Спорт
(Видео) Палмер шоу на „Стенфорд Бриџ“ – Челси го победи Брајтон

Челси го победи Брајтон со 4:2 во шестото коло во Премиер лигата. Челси ја забележа првата победа дома во новата сезона, а Брајтон прв пат е поразен како гостин во сезоната 2024/2025. Двата тима одиграа едно од најдобрите полувремиња во последните 15 години во Премиер лигата. Полувремето го обележа Кол Палмер.
Палмер стана првиот играч во историјата кој постигнал четири гола во првото полувреме во натпревар од Премиер лигата.
Фудбалерот на Челси во интервал од 20 минути четири пати го совлада голманот на Брајтон.
Првиот гол го постигна во 21. минута кога ја искористи несебична асистенција на Николас Џексон. Во тој монент го изедначи резултатот, откако Брајтон дојде до предност со голот на Рутер во седмата минута.
Во 27-та погоди од пенал, а во 31-та изведе перфектен слободен удар од 27 метри за 3:1.
Брајтон накратко се врати преку Балеба во 34. минута, а потоа во 41. по асистенцијата на Санчо, Палмер од левата страна го погоди поблискиот гол за 4:2.
Челси со оваа победа „скокна“ на третото место на табелата со бод помалку од лидерот Манчестер сити.
Резултати:
Арсенал-Лестер 4:2
Нотингем Форест-Фулам 0:1
Брентфорд-Вест Хем 1:1
Евертон-Кристал Палас 2:1
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Венцислав и Дејан Недев викендов ќе одржат ИТКФ-карате семинар и полагање за тренери и судии во Лондон

На покана од Федерацијата за традиционално карате на Англија, др. Венцислав и др. Дејан Недев на 21 и 22 јуни ќе одржат карате семинар и полагање за мајсторски појаси во Лондон, Англија.
Се очекува учество на околу 200 каратисти од повеќе карате клубови низ цела Англија. На крајот од семинарот ќе се одржи полагање за мајсторски појаси, тренери и судии.
Минатиот месец, Недеви учествуваа и на голем меѓународен карате семинар со врвни јапонски инструктори — Оиши, Кавазое и Наито — од Јапонската Карате Асоцијација.
Спорт
Милинковиќ-Савиќ го договорил трансферот во Наполи

Вања Милинковиќ-Савиќ, голманот на Торино, се согласи да се пресели во Наполи.
Договорот помеѓу српскиот голман и актуелниот шампион на Италија треба да биде потпишан до 2029 година.
Според медиумите во Италија, преговорите меѓу клубовите исто така одат во добра насока, па се чини дека нема пречки голманот да се пресели во Неапол. Наполи за трансферот ќе издвои 18 милиони евра.
Во својата кариера, повремениот репрезентативец на Србија ги носеше дресовите на Војводина, Манчестер Јунајтед, Лехија Гдањск, Асколи, Спала и Торино.
Спорт
(Видео) Индијана ја декласира Оклахома, изедначи на 3:3 во финалето

Индијана Пејсерс изборија мајсторка за титулата во НБА лигата. Пејсерс го изедначија резултатот во финалната серија на 3:3, откако ги победија Оклахома табдер со 108:91.
И двата тима се борат за првата титула шампион на НБА, а за прв пат од 2016 година ќе се игра мајсторка во финалето.
Решавачкиот меч е закажан за понеделник во 2 часот наутро по средно европско време во Оклахома.
Индијана до победата ја предводеше Оби Топин со 20 поени, Ендру Нембхарт уфрли 17, додека Паскал Сиакам додаде 16 со 13 скока.
Повредениот Тајрис Халибартон забележа 14 поени и пет асистенции.
Во тимот на Тандер, Гилџес-Александар имаше 21 поен, Џејлен Вилијамс додаде 16, додека Ајзеа Џо со 11 и Изеа Хартенштајн со 10 поени исто така беа двоцифрени.