Спорт
(Видео) Панчев со порака до репрезентативците: Чест е да се игра за Македонија
Легендата на македонскиот и југосовенскиот фудбал, Дарко Панчев даде интервју за официјалната странива на Фудбалската федерација на Македонија.
Еден од најдобрите голгетери во својата генерација, европски шампион со Црвена звезда, говори на многу теми.
Панчев ги советува младите играчи дека не треба да брзат со заминувањето во странство, како што вели треба прво да се докажат тука, а проговори и за Стефан Ристовски кој поради селекорот се откажа од настапите во националниот тим.
„Фудбалер не се станува преку ноќ, тоа е еден процес. Секогаш сум за тоа првите неколку години децата да играат тука во Македонија. Нека одигра 100 натпревари во макеоднската лига, па доколку покаже квалитет, доколку е над другите ќе најде ангажман надвор. А сега ги носат децата надвор на 15 или 16 години, како на запад да немаат деца, како таму да не тренираат, како само нас да не чекаат. Мислам дека тука прават големи грешки и многу наши такви талент загснуваат“.
„По катастрофалниот пораз од Англија се случуваа неколку работи што не беа добри за соблекувалната. Некои играчи си дозволија да дојдат до тоа ниво да кажуваат за тоа кој треба да биде тренер, а кој не. Тоа не е добро. Јас сум бил играч, јас сум бил капитен на репрезентацијата, никогаш не сум си дозволил да ми падне на памет да им кажам на овие од раководството на федерацијата – „а бе знаеш, кај сте го ставиле овој тренер, јас не играм додека е тој тука“. Ти си викнат да играш за Македонија, треба да ти биде чест да играш за репрезентацијата“, кажа Панчев.
Фото/ архива Топспорт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
МВП на Евролигата во Милвоки, Јанис нема да ги напушти Бакс
Јанис Адетокумбо, како шо сега стојат работите ќе остане во Милвоки најмалку до крајот на сезоната.
Според новинарот на „ESPN“, Шамс Чаранија, Кол Ентони и Амир Кофи се селат во Феникс, додека Ник Ричардс и Најџел Хејс-Дејвис ќе ги продолжат своите кариери во Милвоки.
Со овој потег, Бакс дополнително ја зајакнуваат ротацијата под кошот, со оглед на тоа што Ричардс носи физичко присуство и дефанзивна стабилност на центарската позиција, додека Хејс-Дејвис е играч кој може да придонесе енергија и ширина на ротацијата на крилата.
Од друга страна, Санс добиваат дополнителна длабочина во надворешната линија. Кол Ентони треба да преземе позначајна улога во организацијата на играта, како „бек-ап“ плејмејкер, додека Амир Кофи носи дефанзивна флексибилност и можност за покривање на повеќе позиции.
Официјална потврда за размената се очекува наскоро, откако двата тима ќе ги завршат сите административни детали.
Foto/ EPA
Спорт
Баерн го задржа Серж Гнабри
Фудбалерот на Баерн, Серж Гнабри, го продолжи договорот со клубот од Минхен до 30 јуни 2028 година, објави најтрофејниот германски клуб.
Во соопштението не се наведени финансиски детали за договорот.
„Воодушевен сум што ќе можам да играм за Баерн уште неколку години. Причините за продолжување на договорот се тимот, тренерите, целиот клуб, навивачите, градот, околината… Се чувствувам многу удобно во Баерн“, рече Гнабри, објави веб-страницата на клубот.
Гнабри (30) пристигна во Баерн во 2017 година од Вердер Бремен. Тој одигра 311 натпревари за клубот од Минхен и постигна 100 гола, а освои 15 трофеи со Баерн.
Foto/ depositphotos
Спорт
Четворица се враќаат, но Реал ќе биде сериозно ослабен во Валенсија
Во недела, Реал Мадрид ќе игра без Винисиус Жуниор и Џуд Белингам на гостувањето кај Валенсија во 23-то коло од шпанската Ла Лига.
Винисиус го пропушта натпреварот поради пет жолти картони, додека Белингам нема да игра поради повреда на тетивата. Не е прецизиран датум за неговото враќање, но се очекува да отсуствува до шест недели.
Реал Мадрид има шест победи по ред во првенството, но сепак е втор на табелата со 54 бода, еден помалку од лидерот Барселона.
Добри вести за тренерот Арвало Арбелоа е дека за место во тимот ќе конкурираат: Трент Александар-Арнолд, Антонио Ридигер, Дани Карвахал и Ферланд Менди.
Foto/ depositphotos

