6 март во Австралија и завршува на 6 декември во Абу Даби. Ќе се одржат вкупно 24 трки.
Спорт
(Видео) Солзите на Ергин Атаман

Ергин Атаман, селектор на Турција, емотивно реагираше на еуфоричниот пречек што го доби неговиот тим во Истанбул.
Кошаркарите на Турција не успеаја да се вратат од Рига со златен медал, откако Германците беа подобри во финалето на Евробаскетот (88:83), но без оглед на тоа, им беше приреден величенствен пречек.
На аеродромот, Атаман низ солзи им се обрати на присутните.
„Сребрен медал по толку години, секако е голем успех и турскиот народ е горд на овие момци. Сепак, многу сум тажен. Историјата ги памети само шампионите, а ние за малку го пропуштивме тоа. Им се извинувам на нашите граѓани кои веруваа во нас и возбудено го чекаа трофејот пред своите екрани. Искрено верувам дека овие момци, кои ја вратија турската кошарка на самиот врв на Европа, ќе го донесат овој куп во нашата земја во блиска иднина“, рече Атаман.
Покрај гордоста, Атаман чувствува голема тага.
„Голема благодарноста за нашиот народ кој нè прегрна и чија поддршка растеше од ден на ден за време на првенството. Овие млади мажи, овие момчиња, го претставуваа турското знаме со голема страст пред целиот свет, до последната секунда. Горди сме, но јас лично сум многу тажен. Сонував да му ја донесам шампионската титула на турскиот народ. Го загубивме првенството со последната топка, но го натеравме турскиот народ повторно да ја засака кошарката“, заклучи Атаман.
Спорт
Ромеро: Никогаш не сакав да го напуштам Тотенхем

Кристијан Ромеро изјави дека во ниту еден момент не сакал да го напушти тимот ова лето. Аргентинецот изјавата ја даде пред потпишувањето на новиот договор со Тотенхем.
Бројни клубови беа заинтересирани за Ромеро и се шпекулираше дека ќе се пресели во Атлетико Мадрид, но тој сепак го продолжи договорот со Тотенхем и беше именуван за капитен.
Тој ја одигра секоја минута од почетокот на сезоната, постигна гол во финалето на Европскиот Суперкуп и има асистенција во Премиер лигата.
„Никогаш не реков дека сакам да го напуштам клубот. Ништо такво не дојде од мене. Важно е што велат тренерот и претседателот. Многу сум среќен тука, ова ми е како семејство. Го сакам тренерот, го сакам неговиот стил и начинот на кој тренира. Секогаш можеме да подобриме некои работи, но мислам дека сите тука на сите нивоа работат добро за да напредуваме“, рече Ромеро, објави специјализираниот фудбалски портал „Гол“.
Тотенхем игра во Лигата на шампионите оваа сезона, откако ја освои Лигата на Европа минатата сезона. Во првиот натпревар, Тотенхем ќе го пречека Виљареал вечерва во 21:00 часот.
Foto/ EPA