Спорт
(Видео) Рајо е во криза, Валенсија ги однесе бодовите од „Ваљекас“
Foto EPA
Валенсија забележа победа (1:0) на „Ваљекас“ кај Рајо Ваљекано во првиот натпревар од 18. коло на Ла Лига.
Единствениот гол на натпреварот го постигна Серхи Кањос во 61.минута.
На оваа средба немаше многу прилики, а домашните ги пропуштија најдобрите шанси во првото полувреме.
Иси Паласон, како и Флоријан Лежен не беа прецизни во раната фаза од првиот дел.
„Лилјаците“ играа со десетмина по црвениот картон на Кореа во судиското продолжение на вториот дел, но успеаја да ја задржат предноста и да слават.
Валенсија славеше по пет одиграни натпревари и сега е 10. на табелата со 23 бода. Рајо со овој пораз на продлабочи кризата, екипата за која настапува голманот Столе Димитиревски нема победа на последните седум натпревари.
Рајо Ваљекано со 20 поени се наоѓа на 11. место.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Новинар на „Евроспорт“ му испратил навредливи пораки на полскиот селектор
Полска и Хрватска од 20:45 часот на Националниот стадион во Варшава ќе одиграат натпревар од четвртото коло од групата А1 во Лигата на нации.
Хрватите во овој меч влегуваат како втори во групата со шест бода, додека Полјаците се на три бода, што значи дека според сегашниот поредок треба да одат во плеј-офот за опстанок во елитната дивизија во Лигата на нации.
Полскиот новинар Пјотр Квјатковски кој работи за „Еуроспорт“ е незадоволен од резултатите на репрезентацијата.
„Пржеглад Спортови“, откри дека Квјатковски му испратил навредливи пораки на полскиот селектор Михал Пробијеж (52) во 4 часот и 20 минути, ноќта по поразот на Полска од Португалија.
Полските медиуми ги објавија пораките што Квјатковски ги испрати до селекторот.
„Ретко со години функционираат луѓе кои се целосно несоодветни за одредена област, а вие сте апсолутно неподобни за тренер. Апсолутно не сте способни да бидете тренер“.
„Вашите прес-конференции се трагедија“.
„Ти си олицетворение на полскиот фудбал. Не си доволно добар, што никој не ви го кажал, но вие мислите дека сте доволно добар“.
Квјатковски се извини за своето однесување во изјава за „Пржеглад Спортови“: „Ме обземаа емоции по уште еден лош натпревар. Му се извинувам на селекторот и му посакувам многу среќа против Хрватска“.
Во септември 2023 година, Пробијеж ја презеде репрезентацијата на Полска, со која во 14 натпревари оствари седум победи, три нерешени и четири порази.
Претходно во кариерата раководеше со голем број полски клубови и со полската репрезентација до 21 година. Со Краковија и Јагелонија го освои Купот на Полска во 2010 и 2020 година, а со истите клубови го освои националниот Суперкуп во 2011 и 2021 година.
Спорт
Гвардиола демантира дека ќе биде селектор на Англија
Дел од англиските медиуми објавија дека по завршувањето на актуелната сезона тренерот на фудбалерите на Манчестер сити, Пеп Гвардиола ќе ја преземе англиската репрезентација.
„Дали ќе го напуштам Манчестер сити на крајот на сезоната? Се уште не сум се одлучил. Мојата иднина е отворена и немам точни одговори. Се е можно во фудбалот, но гледајќи од оваа перспектива можам да кажам дека нема да бидам следниот селектор на Англија“, рече 53-годишниот Гвардиола, со години еден од најдобрите светски стручњаци.
По завршувањето на Европското првенство, кое Англија го загуби од Шпанија, селекторската функција ја напушти Герет Саутгејт. На негово место дојде Ли Карсли, но само како вршител на должноста, до изборот на новиот селектор.
Англиската фудбалска асоцијација се обидува да најде долгорочно решение, планот е на клупата на националниот тим да седне реномирано тренерско има. Засега, според бројните извештаи моментално прв фаворит е Томас Тухел.
Актуелниот договор на Гвардиола со Манчестер сити истекува на крајот од оваа сезона, а според некои извори во текот на летото Англиската фудбалска асоцијација веќе му понудила работа на Шпанецот. Овие наводи не се потврдени.
Англија минатата сезона испадна од елитната Лига на нации и оваа сезона игра во Лига Б По четири кола е на второто место во својата група со девет бодови. Грција има три повеќе.
Гвардиола е тренер на Манчестер сити од 2016 година, а покрај доминацијата во англискиот фудбал, пред две сезони на клубот му ја донесе и премиерната титула во Лигата на шампионите. Претходно работеше во Барселона и Баерн.
Спорт
Четири европски великани го следат вундеркиндот на Црвена звезда
Европските медиуми не престануваат да пишуваат за Андрија Максимовиќ, младиот напаѓач на Црвена звезда. По добрите игри во дресот на српскиот шампион и неговото репрезентативно деби, момчето родено во Нови Пазар е блиску до преселба во некој од најдобрите клубови во светот.
„Скај Спортс“, открива кои клубови се заинтересирани за Максимовиќ.
„Борусија Дортмунд е насочена кон Андрија Максимовиќ, 17-годишен играч на Црвена звезда. Овој викенд стана најмладиот играч во историјата на српската сениорска репрезентација. Тој има договор со црвено-белите до 2027 година. Цена, најмалку 15 милиони евра. Засега нема конкретни понуди, само се испитува теренот за евентуалните преговори“, пренесува новинарот на „Скај Спортс“, Патрик Бергер.
Меѓу заинтересираните за Максимовиќ, според наши извори, се уште Јувентус, Манчестер сити и Ливерпул“, вели германскиот новинар.