Спорт
(Видео) Ова е омилениот гол на Меси

Лионел Меси ја освои осмата Златна топка, наградата за најдобар фудбалер во светот. Минатата година ја предводеше Аргентина до првата титула светски шампион по 1986 година и поради тоа беше голем фаворит за освојување на престижната награда.
Меси во кариерата постигна 827 гола, а во интервју по освојувањето на Златната топка откри кој од тие голови му е омилен.
„Секогаш велам дека специјалните голови се оние што ги постигнувате во најголемите натпревари. Сум постигнал голови во финалето на Лигата на шампионите, сега во финалето на Светското првенство. Сепак, нема да го заборавам голот, поради начинот на кој го постигнав и колку беше важен за нас, го постигнав во полуфиналето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид кога победивме со 2:0 на „Сантијаго Бернабеу“. Тоа е гол кој секогаш ќе го паметам“, изјави Меси.
Голот што никогап нема да го заборави Меси го постигна во 2011 година.
G⚽️AL OF THE DAY
King #Messi. 🐐 pic.twitter.com/6K0ZsMCLAS— FC Barcelona (@FCBarcelona) October 10, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Гути: Реал нема кондиција, најголемите ѕвезди не се појавија на натпреварот

Фудбалската јавност во Шпанија го анализира дебаклот на реал во првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите. Арсенал, вчера го прегази „кралскиот клуб“ со 3:0.
Еден од оние кои се разочрани од играта на Реал е Хозе Марија Гути. Човекот кој три пати ја освои Лигата на шампионите со Реал и одигра 387 натпревари помеѓу 1995 и 2010 година.
„Реал во ниту еден момент не ја контролираше играта. Анчелоти рече дека овој тим секогаш покажува реакција, но тоа не беше случај против Арсенал. Она што е видливо за мене е дека тимот физички паѓа и се мачи во вториот дел“, изјави Гути, а потоа „уфри“ по најголемите ѕвезди.
„Најдобрите играчи треба да бидат на ниво кога се во прашање најважните натпревари во сезоната. Килијан Мбапе, Винисиус, Родриго и Џуд Белингем, но од четворицата никој не се „појави“, каде беа“?
Спорт
Вардар и Струга на чекор до финалето во Купот

Вардар со „една нога“ е во финалето на Купот, а блиску до завршниот натпревар во ова натпреварување е и Струга ТЛ.
Вардар, попладнево, убедливо ја порази АП Брера со 3:0. Црвено-црните во првиот дел стекнаа предност од два гола. Сенгор погоди во 26., а Матиќ во првата минута од судиското надополнување на времето. Точка на убедливиот триумф стави Закариќ во 56.минута.
Вардар последен пат во Купот победи во 2007 година, кога и последен пат се пласира во финалето.
За разлика од дуелот во Скопје, во Тетово имаше многу повеќе возбудувања и незивесност. Струга ја победи Шкендија со 2:1.
Струга успеа да победи откако направи пресврт во второто полувреме. Шкендија по првиот дел имаше водство со голот на Рамадани директно од корнер.
Во второто полувреме Укпа изедначи во 53.минута, а 30 минути подоцна Радески го постави конечниот резултат.
Спорт
Матиќ: Најлошиот голман во историјата на Јунајтед нека внимава на изјавите

Српскиот фудбалер Немања Матиќ му одговори на Андреа Онана, голманот на Манчестер јунајтед, кој пред првиот натпревар од четвртфиналето на Лига Европа против Олимпик од Лион најави доминација на „црвените ѓаволи“.
При најавата за натпреварот, Онана самоуверено изјави дека Јунајтед е подобриот тим.
„Треба само да одиме таму и да покажеме кои сме. Мислам дека сме подобри од нив“, изјави голманот пред заминувањето за Лион.
Немања Матиќ, кој играше за Манчестер јунајтед од 2017 до 2022 година, остро му одговори на Камерунецот.
Треба да имаш самодоверба за да кажеш нешто такво“, рече Матиќ низ насмевка, а потоа додаде:
„Онана го кажа тоа? Кога си еден од најлошите голмани во модерната историја на Манчестер јунајтед, мора да внимаваш што зборуваш“.
Српскиот играч за врска не застана тука.
„Да го кажеа тоа Давид Де Хеа, Петер Шмајхел или Едвин ван дер Сар, можеби ќе се запрашав. Но, кога ќе дојде од некој со статистика како онаа на Онана… не би му придавал преголема важност“, вели Матиќ.
Четвртфиналниот натпревар од Лига Европа меѓу Лион и Манчестер јунајтед се игра во четврток од 21 часот.