Спорт
(Видео) Ново чудо на Денвер без Јокиќ, Шеј спречи пораз на Оклахома
Драматичните победи на Денвер, Оклахома и Торонто, односно поразот на ЛА Лејкерс ги обележаа натпреварите во НБА лигата, одиграни во текот на ноќта.
Днвер без Никола Јокиќ, направија уште едно чудо, победија во Бостон со 114:110. Клучна за победата на Денвер беше серијата 14:0 во последнатачетвртина, во која се истакна Зик Наѓи кој во овој период ги постигна своите осум поени.
Денвер го предводеше Џамал Мареј со 22 поени и 17 асистенции, односно Пејтон Вотсон, со рекордни во кариерата 30 поени.
Торонто славеа победа во Шарлот 97:96 со тројката на Имануел Квикли со звукот на сирената.
Оклахома не дозволи да загуби три пати по ред. Шеј Гилџис-Александер, погоди тежок шут за два поени во регуларниот тек од натпреварот за 114:114, а потоа во продолжението со тројка стави крај за конечни 129:125.
Актуелниот МВП мечот го заврши со 46 поени. На спротивната страна Лаури Марканен постигна 29.
Сан Антонио славеа во дуелот со ЛА Лејкерс со 107:91. Лука Дончиќ постигна 38 поени, на кои придодаде и по 10 скока и аситенции.
Резултати:
Филаделфија – Вашингтон 131:110
/Ембиид 28 – Џонсон 20/
Детроит – Чикаго 108:93
/Стјуарт 31 – Досунму 24/
Њујорк – ЛА Клиперс 123:111
/Бренсон 26 – Леонард 25/
Бруклин – Орландо 93:93; 103:104
/Портер 32 – Банкеро 30/
Атланта – Њу Орлеанс 117:100
/Ризашер 25 – Вилијамсон 22/
Мемфис – Финикс 98:117
/Џексон 19 – Брукс 21/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

