Спорт
(Видео) Њујорк ја прекина победничката низа на Милвоки
Кошаркарите на Њујорк го совладаа Милвоки (129:122) и со тоа се реваншираа за поразот од пред неколку дена.
Никс беа подобри од Бакс во првиот меч од божиќната програма, и ја прекинаа серијата од седум победи во која се наоѓаа Бакс. Интересно ова е прва победа на Њујорк над Милвоки по речиси две години, односно по девет порази од вој противник.
Домашниот тим во „Медисон Сквер Гарден“ стигна до 17. триумф сезонава, шести е на Истокот, додека Бакс се 22-8 и држете уште едно место.
Никс во првата четвртина остварија двоцифрена предност, на полувреме заминаа со +11.
Гостите дојдоа до -4 во средината на третиот период, но тоа беше најмногу што успеаја – Никс го одбија тој налет, ја вратија двоцифрената разлика, која во финишот на мечот изнесуваше и 15 поени.
Најзаслужен за победата на Њујорк беше Џејлен Бренсон со 38 поени и шест асистенции. Џулиус Рендл додаде 24 со девет скока, Еј Џеј Барет 21 и Имануел Квикли 20 поени.
Кај Бакс се истакна Јанис Адетокумбо со 32 поени, 13 скока и шест асистенции, Демиен Лилард со ист број на поени и осум асистенции, додека Крис Мидлтон уфрли 24 поени.
Милвоки во следниот натпревар ќе игра против Бруклин, додека Њујорк ќе се сретне со Оклахома.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(ВИДЕО) Ако не сум кошаркар?
❓ Pitanje dana: Da nisam košarkaš, bio bih? 🏀😎 #TeamSerbia @KSSrbije pic.twitter.com/LTdF2SnlW5
— Team Serbia (@OKSrbije) June 27, 2024
Кошаркарскиот сојуз на Србија на социјалните мрежи објави видео со српските кошаркари и нивните избрани професии.
Кошаркарската репрезентација на Србија се подготвува за претстојните Олимписки игри во Париз, каде ја очекуваат дуели во групи, (најверојатно со Италија), Судан и Соединетите Американски Држави.
Репрезентацијата имаше напорна сезона и остави се зад себе за да му се посвети на Светислав Пешиќ и неговите обврски во репрезентацијата.
КСС на социјалните мрежи објави видео на кое играчите зборуваат што би правеле доколку не биле кошаркари.
Секако и покрај напорните тренинзи, имаат време за пауза и дружење. А каде што е Јокиќ, забава мора да има!
Јокиќ на пример би бил младоженец.
Богдан Богдановиќ би работел во игротека.
Алексеј Покуѓески би бил лекар.
Филип Петрушев би играл тенис.
Никола Милутинов би бил сликар, а Никола Јовиќ би возел мотор.
Интересен беше и одговорот на Алекса Раданов кој рече дека најверојатно ќе биде готвач.
Како и да е, сепак тие се сила кога станува збор за светот на кошарката.
Спорт
Казна за фудбалскиот сојуз на Швајцарија
Дисциплинската комисија на Европската фудбалска унија го казни Швајцарскиот фудбалски сојуз (СФВ) со вкупно 91.000 франци.
Казната е поради однесувањето на навивачите, како и за истакнување на таканареченото „терористичко“ знаме ОВК на трибините за време на натпреварите од групната фаза на Европското првенство во Германија, пренесува швајцарски „Блик“.
Дисциплинската комисија на УЕФА го казни ФС на Швајцарија со 40.000 франци за однесувањето на навивачите на натпреварот од првото коло од групата А против Унгарија (3:1), а со 24.000 франци за инцидентите на дуелот со Шкотска (1:1).
„Блик“ наведува дека УЕФА одлучила да го казни ФС на Швајцарија со 27.000 франци поради навивачки инциденти на натпреварот од третото коло од групата А со Германија (1:1).
На овој натпревар швајцарските навивачи фрлаа пиротехнички средства на теренот, а на трибините го истакнаа знамето на таканаречената терористичка група ОВК.
„Блик“ истакнува дека УЕФА првично ја казнила швајцарската ФА со повисока сума, но додаваат дека казната е намалена на 91.000 франци по жалба.
Швајцарија во осминафиналето на Европското првенство ќе игра против Италија.
Спорт
Иванишвили ќе ги „части“ Грузијците
Биџина Иванишвили поранешниот премиер на Грузија, вети дека ќе и даде 30 милиони лари (близу 10 милиони евра) на фудбалската репрезентација доколку ја победат Шпанија по антологискиот пласман во осминафиналето на ЕП.
Грузиската репрезентација предводена од поранешниот француски репрезентативец Вили Сањол ја совлада Португалија со 2:0 и се пласираше во осминафиналето каде ќе се сретне со Шпанија.
Биџина е основач на владејачката политичка партија Грузиски сон и поранешен премиер на земјата од октомври 2012 до ноември 2013 година.
За него победата против Португалија е „историски триумф од соништата“.
Грузија, која првпат настапува на ЕП в недела од 21.00 часот во Келн игра против Шпанија.