Спорт
(Видео) Неапол гори, видете како градот ги слави наследниците на Марадона
Неапол ја слави титулата во Серија А. Наполи по пауза од 33 години и ерата на славниот Диего Марадона повотрно се најдобри на Апенинскиот полуостров. Според информациите, фотографиите и видео снимките, Неапол оваа титулата ја прослави уште полудо од првата или втората под водство на Марадона.
Napoli after winning the title 🎇🔵🇮🇹 pic.twitter.com/vDItiDXpQV
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) May 4, 2023
This is just mind-bogglingly beautiful 🎇#NAPOLISCUDETTOpic.twitter.com/a9DWUVYIFn
— Lega Serie A (@SerieA_EN) May 4, 2023
Наполи до титулата стигна на пет кола до крајот на сеозната. Бодот во Удине им беше доволен први да минат низ целта.
Играчите на стадионот во Удине славеа со навивачите кои беа таму, а во Неапол се славеше на стадионот, кој беше исполнет до последното место и низ градските улици, на кои имаше стотици илјади луѓе.
Is this the best scudetto celebration in the history of scudetto celebrations?
pic.twitter.com/f2JIuqeG29— Mario Biggest Napoli fan (@MarioSWEATSHIRT) May 4, 2023
Кога Осимхен постигна гол за 1:1, целиот град се стресе, а кога судијата означи крај, градот буквално се запали со огномети, ракети и ракети.
Absolute scenes in Napoli following Osimhen's equalizer!pic.twitter.com/I8bzUTvhUI
— Football Report (@FootballReprt) May 4, 2023
ahaha ma cos’è sta cosa pic.twitter.com/ZFD9PZ0oQ3
— 𝐟𝐚𝐛𝐫𝐢𝐳𝐢𝐨 🦅 (@fabrozioo) May 4, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Оклахома е број 1 на Западот, во дербито победи против Голден стејт
Оклахома Сити Тандер и понатаму е најдобриот тим на Западот. Тандер славеа во Сан Франциско против Голден стејт со 105-101.
Голден стејт беа без најдобриот играч Стеф Кари, а кај Тандер го немаше Чет Холмгрен.
На крајот мечот беше решен во последните седум секунди, откако претходно Шеј Гилџесс-Александер и Изеа Хартенштајн промашија по едно слободно фрлање и им дадоа на Вориорс напад за победа на седум секунди до крајот.
Сепак, обидот на Вигинс беше изблокиран од Лу Дорт и тука беше крајот.
Шеј беше најефикасен со 35 поени, девет скока и пет асистенции, додека брилијантно го следеше Хартенштајн со по 14 поени и скокови. Ајзеа Џо постигна 17 поени.
Кај поразениот тим Џонатан Куминга имаше 19, Бади Хилд 17, а Ендрју Вигинс 16 поени.
Резултати:
Шарлот – Мајами 94:98
Кливленд – Атланта 124:135
Индијана – Портланд 121:114
Орландо – Чикаго 133:119
Филаделфија – Хјустон 115:122 пр.
Вашингтон – ЛА Клиперс 96:121
Далас – Њујорк 129:114
Мемфис – Детроит 131:111
Минесота – Сакраменто 104:115
Њу Орлеанс – Торонто 93:119
Сан Антонио – ЛА Лејкерс 101:119
Феникс – Бруклин 117:127
Јута – Денвер 103:122
Голден Стејт – Оклахома 101:105
Спорт
(Видео) Спектакуларни пресврти на ПСВ и Бенфика
Покрај победата на Ливерпул во дербито со Реал, вториот ден од натпреварите одиграни во петтото коло во Лигата на шампионите го обележа неверојатните пресврти на ПСВ во Ајндховен против Шахтјор и Бенфика во Монако. Дџинамо во Загреб доживеа пораз од Борусија Дортмунд.
На „Филипс“ стадионот во Ајндховен, првакот на Холандија ПСВ до 87.минута имаше негатива од два гола против Шахтјор, но до крајот успеа да направи целосен пресврт. Шахтјор во првиот дел стекбна предност од два гола преку Сикан и Зубков. Украинците во 69.минута останаа со играч помалку, кога Педрињо доби црвен картот. Со играч помалку се држеа до 87.минута кога започна серијата на ПСВ. Тилман погоди во 87. и 90.минута, а голот за победа во 95.минута го постигна Пепи.
Пресврт, не толку спектакуларен направи и Бенфика на „Луј Втори“, во Монте Карло. Монако два пати водеше со головите на Бен Сегир и Магаса, првиот гол за Бенфика го постигна Павлидис во 48.минута кога изедначи на 1:1. Синго доби црвен картон во 58.минута, но и со играч помалку Монако постигна гол.
Финишот им припадна на гостите, два пати асистираше Ди Марија во 84. и 88.минута за головите на играчите кои влегоа од клупата за резерви, Кабрал и Амдуни.
Динамо во Загреб загуби од Борусија Дортмунд со 0:3. Целиот натпревар за Динамо го одигра Стефан Ристовски. „Милионерите славеа со головите на Гитенс, Бансебаини и Гираси.
Резултати:
Црвена звезда – Штутгарт 5:1 (1:1)
/Силас 12, Круниќ 31, Иваниќ 65, Радоњиќ 69, 88 – Демировиќ 5/
Штурм – Џирона 1:0 (0:0)
/Беирет 58/
Астон Вила – Јувентус 0:0 (0:0)
Болоња – Лил 1:2 (0:1)
/Лукуми 63 – Мукау 44, 66/
Селтик – Бриж 1:1 (0:1)
/Маеда 60 – Картер-Викерс 26 аг./
Динамо – Дортмунд 0:2 (0:1)
/Гитенс 41, Бансебаини 56, Гираси 90/
Ливерпул – Реал Мадрид 2:0 (0:0)
/МекАлистер 52, Гакпо 77/
Монако – Бенфика 2:3 (1:0)
/Бен Сегир 13, Магаса 67 – Павлидис 48, Кабрал 84, Амдуни 88/
ПСВ – Шахтјор 3:2 (0:2)
/Тилман 87, 90, Пепи 90+5 – Сикан 8, Зубков 37/
Спорт
(Видео) Ливерпул го победи Реал, Мбапе и Салах не реализираа удари од 11 метри
Ливерпул и по петата рунда е еденствениот тим со максимален учинок во Лигата на шампионите. Вечерва на „Енфилд“, во апсолутното дерби на оваа рунда Ливерпул го победи Реал со 2:0. Реал остана на шест бода, скор од две победи и три порази.
Карло Анчелоти, кој има многу проблеми со повредени играчи, на „Енфилд“ излезе со јасна цел да не загуби, но не успеа во својата намера. „Црвените“ од стартот ја презедоа контролата, константно напаѓаа не искористија две добри шанси за гол. Колку Реал беше инфериорен во првото полувреме говори податокот дека не упатија ниту еден удар кон голот на Келехер.
Иницијативата на Ливерпул која продолжи и во вториот дел вроди со плод во 52.минута, кога Мекалистер по додавањето од Бредли го совлада извонредниот Куртоа. Инаку десниот бек на Ливерпул Бредли, одигра брилијантен меч, успеа во целост да го запре Килијан Мбапе.
По примениот гол играчите на Реал тргнаа поангажирано кон голот на Ливерпул. Од првата вистинска акција, Лукас Васкез избори пенал во 61.минута. Мбапе ја презеде одговорноста, но неговиот удар го одбрани Келехер.
Двевет минути подоцна пенал доби Ливерпул. Салах ја презеде одговорноста, но неговиот удар заврши во стативата. Точка на натпреварот стави Гакпо, кој по центрашутот на Робертсон остана сам во пететрецот и со глава ја закова топката во голот.