Спорт
(Видео) Нестварен пресврт на Индијана, брејк на Пејсерси во Њујорк
Кошаркарите на Индијана поведоа против Њујорк во финалето на Источната конференција на НБА-лигата. Пејсерс со неверојатен пресврт во финишот на регуларниот дел избори продолженија, а пота славеше со 138:135. На Никс не му помогнаа Брансон и Таунс, кои заедно постигнаа 78 поени.
Индијана до победата ја предводеа Тајрис Халибартон со 31 поен и 11 асистенции и Арон Несмит со 30 поени.
Никси водеа со 15 поени разлика на помалку од три минути пред крајот на регуларното време, на 58 секунди до крајот водеа со девет поени разлика, но Индијана успеа да се врати и да избори продолженија, а потоа и да го добие натпреварот.
Несмит ги врати Пејсерси во игра со серија од тројки, а потоа Халибартон погоди неверојатен шут во продолжението.
Додека Пејсерси заостануваа со два поени, а времето истекуваше, тој почна да ја губи контролата врз својот дриблинг, го врати и се врати кон линијата за три поени. Успеа да погоди, а потоа Халибартон истрча кон аут линијата, со двете раце се вати за вратот (знак на давење) гестикулирајќи кон, исто како што членот на Куќата на славните на Пејсерси, Реџи Милер, му го направи на Спајк Ли додека во историската плејоф серија на овие тимови во плејофот во 1994 година.
За Њујорк, подобари од другите беа Џејлен Бренсон со 43 поени и Карл-Ентони Таунс со 35 поени и 12 скока.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Црните мачки“ го запреа Арсенал
Сандерленд дефинитивно се хит во Премиер лигата на Англија. Вечерва „црните мачки“ ја прекинаа серијата од десет победи во која се наоѓаа фудбалерите на Арсенал.
Во спектакуларен меч на „Стадионот на светслината“, Сандерленд против лидерот одигра 2:2.
Гостите, лидерите на табелата, беа на прагот на победа што ќе ги однесеше на +9 во однос на конкурентите. Им се стемни кога во последната минута од судиското продолжение со акробатски потег гол постигна, Брајан Броби.
Тоа беше првиот гол на Холанѓанецот оваа сезона.
Претходно Балард, фудбалер кој потекнува од академијата на Арсенал, му донесе предност на Сандерленд. Изедначи Сака, а пресврт направи Тросар.
Спорт
Гризман постигна гол 28 секунди откако влезе во игра и реши Леванте
Атлетико Мадрид ја забележа својата четврта последователна, а вкупно шеста победа во последните седум натпревари во Ла Лига.
Во натпреварот од 12-то коло, „јорганџиите“ го победија Леванте со 3:1 на својот стадион.
Антоан Гризман, кој беше двоен стрелец за домашниот тим, постигна гол во 61-та и 80-та минута. Французинот постигна три гола во последните две кола.
Она што ќе се памети од овој натпревар е еден од најбрзите голови постигнати од клупата во историјата на шпанската лига.
Гризман ја затресе мрежата само 28 секунди откако влезе на теренот наместо Бариос. Ова е најбрзиот гол на резервен играч во последните десет години, кога станува збор за Ла Лига.
Спорт
Норис на пол-позцијата во Бразил, ужасни квалификации за Ферстапен
Актуелниот шампион Макс Ферстапен имаше очаен настап во квалификациите за Големата награда на Сао Паоло. Холанѓанецот испадна во првата квалификациска сесија, трката ќе ја започне од 16-та позиција. На пол позицијата е Ландо Норис, а до него во првиот ред е тинејџерот од Мерцедес, Андреа Кими Антонели.
Лошиот пласман на Ферстапен може да го отпише од шампионската трка. Со оглед на тоа што веќе е 39 поени зад лидерот Ландо Норис, сонот за одбрана на титулата полека станува токму тоа – сон. Последен пат вакви ужасни квалификации Макс имаше во 2021 година и Сочи.
Вториот ред на утрешната трка го комплетираа Шарл Леклер и Оскар Пјастри, а третиот Исак Хаџар и Џорџ Расел.
Траката за Големата награда на Бразил, утре ќе започне во 18 часот.

