Спорт
(Видео) Полуфинални двојки во Лига-купот на Англија

По одигрувањето на последниот четвртфинален натпревар во Лига купот на Англија, кој навистина беше спектакуларен (Тотенхем го победи Манчестер јунајтед со 4:3), беа извлечени полуфибналните двојки.
Пред Тотенхем, пласман во полуфинбалето изборија Ливерпул, Арсенал и Њукасл јунајтед.
Двојките ги извлече легендарниот играч на Ливерпул Џејми Карагер, а ќе се сретнат Арсенал – Њукасл и Тотенхем – Ливерпул.
За разлика од претходниот дел од Лига купот, во оваа фаза ќе се игра двомеч.
Првите натпревари се на 6 јануари, а реваншите на 3 февруари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Венус Вилијамс победува и на 45-годишна возраст
Венус Вилијамс стана втората најстара тенисерка со победа на ВТА во историјата.
Американската тенисерка доби посебна покана за турнирот во Вашингтон и на 45-годишна возраст ја победи Пејтон Стернс, 35-та тенисерка во светот.
Вилијамс лесно ја победи својата сонародничка, резултатот беше 2:0 (6:3, 6:4).
Американската тенисерка стана втората најстара тенисерка со победа на ВТА. Рекордот сè уште го држи Мартина Навратилова, која на 47-годишна возраст забележа победа на Вимблдон во 2004 година.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Атлетико го „украде“ Марк Пубил од Вулверхемптон
Марк Пубил, 21-годишениот шпански десен бек, е нов играч на Атлетико Мадрид. Клубот од главниот град на Шпанија го потврди неговото пристигнување доцна синоќа. Интерес за Пубил имаше кај Вулверхемптон, но и неколку италијански клубови, вклучувајќи ги Милан, Јувентус и Рома.
Милан отиде најдалеку во обидот да го доведе Пубил минатата недела, при што клубот испрати медицински тим во Барселона за да изврши прелиминарни медицински прегледи.
„Росонерите“ сакаа потврда за состојбата на неговото колено пред да испратат официјална понуда до Алмерија. Откако ги разгледаа наодите и се консултираа со тренерот Макс Алегри, тие одлучија да ги напуштат преговорите и да го насочат фокусот кон Гуела Дуе од Стразбур.
Се очекуваше дека Вулверхемптон ќе има отворен пат да го потпише младиот шпански репрезентативец, но доцна синоќа се случи пресврт. Како што пишуваат „Марка“ и новинарот Фабрицио Романо, Атлетико ја искористи можноста и брзо обезбеди договор со играчот и Алмерија.
Трансферот треба да изнесува околу 16 милиони евра со дополнителни 4 милиони преку бонуси и процент од идните продажби.
Спорт
Јувентус го откупи договорот на Консеисао

Португалскиот играч Франсиско Консеисао и официјално стана играч на Јувентус, објави италијанскиот клуб.
Консеисао (22) играше за Јувентус во текот на сезоната 2024/25 како позајмен играч од Порто, а италијанскиот клуб објави дека издвоил 30,4 милиони евра за трансферот.
Португалскиот играч потпиша договор со Јувентус до 2030 година.
Консеисао минатата сезона постигна седум гола и имаше шест асистенции во 40 натпревари за Јувентус во сите натпреварувања.
Одигра 11 натпревари за португалската репрезентација и постигна два гола.
Јувентус, новата сезона ќе ја отвори против Парма во првото коло од Серија А на 24 август.