Спорт
(Видео) Неверојатен пресврт на „Олд Трафорд“ во режија на Мектоминеј
Скот Мектоминеј ја реши драмата на „Олд Трафорд“ и спречи уште еден домашен пораз на Манчестер јунајтед. Во рамките на осмото коло, Манчестер јунајтед го победи Брентфорд со 2:1, со головите на шкотскиот ререзентативец во 93. и 97.минута.
Манчестер јунајтед одгра уште еден лош натпревар, му дозволи на противникот да постигне гол во 26.минута (Јенсен) и потоа комотно да ја одржува предноста. Јунајтед беше лош во првото, нешто подобар во второто полувреме, но најмногу поради кукавичката игра на Брентфорд. Гостите од Лондон, и покрај тоа што два пати опасно се заканија, во овој период од натпреварот решија да ја бранат минималната преднотс.
Клучниот момент на мечот се случи во 88.минута кога Амбрабат му го отстапи местото на Мектоминеј. Репрезентативецот на Шкотска за помалку од 10 минути постигна два гола и му ја обезбеди на Јунајтед четвртата победа во првенството.
Резултати:
Фулам-Шефилд јунајтед 3:1
Барнли-Челси 1:4
Евертон-Борнмут 3:0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

