Спорт
(Видео) Проблем за Олимпија Милано, се повреди Никола Миротиќ
Кошаркарот на Олимпија Милано, Никола Миротиќ заработи фрактура на опашката на натпреварот против Фенербахче во Евролигата.
Миротиќ мораше да го напушти теренот во третата четвртина поради силни болки откако доби удар кој го испрати на подот.
Најпрво изгледаше како проблем со ногата, но во официјалното соопштение на клубот беше појаснето дека тој доживеал удар во опашката. Клубот најави дека на Миротиќ во наредните часови ќе му бидат извршени дополнителни прегледи, а сериозноста на повредата останува нејасна.
Евентуалното подлго отсуство на Никола Миротиќ би преставувал тежок удар за Милано, кој е пред клучениот дел од сезоната.
Nikola Mirotic what the hell pic.twitter.com/xuBIc2AvfT
— İntihara Meyilli Nals (@nalsizm) March 6, 2025
Загрижувачка е и ситуацијата и со Фреди Гилеспи, кој исто така се повреди против Фенербахче, поради повреда на главата тој веднаш е хоспитализиран.
Тренерот Еторе Месина на прес-конференција изрази загриженост во врска со сериозноста на повредите на двајцата играчи.
Olimpia Milano's Freddie Gillespie left the court after an accidental blow to the head pic.twitter.com/Fbq8LAbE28
— Alessandro Luigi Maggi (@AlessandroMagg4) March 6, 2025
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Граѓаните“ зачекорија во финалето на Лига купот
Фудбалерите на Манчестер Сити со „една нога“ се во финалето на Лига Купот на Англија, откако во првиот натпревар од полуфиналето го победија Њукасл на гостински терен со 2:0.
Херој на „граѓаните“ на „Сент Џејмс Парк“ беше Антоан Семењо, новодојденец од Борнмут кој го постигна вториот гол во вториот натпревар за Сити.
Се играше 53-та минута кога брзоногиот крилен напаѓач, на асистенција на Бернардо Силва, постигна гол и, веројатно, го реши ова полуфинале. Десет минути подоцна репрезентативецот на Гана постигна уште еден гол, истиот беше поништен од ВАр собата.
„Граѓаните“ ја потврдија победата и си обезбедија мирен реванш на домашен терен, кога Рајан Шерки постигна гол во 99-та минута.
Реваншот ќе се одигра на 4 февруари на стадионот „Итихад“ во Манчестер.
Лондонските ривали Челзи и Арсенал се среќаваат во второто полуфинале, а првиот натпревар е закажан за среда на стадионот „Стемфорд Бриџ“.
Спорт
Роџерс Мато има договор со Хартс
Фудбалерот на Вардар, Роџерс Мато, по завршувањето на сезоната ќе се пресели во челнот на Премиер лигата на Шкотска, Хартс.
Мато, во Хартс ќе се пресели како слободен играч, бидејќи договорот му истекува по завршувањето на сеозната. Трансферот на Мато го потврди шкотскиот клуб на официјалната интернет страница и социјалните мрежи.
Фудбалерот од Уганда со актуелниот лидер во Шкотска потпишал договор до јуни 2029 година.
Спорт
Мајкл Керик го презеде Манчестер Јунајтед
Неколку дена по оставката што му беше врачена на Рубен Аморим, Манчестер Јунајтед го објави неговиот наследник.
Како што беше објавено, клупата ќе ја преземе Мајкл Карик, кој ќе ги предводи „црвените ѓаволи“ во остатокот од сезоната.
„Мајкл Карик се врати. Нашиот поранешен капитен ќе биде наш главен тренер до крајот на сезоната 2025/26“, се вели во официјалното соопштение.
Карик одигра 464 натпревари за Јунајтед, освојувајќи пет титули во Премиер лигата, ФА Купот, два Лига Купа, Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Светското клупско првенство.
Тој се приклучи на првиот тим откако се пензионираше како играч во 2018 година и работеше под водство на Жозе Мурињо и Оле Гунар Солскјер.
По заминувањето на Норвежанецот, Карик го водеше тимот како вршител на должноста менаџер.
Поранешниот англиски репрезентативец последен пат беше вработен во Мидлсбро, кој го водеше две и пол години, од октомври 2022 година.
Foto/ depositphoto

