Спорт
(Видео) Прва голема грешка на судиите во новата НБА-сезона
Првиот натпревар во сезоната во НБА лигата ја донесе првата голема грешка на судиите. Оклахома го победи Хјустон, по две продолженија со 125:124. Судиите не ги почитуваа правилата, наместо тоа тие му „прогледаа низ прсти“ на Кевин Дурант.
Сè се случи на крајот од натпреварот помеѓу Хјустон и Оклахома, односно на крајот од првото од двете продолженија.
Оклахома имаше напад за победа, но само неколку секунди до крајот, топката заврши во рацете на Гилџес-Александер, тој беше блокиран од Тери Исон, а топката падна во рацете на Дурант со околу една секунда до крајот.
Дурент ја фати топката и побара тајм-аут што Рокетс го немаа. Веднаш по рекацијата на Дурант, Шенгун се фати за глава свесен за последиците.
Според правилата требаше да биде судена техничка и едно слободно фрлање за Окалхома, што веројатно ќе им ја донесе победата на Тандер.
Играчите на Оклахома жестокот протестираа, но судиите воопшто не реагираа.
По натпреварот, судијата Зак Зарба рече дека ниту еден од судиите не го видел Дурант како бара тајм-аут, а видео што кружи на социјалните мрежи покажува дека тој го сторил тоа, како и неговиот соиграч Алперен Шенггун како се обидува да го прикрие тоа.
Kevin Durant called for a timeout, but Houston had none, and the refs didn’t see it.
WOW — DOUBLE OVERTIME.
— Hoop Central (@TheHoopCentral) October 22, 2025
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Граѓаните“ зачекорија во финалето на Лига купот
Фудбалерите на Манчестер Сити со „една нога“ се во финалето на Лига Купот на Англија, откако во првиот натпревар од полуфиналето го победија Њукасл на гостински терен со 2:0.
Херој на „граѓаните“ на „Сент Џејмс Парк“ беше Антоан Семењо, новодојденец од Борнмут кој го постигна вториот гол во вториот натпревар за Сити.
Се играше 53-та минута кога брзоногиот крилен напаѓач, на асистенција на Бернардо Силва, постигна гол и, веројатно, го реши ова полуфинале. Десет минути подоцна репрезентативецот на Гана постигна уште еден гол, истиот беше поништен од ВАр собата.
„Граѓаните“ ја потврдија победата и си обезбедија мирен реванш на домашен терен, кога Рајан Шерки постигна гол во 99-та минута.
Реваншот ќе се одигра на 4 февруари на стадионот „Итихад“ во Манчестер.
Лондонските ривали Челзи и Арсенал се среќаваат во второто полуфинале, а првиот натпревар е закажан за среда на стадионот „Стемфорд Бриџ“.
Спорт
Роџерс Мато има договор со Хартс
Фудбалерот на Вардар, Роџерс Мато, по завршувањето на сезоната ќе се пресели во челнот на Премиер лигата на Шкотска, Хартс.
Мато, во Хартс ќе се пресели како слободен играч, бидејќи договорот му истекува по завршувањето на сеозната. Трансферот на Мато го потврди шкотскиот клуб на официјалната интернет страница и социјалните мрежи.
Фудбалерот од Уганда со актуелниот лидер во Шкотска потпишал договор до јуни 2029 година.
Спорт
Мајкл Керик го презеде Манчестер Јунајтед
Неколку дена по оставката што му беше врачена на Рубен Аморим, Манчестер Јунајтед го објави неговиот наследник.
Како што беше објавено, клупата ќе ја преземе Мајкл Карик, кој ќе ги предводи „црвените ѓаволи“ во остатокот од сезоната.
„Мајкл Карик се врати. Нашиот поранешен капитен ќе биде наш главен тренер до крајот на сезоната 2025/26“, се вели во официјалното соопштение.
Карик одигра 464 натпревари за Јунајтед, освојувајќи пет титули во Премиер лигата, ФА Купот, два Лига Купа, Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Светското клупско првенство.
Тој се приклучи на првиот тим откако се пензионираше како играч во 2018 година и работеше под водство на Жозе Мурињо и Оле Гунар Солскјер.
По заминувањето на Норвежанецот, Карик го водеше тимот како вршител на должноста менаџер.
Поранешниот англиски репрезентативец последен пат беше вработен во Мидлсбро, кој го водеше две и пол години, од октомври 2022 година.
Foto/ depositphoto

