Спорт
(Видео) Рапсодија на Јунајтед во Билбао, Тотенхем очекувано го победи Бодо/Глимт

Фудбалерите на Манчестер јунајтед и Тотенхем се на чекор до пласман во финалето, на Лига Европа.
На стадионот „Сан Мамеш“ на кој ќе се одигра финалето, Манчестер јунајтед го декласира домаќинот Атлетик Билбао со 3:0.
Трите гола, Јунајтед ги постигна во интервал од 15.минути. Касемиро погоди за водство во 30.минута, а пет минути подцна се случи клучниот момент на натпреварот. Дани Вивијан доби црен картон, а Јунајтед пенал. Бруно Фернандеш го реализира пеналот, а капитенот на „црвените ѓаволи“ во 45.минута со својот втор гол стави точка на натпреварот.
Тотенехем го победи Бодо/Глимт со 3:1. На овој натпревар е постигнат најбрзиот гол во историјата на Лига Европа. Бренан Џонсон ј погоди мрежата на Норвежаните во 38.секунда.
Медисон до полувремето ја зголеми предноста на Тотенхем, а во 61.минута Соланке од пенал го постигна третиот гол за Спарс.
Надеж на гостите дека ќе можат да приредат чудо во реваншот им дава голот на Салтнес во 83.минута.
Реваншите се на програмата следниот четврток.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Баерн извиси, Вирц се договорил со Ливерпул

Еден од најбараните играчи во Европа, Флоријан Вирц, е блиску до преселба во Ливерпул, објави германскиот „Скај Спортс“.
Се зборуваше дека може да оди во Баерн или во Манчестер сити, но неговиот траснфер на „Енфилд“ практично е завршен.
Наводно, најдобриот играч на Баер Леверкузен му реклол „да“ на актуелниот шампион на Англија откако разговарал со менаџерот Арне Слот.
Сега е ред на клубот, Ливерпул треба да испрати понуда до Леверкузен, а Германците се оптимисти и се надеваат дека сè треба да биде завршено наскоро.
Тоа би можел да биде рекорден трансфер во историјата на Ливерпул.
Вирц го имаше своето деби во Бундеслигата како 17-годишник, учествуваше во освојувањето на титулата минатата година и постигна вкупно 16 гола во сите натпреварувања оваа сезона.
Спорт
Мектомини е играч на сезоната во Серија А

Фудбалерот на Наполи, Скот Мектомини, е прогласен за најдобар играч во Серија А во сезоната 2024/25.
Мектомини беше стрелец и во победата над Каљари (2:0), со која Наполи ја обезбеди четвртата титула во италијанското првенство, втора во последните три сезони.
Шкотланѓанецот постигна 12 гола и имаше шест асистенции на 34 натпревари во италијанското првенство оваа сезона.
Тој е член на Наполи од минатото лето, кога пристигна од Манчестер јунајтед за 30,5 милиони евра.
Исто така, Антонио Конте беше прогласен за најдобар тренер во Серија А.
Ова е негова петта титула во италијанското првенство. Три пати беше шампион со Јувентус, еднаш со Интер.
Спорт
Слот му одговори на Деко: И јас ги сакам Јамал и Рафиња

Арне Слот, тренерот на Ливерпул, му одговори на Деко, спортскиот директор на Барселона, откако тој јавно изрази интерес за Луис Дијаз.
Крилниот напаѓач на „црвените“ е едно од потенцијалните засилувања на каталонскиот клуб во преодниот рок. Деко во изјава за шпанските медиуми рече дека Барселона е заинтересирана за Луис Дијаз и Маркус Рашфорд.
„Ни се допаѓа Луис (Дијаз), ни се допаѓа (Маркус) Рашфорд и ни се допаѓаат други играчи. Кога одиме на пазарот, има имиња што ги знаеме и кои би можеле да го подобрат тимот“, изјави Деко за каталонската радио станица „РАК 1“.
Тренерот на Ливерпул експресно реаираше на оваа изјава.
„Секој клуб ги прави работите на свој начин. Веќе сте навикнати на фактот дека не зборувам за други играчи што не сме ги потпишале. Разбирам, тој е голем обожавател на Луис Дијаз. И јас сум фан на Дијаз. На Деко му се допаѓаат некои играчи. И мене. Ми се допаѓаат Јамал и Рафиња“, рече Слот.
Барселона ја освои титулата во Шпанија, Купот на кралот и Суперкупот на Шпанија оваа сезона, но не успеа да ја оствари целта во Лигата на шампионите. Затоа, Деко ќе мора да работи на тимот за следната сезона, а очигледно нема да има соработка со холандскиот тренер.