Спорт
(Видео) Прва победа заЈунајтед во ерата на Аморим, Рома во 91.минута освои бод кај Тотенхем
Фудбалерите на Манчестер јунајтед стигнаа до првиот триумф во ерата на Рубен Аморим. По неуспехот против Ипсвич во Премиер лигата, „црвените ѓаволи“ го победија Боде/Глимт со резултат 3:2.
Херој на победата на домашните по пресврт во мечот во кој беа фаворизирани беше Расмус Хојлунд. Гарначо го доведе Јунајтед во водство, пред гостите да направат целосен пресврт преку Ивенен и Зинкернагел во 23. минута.
Откако веќе му асистираше на Аргентинецот за гол во првата минута од натпреварот, Хојлунд успеа да го одведе тимот на пауза без негатива, а потоа да го постави конечниот резултат со својот втор гол во 50. минута.
Драматична победа забележа Фенербахче во Прага. Турскиот тим ја победи Славија со резултат 2:1.
Чешкиот претставник поведе со голот на Томаш Чори, изедначи Един Џеко во 35. минута.
Три бода на Фенер му обезбеди Јусуф Ен Несири погоди на асистенција на Душан Тадиќ во 85. минута.
Тотенхем не успеа да ја победи Рома и покрај тоа што во второто полувреме три пати ја погодија рамката на голот. Натпреварот заврши без победник 2:2.
Се започна со пеналот на Хеунг-мин Сон во петтата минута, а Еван Ндика го врати резултатот на почеток во 20. минута Вториот гол за домашниот тим го постигна Бренан Џонсон во 34. минута. Рома до бод дојде во судиското надополнување во вториот дел, кога Матс Хумелс го победи Фрејзер Форстер.
Лига Европа, 5. коло
Андерлехт – Порто 2:2 (0:1)
/Дегриф 52, Амузу 86 – Галено 24П, Виеира 83/
Атлетик Билбао – Елфсборг 3:0 (3:0)
/Боиро 6, Прадос 24, Гурузета 53/
АЗ Алкмар – Галатасарај 1:1 (1:1)
/Mијнанс 2 – Копминерс 45 аг./
Бешикташ – Макаби Тел Авив 1:3 (1:2)
/Силва 38 – Каниковски 23, Перец 45+3, Патати 80/
Динамо Киев – Викторија Пилсен 0:2 (0:0)
/Видра 55, Шулц 90/
Лацио – Лудогорец 0:0
Карабаг – Олимпик Лион 1:4 (0:1)
/Пери 88 аг. – Микаутадзе 15, 80, Толисо 63, Фофана 68/
РФС – ПАОК 0:2 (0:1)
/Десподов 2, Чалов 59/
Брага – Хофенхајм 3:0 (2:0)
/Бруно 2, Фернадес 8, Карваљо 90+5/
ФЦСБ – Олимпијакос 0:0
Ференцварош – Малме 4:1 (2:1)
/Варга 8, 11, Боргес 53, Сисе 74 – Бодхеин 18/
Манчестер Јунајтед – Бодо Глимт 3:2 (2:2)
/Гарначо 1, Хојлунд 45, 50 – Евјен 19, Зихернагел 23/
Митјиланд – Ајнтрахт 1:2 (0:1)
/Колинс аг – Ларсон 7, Мармус 57 п/
Ница – Ренџерс 1:4 (0:3)
/Буанани 83 – Черни 35, Дијаманде 38, Игамане 45+3, 54/
Реал Сосиедад – Ајакс 12:0 (0:0)
/Барнеќеа 67, Кубо 85/
Славија Прага – Фенербахче 1:2 (1:1)
/Чори 7 – Џеко 35, Ен Несири 85/
Тотенхем – Рома 2:2 (2:1)
/Син 5П, Џонсон 33 – Ендика 20, Хумелс 90+1/
Твенте – Сент Жил 0:1 (0:1)
/Фусејни 11/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

