Спорт
(Видео) Наполи се мачеше со Венеција, Распадори погоди за три бода

Наполи ја совлада Венеција со 1:0 во 18. коло од италијанската Серија А и со тоа се израмни со Аталанта, која го држи првото место поради подобрата гол-разлика. Трет е Интер, кој има бод помалку, но и натпревар помалку од Наполи и Аталанта.
Наполи се мачеше, не блескаше, но успеа да слави прптив претпоследниот тим на табелата. Голот вреден три бода го постигна Џакомо Распадори во 79. минута од натпреварот.
Претходно денеска се одигра натпреварот меѓу Удинезе и Торино кој заврши нерешено 2:2. Удинезе поведе со голот на Исак Туре во 41. минута, а Лоренцо Лука го удвои водството во 49. минута. Гостинскиот тим освои бод со головите на Че Адамс во 53 и Самуел Ричи во 64 минута.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Атлетико ја наполни мрежата на Реал во мадридското дерби

Фудбалерите на Атлетико Мадрид го одиграа својот најдобар натпревар сезонава во Ла Лига и го победија Реал Мадрид со 5-2 во мадридското дерби. Тимот на Диего Симеоне конечно забележа две победи во низа, додека „кралевите“ доживеаја прв пораз по шесте последовни триумфи.
Натпреварот започна со спектакл уште во првото полувреме, со четири гола. Ле Норман ја отвори серијата во 15. минута со гол со глава, а Реал возврати преку Арда Ѓулер и Мбапе, кој постигна погодок за водство од 1-2. На полувреме резултатот беше 2-2 откако Сорлот израмни со гол со глава во судиското продолжение.
Во вториот дел следуваше нов шок за Реал. Алварез постигна гол од слободен удар во 64. минута за 4-2, а во судиското продолжение Антоан Гризман со мајсторски погодок го постави конечниот резултат 5-2 за Атлетико.
Спорт
Кристал Палас го шокираше Ливерпул, а загуби и Челси

Кристал Палас му го нанесе првиот пораз на Ливерпул во новата сезона од Премиер лигата, победувајќи со 2-1 на свој терен. Домаќинот обезбеди триумф со голот на Еди Нкетија во 97. минута. Претходно, Палас поведе со погодокот на Исмаила Сар во 9. минута, а Федерико Киеза израмни за Ливерпул во 87. минута.
Во останатите натпревари, Челси загуби на „Стемфорд Бриџ“ од Брајтон со 1-3, Манчестер Сити убедливо славеше против Барнли со 5-1, додека Лидс и Борнмут ремизираа со 2-2.
Спорт
Борусија Дортмунд триумфираше на гости кај Мајнц

Борусија Дортмунд забележа победа на гостувањето кај Мајнц, совладувајќи го противникот со 0-2 во петтото коло на Бундеслигата.
„Милионерите“ ја решија судбината на натпреварот уште во првото полувреме, кога за водство погодија Даниел Свенсон и Карим Адејеми.
Во второто полувреме, Борусија Дортмунд ја контролираше играта без поголем напор, задржувајќи го водството и рутински го завери триумфот. Ова е четврта победа за тимот на сезонава, со што сега има два бода помалку од лидерот Баерн Минхен.
Баер Леверкузен славеше на гости кај Сент Паули со 1-2, со головите на Тапсоба и на Поку.
Во другите натпревари, Хајденхајм на домашен терен го совлада Аугсбург со 2-1, а Лајпциг со минимални 1-0 го победи Волфсбург.