Спорт
(Видео) ПСЖ и Баерн се класа за Реал Сосиедад и Лацио
ПСЖ и Баерн Минхен први изборија пласман во четвртфиналето во Лигата на шампионите. ПСЖ и во реваншот го победи Реал Сосиедад, додека Баерн, на домашен терен ја надомести негативата од првиот меч против Лацио. Блескаа најдобрите стрелци на ПСЖ и Баерн, Килијан Мбапе и Хари Кејн.
ПСЖ во реваншот, во Сан Себастијан, го победи Реал Сосиеда со 2:1. „Светците“ со вкупни 4:1 се пласираа во четвртфиналето.
Надежите на Реал Сосиедад дека може да приреди некава сензација ги урна Мбапе по само 15 минути игра.
Капитенот на ПСЖ, постигна прекрасен гол, го исфрли со еден дриблинг Зубименди, а потоа го погоди спротивниот агол од голот на Алекс Ремиро. Мбапе го постигна и вториот гол за ПСЖ во 56.минута.
И покрај неповолниот резултат играчите на Реал Сосиедад не се откажаа, пропуштија неколку доби шанси, за конечно почесниот гол да го постигне Микел Мерино во 89.минута.

Во Минхен, Баерн пласман во четвртфиналето обезбеди во финишот на првото полувреме. Хари Кејн ја анулираше предноста на Лацио во 39.минута, а на 2:0 зголеми ветеранот Томас Милер во втората минута од судиското надополнување на времето. Конечните 3:0 ги постави Кејн со својот втор гол во 66.минута.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Тајрик Џонс и уште двајца ќе го напуштат Партизан
Центарот на Партизан, Тајрик Џонс, би можел да го напушти клубт во наредните денови. .
Како што пишува грчкиот новинар Вангелис Јоану, сопствениците на Олимпијакос, браќата Ангелопулос, се подготвени да платата обесштетување, за да го доведат црно-белиот центар.
Заедно со Џабари Паркер, Џонс е играчот кој има најлош углед меѓу навивачите на Партизан. Тие го исвиркаа во неколку наврати, а имаше и вербална расправија по поразот од Макаби во петокот.
За да успее Олимпијакос да го реализира трансферот на Џонс и да го има на располагање за следните натпревари од Евролигата, ќе мора да реагира до 5 јануари. Тоа е крајниот рок за трансфери меѓу клубовите во Евролигата.
Уште неколку грчки медиуми ја објавија веста за интересот на Олимпијакос за црно-белиот центар, чиј договор истекува на крајот од сезоната. Наводно тој има годишна плата од 1.100.000 евра
Тие исто така пишуваат дека Олимпијакос веќе контактирал со претставниците на играчот, но дека го сакаат само како слободен агент, односно ако Партизан го отпушти.
Од друга страна, медиумите во Шпанија, тврдат дека до 5 јануари, покрај тајрик Џонс, Партизан ќе го напуштат Џамари Перкер и Стерлинг Браун.
Photo by Srdjan Stevanovic/Euroleague Basketball
Спорт
Фенербахче понудиле 40 милиони за Давиде Фратеси
Италијанските медиуми, објавуваат дека турски Фенербахче има подготвена понуда од 40 милиони евра за 26-годишниот Давиде Фратеси, играч од средниот ред на Интер. Оваа зима, Фенербахче сака да го доведе играчот кој има 33 настапи за италијанската репрезентација со осум гола во кариерата, а кој игра многу малку оваа сезона во Интер.
Порано, Јувентус покажа интерес за него, по што следуваа Наполи и Рома, но Интер би сакал да го испрати овој играч во странство отколку да го засили еден од своите конкуренти за врвот на италијанската Серија А.
Претходно, медиумите пишуваа дека Интер би бил задоволен со понуда од 35 милиони евра, а понудата на турскиот клуб дефинитивно ги задоволила апетитите на челниците на Интер, кој во моментов е лидер во италијанската Серија А.
Фенербахче во моментов е втор во турската Суперлига и има три бода помалку од лидерот Галатасарај.
Фратеси ја започна својата професионална кариера во Сасуоло, но потоа играше како позајмен играч во Асколи, Емполи, Монца и Интер, чиј член дефинитивно стана во 2024 година. Фратеси има важечки договор со Интер до јуни 2028 година.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Оли Воткинс: Емери е тактички гениј
Оли Воткинс е херојот на верашната победа на Астон Вила на „Стенфорд Бриџ“, над Челзи (2:1). Постигна два гола, во второто полувреме и ја продолжи неверојатната серија на Астон Вила. Тимот на Унаи Емери има 11 победи во сите натпреварувања, осум по ред во Премиер лигата.
„Тактички гениј“, рече Воткинс за Емери, „Тој направи промена во играта, бидејќи Челзи играше човек на човек, но тие имаа дополнителен стопер кога игравме со долги топки. Кога влегов во игра, тој ги стави Џејдон и Морган Роџерс на крилата и го премести Јури (Тилеманс) на „десетка“, па тука имавме играч повеќе. Тој (Емери) е тактички гениј“.
И покрај феноменалната форма на неговиот тим, Емери не се согласува дека Астон Вила е кандидат за титулата.
„Имам чувство дека се бориме за Европа, а не за титулата со Манчестер Сити и Арсенал. Одигравме 18 натпревари, а имаме уште 20 пред нас. Тимови како Ливерпул, Челзи и Манчестер Јунајтед, мора да се натпреваруваме со нив. Мора да бидеме конзистентни во текот на 38-те кола.“
Foto/ depositphotos

