Спорт
(Видео) ПСЖ со десетмина победи во Марсеј

Фудбалерите на Пари Сен Жермен, како гости го победија Олимпик Марсеј на „Велодром“ со 2:0. во големото дерби на францускиот фудбал одиграно во 27.коло од Лига 1.
„Светците“ остварија победа иако од 40. минута играа со играч помалку. Бералдо доби црвен картон по прекршокот врз Обамејанг.
И покрај тоа што играа со фудбалер помалку ПСЖ дојде до предност со голот на Витиња во 53.минута.
Марсеј израмни на самиот час, но голот на Верету беше поништен, бидејќи еден играч на Марсеј му пречеше на голамнот Донарума.
Вториот гол, од контра го постигна Гонзало рамос во 85.минута.
ПСЖ се лидери на табелата со 62 поени, 12 повеќе од најголемото изнеандување оваа сезона Брест. Марсеј се седми со 39 поени колку што имаат Рен и Ремс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Дебакл на Сантос, Нејмар со плачење го напушти теренот

Синоќа, Сантос претрпе тежок пораз од Васко де Гама со 0:6 на домашен терен, 20-то коло од елитниот ранг на бразилското првенство. Резултатот влезе во историјата како највисока победа на Васко над Сантос и најголема гол-разлика во речиси сто години од натпреварите на овие клубови.
Гостите од Рио де Жанеиро поведоа во 18-та минута со голот на Лукас Питон. Домашната одбрана потоа се распадна: Давид постигна гол во 52-та, Филипе Кутињо во 54-та и 61-та, Рајан постигна гол од пенал во 59-та, а Тче Тче ги постави конечните 0:6 во 67-та минута.
Победата го извлече Васко од зоната за испаѓање, а Сантос остана два бода над нив. Нејмар, најголемата ѕвезда на Сантос на теренот не можеше да ги скрие солзите.
По натпреврот, Сантос го отпушти тренерот Клебер Ксавиер,
Васко му го расипа посебниот ден на Нејмар. Имено, ова беше 250-ти натпревар на 33-годишната ѕвезда за Сантос, клубот каде што ја започна својата кариера. Нејмар постигна три гола на 11 лигашки настапи оваа сезона.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Њукасл го потпишаа Џејкоб Ремзи

24-годишниот играч од средниот ред, Џејкоб Ремзи, е нов член на Њукасл јунајтед, со кого потпиша петгодишен договор, објави англиската Премиер лига во неделата.
Ремзи им се придружи на „страчките“ од Астон Вила и стана четвртото засилување на Њукасл ова лето.
Клубот не ги објави финансиските детали за овој трансфер, но англиските медиуми објавија дека е договорена компензација од 40 милиони фунти (околу 46 милиони евра).
„Ова е голем потег за мене, но штом дознав дека тренерот е заинтересиран и дека навистина му се допаѓам, не ми требаше долго време да донесам одлука“, изјави Ремзи за официјалната веб-страница на Њукасл јунајтед (newcastleunited.com).
Поранешниот англиски репрезентативец до 21 година кариерата ја започна во младинската школа на Астон Вила и одигра 167 натпревари за сениорскиот тим, постигнува 17 гола и забележа 19 асистенции.
Во својот нов клуб, Ремзи ќе го носи бројот 41, кој го имаше во Астон Вила, а би можел да дебитира во понеделник, 25 август, кога ќе игра на „Сент Џејмс Парк“, кога Њукасл ќе го пречека актуелниот шампион Ливерпул.
Foto/ newcastleunited.com
Спорт
(Видео) Нико Вилијамс со гол и две асистенции и пресуди на Севилја

Атлетик Билбао, во возбудлив натпревар, ја победи Севилја со 3:2. На отворањето на сезоната во Ла Лига, блескаше Нико Вилијамс со гол и две асистенции. Севилја се врати во мечот по водствто на Атлетик од 2:0, но не издржа. Дебитантот во дресот на баскискиот тим, Наваро погоди за победа.
Нико Вилијамс, кој во последен момент реши да остане во Билбао, кога ја одби понудата од Барселона, во 36.минута избори пенал и го претвори во гол. Овој играч, седум минути подоцна му асистираше на Санади кој погоди за 2:0.
Домашниот тим имаше шанси да го реши мечот во првите 10 минути од вториот дел, а кога не успеа казната стигна преку Лукебакио, кој испрати вистинска бомба од дистанца и намали на 2:1.
Во 72.минута, Севилја постигна уште еден гол од далечина. Резултатот го изедначи Агуме.
Го имаа гостите посакуваниот резултат се до 81.минута, кога по додавањето на Нико Вилијамс, конечниот резултат го постави Наваро.
Foto/ EPA/Miguel Tona