Спорт
(Видео) Најбрзиот нокаут во историјата – Сè беше готово за 2,9 секунди

На американскиот борец Џастин Вотсон му беа потребни помалку од три секунди и само еден удар за да го победи Кол Ферел во борба со голи раце на „BKFC 69“. Во оваа боречка дисциплина никогаш не е виден побрз нокаут.
никогаш не бил виден во оваа дисциплина во боречка вештина, основачот и претседател на BKFC, Дејвид Фелдман и најбрзиот нокаут во борбените спортови.
„Неверојатно“, рече основачот и претседател на „BKFC“, Дејвид Фелдман и покажа стоперка со времетраењето на борбата. Часовникот покажа 2,90 секунди.
A NEW RECORD! JUSTIN WATSON GETS THE FASTEST KO EVER…2 SECONDS! #BKFC69 | Live NOW on BKFC App pic.twitter.com/G8T0dvcOVe
— Bare Knuckle FC (@bareknucklefc) December 7, 2024
Претходниот рекорд беше три секунди, а го држеше Улисес Дијаз, кој го нокаутира Донели Бенедето пред четири години.
Борбите со голи раце се одржуваат во рингот пет рунди од по две минути. На борците им е дозволено да ги завиткаат и да ги залепат зглобовите и деловите на рацете. Се бори со раце, а без ракавици на нив, расекотини се вообичаени и доведуваат до прекин на борбите поради сугестии на лекарот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
22 милиони евра за трансфер: Бијол потпиша договор со Лидс

Поранешниот фудбалер на Удинезе и словенечки репрезентативец Јака Бијол потпиша договор со повратникот во Премиер лигата, Лидс Јунајтед, до 2030 година, објави денес англискиот клуб.
Финансиските детали не се откриени, но британските медиуми наведуваат дека Лидс издвоил 22 милиони евра за овој трансфер.
Бијол (26) е член на Удинезе од 2022 година, а пред тоа играше за Хановер, ЦСКА Москва и Рудар од Велење.
Минатата сезона за клубот од Удине одигра 37 натпревари во сите натпреварувања и постигна два гола.
Спорт
Монеке во Звезда

Неодамнешниот кошаркар на Басконија, Чима Монеке, ќе стане нов играч на Црвена Звезда, со која ќе потпише двегодишен договор, објавува грчкиот „Јурохупс“.
Црвено-белите на тој начин ќе се засилат на позицијата „четворка“, а се очекува наскоро и Семи Оџелеј од Валенсија да го потпише договорот.
Монеке е член на Басконија од 2023 година, а пред тоа кратко играше за Монако.
Една сезона беше и во НБА лигата, каде го носеше дресот на Сакраменто Кингс.
Едно време, во Лигата на шампионите на ФИБА 2022, кога играше за Манреза, беше прогласен за најдобар играч на тоа натпреварување.
Спорт
Плоштад Санти Казорла

Градот Овоедо на посебен начин ќе му се одолжи на Санти Казорла, 40-годишениот фудбалер, кој во саботата со Реал Овиедо по 24 години се врати во елитниот ранг на шпанскиот фудбал.
Кога Казорла имал 16 години, клубот од неговиот роден град испадна во Сегунда, во 2003 година се беше пред банкрот и гаснење,.
Клубот успеа да опстане се пресели во Третата лига, но финансиските проблеми повторно му се заканија на клубот во 2012 година. Навивачите тогаш собираа пари, а им се приклучија и ентузијасти, поранешни фудбалери меу кои и Казорла.
Санти Казорла, потоа реши да се врати дома, одбивајќи неколку финансиски одлично понуди.
Тој ги окарактеризира финалните натпревари од плејофот како најголеми во неговата кариера, а во кариерата два пати бил европски првак со Шпанија.
Затоа, градоначалникот на Овиедо, Алфредо Кантели, одлучи името на Казорла засекогаш да биде поврзано со градот.
Плоштадот и фонтаната каде што навивачите на Овиедо обично ги слават победите повеќе нема да се нарекуваат „Плоштад Америка“, туку „Плоштад Санти Казорла“.
🔵 ¡ÚLTIMA HORA! El Alcalde de Oviedo, Alfredo Canteli, anuncia que la 'Plaza América' de Oviedo pasará a llamarse 'Plaza Santi Cazorla' pic.twitter.com/LlihTcQ9PR
— Tiempo de Juego (@tjcope) June 22, 2025