Контакт

Спорт

(Видео) Ника Превц постави светски рекорд во ски-скокови

Објавено пред

Двократната светска шампионка Словенката Ника Превц постави светски рекорд во ски скокови.

dobivaj vesti na viber

Во Викерсунд, Ника леташе 236 метри, 45,5 метри подолго од нејзиниот личен рекорд. Оваа 19-годишна Словенка двапати постави нов светски рекорд на тренингот во петокот.

Ника потекнува од многу успешно спортско семејство. Има тројца браќа: Петер, Цене и Домен, исто така ски-скокачи. Петер Превц е поранешен светски шампион и има четири медали на Зимските олимписки игри.

Таа го подобри претходниот рекорд на Норвежанката Силја Опсет од минатата година на истата скокалница за цели 5,5 метри.

Дамите во сабота и недела во Викерсунд ќе се натпреваруваат во единствените две натпреварувања на леталниците, оваа сезона на Светскиот куп.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Менди ќе отсуствува до три недели

Објавено пред

Реал Мадрид успеа да се пласира во четвртфиналето на Лигата на шампионите по подоброто изведување на пенали против Атлетико Мадрид, но остана без уште еден дефанзивец.

dobivaj vesti na viber

Во 83. минута од натпреварот Ферланд Менди се здоби со повреда на тетивата. Веднаш беше јасно дека ќе мора да ја напушти играта, бидејќи падна на тревата и веднаш побара лекарска помош.

Лекарски прегледи утврдија дека Менди ќе мора на принудна пауза. Според прогнозите ќе отсуствува до три недели.

Покрај Менди, во Реал подолго време се повредени и Дани Карвахал и Едер Милитао, а од повредата неодамна се опорави Давид Алаба.

Прикажи повеќе...

Спорт

Гвардиола нема ништо против Грилиш да го напушти клубот

Објавено пред

Џек Грилиш, извесно е ќе го напушти Манчестер сити во летниот преоден рок. „Граѓаните“ во наредниот период ќе слушаат понуди за англискиот интернационалец. Пеп Гвардиола не е задоволен од неговите настапи, а ниту Гралиш од неговата минутажа.

dobivaj vesti na viber

Имено, крилниот напаѓач на Сити го изрази своето незадоволство поради тоа што пред него е новото засилување Омар Мармуш.

Грилиш не е на посакуваното ниво од почетокот на сезоната. Лошите игри прво го оддалечија од првиот тим, а потоа го доведоа во позиција ретко да добива шанса и како резерва.

Англискиот интернационалец, според извештаите од Англија, делува незаинтересирано дури и за тренинзите, а тоа воопшто не му се допаѓа на Гвардиола.

Грилиш му се приклучи на Манчестер сити од Астон Вила во 2021 година, а оваа сезона има само една асистенција на 16 натпревари во Премиер лигата.

Прикажи повеќе...

Спорт

Ферстапен супер лиценцата ја плаќа двојно повеќе од Хамилтон, 90 пати повеќе од дебитантите

Објавено пред

Актуелниот шампион во Формула 1, Макс Ферстапен мораше да плати речиси еден милион евра за да се натпреварува во овогодинешниот шампионат.

dobivaj vesti na viber

Главен услов за сите возачи да учествуваат во Формула 1 е да имаат супер лиценца, која мора да ја платат. За да се натпреварува ваа сезона возачот на Ред Бул го чини 835.681 фунти или 994.210 евра.

Холанѓанецот плаќа речиси двојно повеќе за лиценцата од најуспешниот Формула 1 возач Луис Хамилтон и дури 90 пати повеќе од дебитантите, односно, возачи кои се уште не возеле трка во Ф1.

Супер лиценцата за седумкратниот светски шампион, Хамилтон чини 512.912 евра, а дебитантите Кими Антонели, Габриел Бортолето, Џек Дуан и Исак Хаџар платија 11.141 евра.

Останатите дебитанти плаќаат повеќе, бидејќи возе една или неколку трки во претходните две сезони, но и поради нивните резултати: Оли Берман плаќа 26.892 евра, а Лиам Лосон 20.141 евра.

Парите што секој возач треба да ги плати за суперлиценца се пресметуваат врз основа на освоените бодови во претходната сезона. Се верува дека основната цена за лиценцата е токму сумата што ја плаќаат дебитантите, а секој поен чини околу 2.250 евра. Исто така, иако супер лиценцата е за возачите, неа ја плаќаат екипите.

Главниот ривал на Ферстапен минатата сезона, Ландо Норис од Мекларен плаќа 825.675 евра за супер лиценца, а неговиот тимски колега Оскар Пјастри 668.167 евра, додека возачот на Ферари, Шарл Леклер треба да плати 812.174 евра.

Новиот возач на Вилијамс, Карлос Саинц Јуниор супер лиценцата го чини 663.667 евра, Џорџ Расел од Мерцедес 562.414, а двократниот светски шампион Фернандо Алонсо 168.647 евра.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ29 минути

Работниците копале дупка за шахта и нашле коски во дворот на амбулантата во Илинден

Коски биле најдени за време на ископ на дупка за шахта, во дворот од амбулантата во населбата Илинден. „Амбулантата во...

Македонија49 минути

Подготвителната седница за Законот за јазиците ќе се емитува во живо: „Секој граѓанин ќе гледа и слуша како ја водиме постапката“

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, на брифинг со новинарите информираше за одржување на претстојната Подготвителна седница за Законот за...

Македонија2 часа

Мицкоски: Предупредив дека народот може да се самоорганизира и да протестира, желен е за правда, не правам упад во судската власт

Најавите за протести премиерот Христијан Мицкоски вели дека се предупредување за незадоволството кај народот доколку сами не се повлечат од...

Македонија3 часа

Бугарија испрати јасна политичка порака дека не се посветени на изградбата на Коридорот 8, вели Николоски, кој алармирал во банките за пренамената на средствата

Министерот за транспорт и врски Аленсандар Николоски утрово алармирал во двете банки со кои земјава има потпишано договори за кредит...

Македонија3 часа

Ќе биде потпишан договор со многу моќна европска земја и ќе се мери во милијарди, рече Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, информира дека очекува многу добри вести за македонските граѓани во текот на април...

Свет3 часа

Tрамп: Покварениот Џо Бајден нѐ доведе во вистински хаос со Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп го повика својот претходник, Џо Бајден, во објава на социјалните мрежи. „Покварениот Џо Бајден нè внесе...

Македонија4 часа

СДСМ: Министерката Јаневска скучила договор со „Пуцко петрол“ од 40 илјади евра

Продолжуваат партиските преписки за тоа кој, каков договор склучил со „Пуцко Петрол“, чијшто сопственик, Асмир Јахоски, е осомничен во случајот...

Европа6 часа

(Фото) Украинците оставија многу моќно оружје во Курск, Русите објавија фотографии

Кон крајот на минатиот месец, на 25 февруари, елитната руска група за беспилотни летала – Центарот за напредни беспилотни системи...

Македонија6 часа

(Видео) Стојаноски: Благодарение на СДС и ДУИ, „Пуцко петрол“ успевал за една година да го зголеми приходот 40 проценти

„Откако пред некој ден син на пратеник од ДУИ, сопственик на Пуцко петрол како мерка доби домашен притвор за случај...

Македонија6 часа

Левицата предложи 18 месеци платено породилно отсуство: Овој закон ќе ја подобри положбата на мајките и семејството и ќе создаде темели за решавање на најголемите демографски проблеми

„Во време кога Македонија се соочува со сериозна демографска криза, Левица предложи нов закон за 18 месеци платено породилно отсуство,...

Македонија7 часа

ДУИ: Секој обид за оспорување на Законот за употреба на јазиците е обид за оспорување на Охридскиот договор и уставниот поредок на Северна Македонија

„Денес ја одбележуваме четвртата годишнина од потпишувањето на Законот за употреба на јазиците – моментот кога беше заокружен легислативниот дел...

Македонија8 часа

„Судскиот совет не е приватен дуќан на кадрите на Заев и Груби – разрешените членови мора да заминат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„ВМРО-ДПМНЕ најостро реагира на обидите на разрешените членови на Судскиот совет да ја узурпираат институцијата, спротивно на волјата на Собранието...

Македонија8 часа

„Имаме најскапи патарини во регионот, а ужасни патишта: пратениците да гласаат за нашиот предлог за 50 отсто поевтини патарини“, бара партијата Левица

„На 19 март, во Собранието ќе се гласа за предлог-законот на пратеничката група на Левица, кој предвидува намалување на патарините...

Македонија8 часа

СДСМ: Милиони во омилени фирми на власта, до кога ќе молчи Јавното обвинителство за тендерските шеми на ДПМНЕ?

СДСМ јавно прашува: До кога Јавното обвинителство ќе молчи за тендерските шеми и скандали на ДПМНЕ? „Случаите со милионските зделки...

Свет9 часа

Венс: Би бил шокиран доколку Трамп сака да го премести нуклеарното оружје подалеку на исток во Европа

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс рече дека би бил шокиран доколку претседателот Доналд Трамп сака нуклеарното оружје да го...

Македонија9 часа

„Огромен интерес и внимание за македонската делегација на глобалниот самит во Баку“: Сиљановска и Божиновска во центарот на глобалните дискусии

Огромен интерес за македонската делегација на XII Global Baku Forum – присуството на македонската делегација, официјалните и неформалните средби на...

Европа9 часа

(Видео) Погодена рафинерија во Русија, гори огромен резервоар за гас

Украинците во текот на ноќта со беспилотни летала ја нападнаа руската рафинерија Туапсе во Краснодарската територија. Според руските канали на...

Свет10 часа

(Видео) Џеј-Ди Венс исвиркан на концертот на Националниот симфониски оркестар во Вашингтон

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс беше пречекан со свирежи и негодувања од публиката по пристигнувањето на концертот на Националниот симфониски...

Свет10 часа

Кина, Иран и Русија почнаа разговори за иранските нуклеарни прашања

Високи дипломати од Иран, Русија и Кина се собраа денеска во Пекинг на разговори за нуклеарните прашања на Техеран, објави...

Свет10 часа

(Видео) Патниците бегаа преку крилото на авионот: се запали моторот на „боинг“ во Денвер

Млазен мотор на Американ ерлајнс се запалил откако авионот принудно слетал во Денвер, принудувајќи ги патниците да се евакуираат користејќи...