Спорт
(Видео) Ојерзабал со помош на патерици го напушти стадионот на Црвена звезда
Шпанскиот репрезентативец Микел Ојарзабал со помош на патерици го напушти стадионот во Белград. Шпанија синоќа во Лигата на нации против Србија одигра натпревар без голови.
Стрелецот на голот со кој Шпанија на 14.јули ја освои титулата на Европското првенство, Ојерзабал, во Белград, влезе како замена за Ајосе Перез, одигра 20 минути, а се повреди во финишот на натпреварот.
Селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, изјави дека повредата не е сериозна и дека се работи за истегнување на скочниот зглоб.
Sale en muletas @mikel10oyar ojalá no sea mucho pic.twitter.com/a92vSMijSG
— Javier Herráez (@javiherraez) September 5, 2024
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Шумарите“ го декласираа Брајтон, хет-трик на Вуд
Нотингем Форест експресно се рехабилитира од дебаклот (5:0) кај Бортнмут во минатото коло. „Шумарите“, во првиот меч од 24.рунда во Премиер лигата, го декласираа Брајтон. Во победата 7:0, Крис Вуд постигна хет-трик, Ентони Еланга забележа три асистенции, а Морган Гибс-Вајт постигна гол, забележа асистенција и избори пенал.
Нотингем Форест за 30 минути го декласира Брајтон. „Шумарите“ ја забележаа 14. победа во сезоната, благодарение на напаѓачот од Нов Зеланд, Крис Вуд, кој во 34. година од животот ја игра најдбрата сезона во кариерата.
Вуд во 24. рунди постигна 17 гола. На листата најдобри стрелци се изедначи со Александер Исак од Њукасл. На првите две места се Ерминг Халанд (18) и Мохамед Салах (19).
Дека на Брајтон лошо му се пишува го најави авто голот на капитенот Данк во 12.минута. Гибс-Вајт го зголеми водството во 25., а Вуд го постигна првиот од трите гола во 32.минута.
Во второто полувреме Вуд го комплетира хет-трикот со головите во 64. и 70.минута. Во финишот на натпреварот уште два гола Вилијамс во 89.минута и Жота во 91.минута.
Спорт
Маркус Рашфорд има нов клуб
Маркус Рашфорд (27) од Манчестер јунајтед ќе замине на позајмица во Астон Вила, пренесува Фабрицио Романо. Англискиот напаѓач е отпишан од доаѓањето на новиот тренер Рубен Аморим и не играше во последните два месеци. Астон Вила ќе го позајми Рашфорд, а Јунајтед ќе покрие дел од неговата плата. Клубовите во моментов преговараат за откупна клаузула.
Рашфорд е играч на Јунајтед, а оваа сезона има седум гола и три асистенции на 24 настапи. На 426 натпревари за Јунајтед постигна 138 голови и 63 асистенции.
Според „Трансфермаркт“, Рашфорд вреди 55 милиони евра, а неговиот договор со Јунајтед е до летото 2028 година. Заработува околу 18,5 милиони евра по сезона.
Спорт
Јувентус најде замена за Влаховиќ
Раководството на Јувентус сака во летниот преоден рок да го засили тимот со Виктор Осимен, како замена за Душан Влаховиќ, кој речиси сигурно ќе го напушти тимот.
Српскиот интернационалец ќе го заокружи тригодишниот циклус и не се очекува да остане во клубот по летото, откако неговите менаџери решија да ги прекинат преговорите за продолжување на соработката кога слушнаа дека раководството нема намера да му ја зголеми платата, објавија италијанските медиуми.
Договорот на Влаховиќ истекува во 2026 година, а раководството сака да го продаде ова лето за да го спречи да си замине од клубот како слободен играч без обештетување.
Како што пренесува „Газета дело Спорт“, прва опција за замена на Влаховиќ е Осимен, кого го цени директорот на Јувентус, Кристијано Џунтоли. Тој го донесе Осимен во Наполи во 2020 година и би сакал да работат заедно во Торино.
Во Јувентус се уверени дека Џунтоли ќе го убеди Нигериецот да дојде во Торино. Осимен е позајмен од Наполи во Галатасарај.