Спорт
(Видео) Надал: Ѓоковиќ е опседнат со рекордите
Шпанецот Рафа Надал е еден од ретките кои не му ја честитаа на Новак Ѓоковиќ 24. Грен слем титула во кариерата. Ѓоковиќ, пред две недели победи на ју-ес опен. Тој само го подобри својот рекорд, сега има 24. Грен слем титули, две повеќе од Надал.
Надал не само што не му честиташе на големиот ривал, туку во интервју за „Мовистар“ го обвини дека е опседнат со рекордите.
„Мислам дека Ѓоковиќ ја живее таа Грен слем приказна малку поинтензивно (од мене; од нас другите). За него би било голема фрустрација доколку не го постигнеше тој рекорд“, рече Надал.
Nadal interviewed today, instead of finally congratulating Djokovic on extending his slams to 24 he said that Djokovic lives the grand slam race in a more intense way then him and it would have been a greater frustration for him if he didn't achieve it. pic.twitter.com/8vth10qjD1
— Pavvy G (@pavyg) September 18, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Спорт
Клубот на Даку најави казна по навредите кон Македонците на Европското првенство
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/daku.jpg)
Репрезентативецот на Албанија, Мирлинд Даку ќе биде казнет од неговиот клуб Рубин поради навредите за Србија и Македонија изречени по натпреварот против Хрватска (2:2) во второто коло на Европското првенство во Германија.
Соопштението на клубот го пренесуваме во целост:
„По натпреварот на ЕП 2024 за репрезентацијата на Албанија против Хрватска, напаѓачот Мирланд Даку упати навредливи извици. Нашиот клуб ја препознава одговорноста за ситуацијата. ФК „Рубин“ претставува мултинационален тим и секогаш се придржува до принципите на почит и еднаквост, категорично осудувајќи ги сите форми на дискриминација и навреди на национална, верска или расна основа. По враќањето во клубот, фудбалерот ќе биде подложен на дисциплински и финансиски санкции. Ќе се одржи и информативен разговор со сите играчи на клубот за да се избегнат слични инциденти во иднина“, велат од Рубин.
Даку, роден во Гњилане, инаку фудбалер на Рубин од Казан, додека го славеше нерешениот резултат со навивачите го зеде мегафонот и извика „Е..ш Македонци“.
Даку потоа се најде на удар на јавноста, побарана беше реакција и казна од УЕФА, па веројатно затоа јавно се огласи и се извини.
„Најпрво сакам да им се заблагодарам на оние кои не поддржаа и во добри и во лоши моменти. Само оние кои се на терен знаат какви емоции ве носат и какво е чувството кога играте за репрезентацијата со нашето мото „Албанија без границите“, напиша Даку на Инстаграм.
Без разлика на неговото извинување, се очекува УЕФА да реагира на срамното однесување на фудбалерот на натпреварот од ЕП.
Спорт
ПСЖ му должи на Мбапе 100 милиони евра
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/mbape-psg-444-1.jpg)
Килијан Мбабе и Париз Сен Жермен конечно се разделија летово, но приказната се уште не е завршена.
Имено, француските медиуми пренесуваат дека новиот играч на Реал Мадрид го потсетил клубот дека се’ уште ги немаат исплатено неговите неподмирени плати и одредени бонуси. Се работи за 100 милиони евра.
Тоа се заканува да ги залади односите меѓу двете страни бидејќи минатото лето постигнаа договор Мбапе да му прости одредени долгови ако го напушти клубот без обештетување.
Парижаните сметаа дека такво нешто е правилно со оглед на тоа што вложија огромни средства во неговиот развој кога на Монако му платија 197 милиони евра за неговото доаѓање во 2017 година.
Во меѓувреме, Мбапе, кој е со Французите на ЕП во Германија, напорно се подготвува за живот во Мадрид.
Тој купил голема вила во Мадрид, а нејзината вредност се проценува на близу 18 милиони евра.
Се очекува тој да одмора малку подолго, особено ако Франција оди далеку на завршниот турнир во Германија.
Спорт
(Видео) Прва нула на ЕУРО 2024
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/12318041.jpg)
Холандија и Франција одиграа интересeн, но не премногу квалитетен натпревар на Еп. Натпреварот во Лајпциг заврши без голови. Поништениот гол на Чави Симонс поради офсајд може да крене голема прашина.
Веднаш на почетокот на натпреварот одлична прилика имаше Џереми Фримпонг, прекрасно интервенираше Мењан. Се играше отворено и на другата страна, па три минути подоцна Гризман шутираше од далечина, Вербруген беше подготвен да интервенира.
Гризман не можеше да има подобра шанса од онаа во 14. минута. Рабио влезе во шеснаесетникот, беше несебичен и го проигра капитенот на Франција, сепак фудбалерот на Атлетико Мадрид ја промаши топката.
Франција ја презеде иницијативата, а Холандија имаше можности на контра. Гакпо имаше едена таква во 18. минута, Мењан одбрани. Тирам пропушти уште една потенцијална шанса во 28. минута кога шутираше високо над пречката.
Второто полувреме започна со иницијатива на Франција, но првата убава можност дојде дури во 65. минута. Французите одиграа одлична акција, Дембеле брилијантно го проигра Гризман, кој пропушти одлична прилика од пет метри. Само три минути подоцна шанса имаше и Дембеле откако го „измеша“ Аке, но шутираше над голот.
Холандија ја затресе мрежата во 69. минута од натпреварот, стрелец беше Чави Симонс, но Ентони Тејлор го поништи голот по контроверзниот офсајд. ВАР ситуацијата ја проверуваше околу две минути.
Французите беа поконкретни до крајот на натпреварот, но не успеаја да создадат сериозни шанси. На крајот од натпреварот Холанѓаните се бранеа и сепак го прифатија бодот кој на крајот го освоија.
Состојбата на табелата по две кола вели дека Франција и Холандија имаат по четири бода, Австрија три, Полска е без бодови.