Спорт
(Видео) Пред 34 години, Панчев и Најдовски со Црвена звезда станаа европски шампиони
На денешен ден пред 34 години, фудбалскиот клуб Црвена звезда го освои најзначајниот трофеј во богатата историја. Во финалето на во тогашниот Куп на шампионите, Црвена звезда го совлада Олимпик Марсеј со 5:3 по изведување пенали. Дел од таа шампионска генерација беа Македонците, Дарко Панчев и Илија Најдовски.
Натпреварот се играше во Бари, а бидејќи во регуларните 90 минути немаше голови, се играа продолженија. Во дополнителните 30 минути немаше голови, а потоа „црвено-белите“ победија со 5:3 по изведувањето пенали.
Головите за Звезда од 11 метри ги постигнаа Роберт Просинечки, Драгиша Биниќ, Миодраг Белодедиќ, Синиша Михајловиќ и Дарко Панчев. Голманот Стојановиќ во првата серија го одрани ударот на капитенот на Олимпик Марсеј, Аморос.
Црвена звезда без пораз стигна до најголемиот успех во историјата и со тоа со златни букви влезе во фудбалската историја. Шест месеци подоцна, со изменет тим, Црвена звезда го освои и Интерконтиненталниот куп. Стана светски клупски првак, откако во финалето во Токио го победи Коло-Коло со 3:0.
„Црвено-белите“ го елиминираа Грасхоперс во првото коло од тогашниот Куп на шампионите. Звезда во осминафиналето беше подобра од Глазгов Ренџерс. Ривал на „црвено-белите“ во четвртфиналето беше шампионот на Источна Германија Динамо од Дрезден, а Звезда ги доби двата натпревари. Реваншот во Дрезден со службен резултат, откако беше прекинат при водство на црвено-белите.
Во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите црвено-белите го совладаа славниот Баерн со 2:1 на гостински терен, а во реваншот во Белград беше 2:2.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дембеле одбил да го продолжи договорот со ПСЖ
Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Усман Дембеле, ја одбил првата понуда на клубот за продолжување на договорот во вредност од 30.000.000 евра, објавија француските медиуми.
ПСЖ започна разговори за продолжување на соработката со францускиот репрезентативец, кој има важечки договор до 2028 година, со цел да го задржи освојувачот на „Златната топка“ и еден од клучните играчи во историската сезона 2024/2025, во која тимот ја освои Лигата на шампионите.
Според извештаите, Дембеле веќе добил првична понуда од клубот, но таа не е во согласност со неговите финансиски барања.
Како што се истакнува, понудената плата е околу 30.000.000 евра по сезона, проблем е што менаџерот на фудбалерот бара речиси двојно поголема сума, поради што договорот во моментов е далеку.
Во сезоната 2024/2025, Дембеле ги освои најважните индивидуални награди, вклучувајќи ја Златната топка, наградата „Најдобар“ на ФИФА и наградата за најдобар играч на Лигата на шампионите, а одигра и клучна улога во освојувањето на првиот европски трофеј во историјата на ПСЖ.
Спорт
Барселона нуди 30 милиони евра за Рашфорд
Маркус Рашфорд се чини дека ги се наметна во Барселона на задоволство на тренерот Ханси Флик.
Челниците на „блауграната“ решија да му испратат понуда на Манчестер Јунајтед за откуп на договорот на репрезентативецот на Англија.
Според шпанските медиуми, Барса е подготвена да издвои 30 милиони евра.
Во дресот на Барселона, крилниот напаѓач одигра 18 натпревари и постигна два гола.
Спорт
Рој Кин: Фергусон е како смрдеа од која не можеш да се ослободиш
Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, повторно проговори за ситуацијата во неговиот поранешен клуб, а овој пат остро го критикуваше легендарниот менаџер Алекс Фергусон.
Познат по своите остри и директни ставови, Кин отворено проговори во програма во живо за отпуштањето на Рубен Аморим и начинот на кој клубот носи клучни одлуки, не штедејќи ги луѓето кои, формално, повеќе не се дел од структурите на Манчестер Јунајтед.
„Што всушност се случува на тие интервјуа за работа? Секогаш ме интересира зошто истите луѓе добиваат шанси. Како можат да сфатат по 12 или 14 месеци дека некој не е вистинскиот човек за клубот?“, почна Кин.
Потоа отиде чекор понатаму и директно го спомена Фергусон, кој сè уште редовно ги гледа натпреварите од трибините на „Олд Трафорд“.
„Не го сфаќате ли тоа во разговорот? Го гледата чобекот во очи. Гледате кој навистина ги прави потезите во Манчестер Јунајтед. Фергусон и Дејвид Гил сè уште се шетаат како смрдеа што не може да се избрка.“
Нетрпението меѓу Рој Кин и Алекс Фергусон трае од 2005 година, кога легендарниот менаџер одлучи да го продаде својот капитен по контроверзно интервју на клупската телевизија.
Дека тензијата сè уште постои, потврди самиот Фергусон во 2024 година, кога го исфрли Кин од листата на своите најдобри капитени во историјата на клубот, и покрај фактот дека Ирецот ја носеше капитенската лента во осум исклучително успешни сезони.
Најновите коментари на Кин се само продолжение на долгогодишната и јавна расправија меѓу две икони на Манчестер Јунајтед.

