Спорт
(Видео) Принцот Хари вози скелетон со брзина од 99 км/ч
Принцот Хари возеше скелетон со брзина од 99 километри на час, подготвувајќи се во далечниот Вистлер за игрите Инвиктус, кои се закажани за следната година во овој канадски зимски центар.
Хари е во Вистлер со неговата сопруга Меган, каде се дружи со спортисти кои се во камп за обука и каде ги промовира Игрите за воени ветерани со посебни потреби, кои ги основал откако го отслужил воениот рок во Авганистан.
На една од најбрзите боб патеки во светот, Хари имаше две официјални возења откако го мина тренинг кампот.
Prince Harry trying out the Skeleton.🙌👍 pic.twitter.com/Xfo2DubPAf
— Resilient (@KaindeB) February 15, 2024
Следната година ќе учествуваат на Инвиктус игрите во Ванкувер и Вистлер, каде за прв пат ќе бидат вклучени зимските спортови.
Кога принцот го завршил своето прво возење, помошниците му помогнале да се крене од скелетот. Ја извади кацигата и со широка насмевка рекол дека „секој треба да го проба“.
На целта, по второто спуштање го чекала неговата сопруга Меган. За секој случај, на финишот беше подготвен и лекарски тим.
Harry: “Let’s keep going till the sun goes down”
Supporter: “Meghan you godda go!”
Princess Meghan: “No Way!” lol
Harry: “You Go!”
Prince Harry and Meghan The Duke and Duchess of Sussex humor is everything❤️
I see why these stanking h@es mad.#InvictusGames #HarryandMeghan pic.twitter.com/zLrIv2ZWPQ
— ♛𝐏𝐫𝐢𝐧𝐜𝐞𝐬𝐬 𝐌𝐞𝐠𝐡𝐚𝐧♛® (@SussexSquad__) February 16, 2024
Околу 500 натпреварувачи од 23 земји ќе учествуваат на Зимските игри Инвиктус во февруари 2025 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ѓоковиќ: Разни „стручњаци“ ме испратија во пензија, им благодарам на тоа
Новак Ѓоковиќ, в недела ќе се бори за 11-та титула на Австралија Опен. Десеткратниот шампион во Мелбурн, во полуфиналето, во спектакуларен меч го победи бранителот на трофејот, Јаник Синер со 3:2 (3:6, 6:3, 4:6, 6:4, 6:4) за четири часа и девет минути игра.
„Никогаш не престанав да верувам во себе. Многу луѓе се сомневаа во мене. Гледам дека одеднаш се појавија многу „стручњаци“ кои сакаа да ме пензионираат или веќе го направија тоа неколку пати во последните години“, рече Ѓоковиќ и додаде:
„Сакам да им се заблагодарам затоа што ми дадоа сила и мотивација да им го докажам спротивното. Ова не е изненадување за мене. Знам на што сум способен“, рече Ѓоковиќ.
Неговиот настап прптив Синер, особено беше импресивен во петтиот сет, кога спаси осум брејк топки. Во текот на мечот Ѓоковиќ спаси 16 од 18-те топки за брејк.
Противник во финалето в недела ќе му биде Карлос Алкараз.
Foto/ depositphotos
Спорт
Заврши сезоната за Џек Грилиш
Џек Грилиш, еден од најдобрите играчи на Евертон ја заврши сезоната.
Како што стојат работите, Грилиш ќе мора да се подложи на операција поради фрактура на стапалото. Со ова паднаа во вода сите надежи дека би можел да добие повик од Томас Тухел за настап на Светското првенство.
Менаџерот на Евертон, Дејвид Мојес, ја потврди веста.
„Веруваме дека на Џек му треба операција. Иако сè уште не е 100 проценти потврдено, повредата веројатно ќе го држи надвор од терените до крајот на сезоната“, рече Мојес.
Откако пристигна на позајмица во Евертон, Грилиш повторно почна да игра како во времето кога беше играч на Астон Вила. Сезонава дресот на Евертон го носи како позајмен играч од Манчестер Сити.
Foto/ depositphotos
Спорт
Данска ќе се бори за европската титула
Данската ракометна репрезентација ќе игра во финалето на Европското првенство против Германија, откако во второто полуфинале во Хернинг го победи Исланд со 31:28 (14:14).
Данците, в недела ќе се борат за третото европско злато, исто како и Германците.
Данска последен пат беше европски шампион во 2012 година во Белград, оттогаш двапати беше во финалето и двапати загуби од Франција (2014 и 2024).
Тимот предводен од Николај Јакобсен од клупата ги освои последните четири светски првенства и е актуелен олимписки шампион.
Во натпреварот против Исланд, Данците го скршија отпорот на својот ривал во второто полувреме, откако првиот дел беше израмнет.
Најдобар стрелец во победничкиот тим беше незапирливиот Матијас Гидсел, најдобриот ракометар во светот, со седум гола од исто толку обиди.
Веднаш зад него по ефикасност беше Јохан Хансен со шест гола (седум шута), додека Симон Питлик постигна пет.
Во поразениот тим, Јанус Даги Смарасон и Ори Фрајр Поркесон беа најдобри со по седум гола. Омар Инги Магнусон постигна шест.
Финалето ќе се одигра во недела од 18 часот, претходно во 15.15 часот ќе се одигра натпреварот за третото место.
Foto/ EPA

