Спорт
(Видео) Реал најави голема промоција – навивачите залудно се надеваа дека се работи за Мбапе
Рeал Мадрид со обајав на социјалните мрежи во транс ги фрли своите навивачи, кои неколку часа подоцна дожиеваја разочарување.
„Кралскиот клуб“, објави видео во кое на центарот на „Сантијаго Бернабеу“ се поставени маса и столче за презентација. На масата седи непознато лице, кое го отвора календарот на лаптопот и пишува нешто во него. Видеото завршува со црн екран и натпис: „2.2.2024“.
Навивачите на Реал ја преплавија објавата со коментари и прашањато: „Дали доаѓа Мбапе?“.
🗓️ 02/02/2024 🗓️ pic.twitter.com/s2bu2U3ZZ7
— Real Madrid C.F. 🇬🇧🇺🇸 (@realmadriden) February 1, 2024
Навивачите се надеваа дека големата ѕвезда на светскиот фудбал конечно ќе пристигне во Мадрид, но „Марка“, медиум специјализиран за Реал Мадрид откри за што се работи.
„Ништо од Мбапе. На 2 февруари Реал ќе објави нова голема соработка со еден спонзор, а тоа е ХП. Познатата компанија ќе го има своето лого на ракавите на дресот на Реал, кој станува најскап во светот“, објави „Марка“.
Реал добива 120 милиони евра годишно од Адидас, а уште 70 милиони им плаќа Емирати, кој е главен спонзор на дресот. ХП наводно ќе плаќа околу десет милиони евра годишно за своето лого на дресот.
Реал на тој начин ќе заработува околу 200 милиони евра по сезона од сите спонзорски договори на дресот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ставре Јада 88-ми во спринт трката на ЗОИ
Македонскиот репрезентативец, Стваре Јада, настапи во квалификациите, во спринт трката во крос-кантри, на ЗОИ во Милано и Кортина.
Во конкуренција на 95 натпреварувачи, Јада го освои 88-то место. Патеката во Вал ди Фјеме тој ја мина со време 3.59.56 минути, со речиси 53 секунди послаб резултат од победникот.
Победи Норвежанецот Јоханес Клабо со време 3.07.37, пред Американецот Бен Огден (3.09.88) и Французинот Жил Шапаз (3.12.86).
Фото/ МОК
Спорт
Стеф Кари поради повреда го пропушта Ол-стар натпреварот
По Шеј Гилџис-Александер (Оклахома), уште еден ас ќе го пропушти НБА Ол-стар викендот, станува збор за Стеф Кари. Оваа вест ја објави тренерот на Голден Стејт Вориорс, Стив Кер, пред натпреварот со Мемфис.
Кари почувствува болка во коленото пред две недели и го пропушти четвртиот натпревар по ред поради синдром на пателофеморална болка, попознат како „колено на тркач“. Тој нема да игра ниту во среда против Сан Антонио, за да биде подготвен за дуелот со Бостон на 19 февруари по Ол-стар викендот.
„Работата е што по пат учам што функционира во однос на рехабилитацијата. Коленото сè уште ме боли. Морам да се обидам да го отстранам целото воспаление и болка. Тоа е нешто што сè уште треба да го следиме. Не би сакал да се вратам прерано бидејќи повредата може да се влоши“, рече Кари.
НБА сè уште не објави кој ќе го замени Кари во тимот на САД. Ол-стар викендот ќе се одржи во арената Лос Анџелес Клиперс од 13 до 15 февруари.
Foto/ depositphotos
Спорт
Роналдо се смири со раководството на Ал Наср
Навивачите на Ал Наср и фановите на Кристијано Роналдо можат да здивнат. Португалецот се смири со клупските челници.
Откако поради протест, пропушти два натпревари, Португалецот треба да се врати во тимот на Ал Наср и да игра во следниот натпревар против Ал Фатех.
Роналдо наводно бил во бојкот, незадоволен од начинот на кој се распределуваат парите во саудискиот фудбал. Бидејќи сите клубови се финансираат од еден инвестициски фонд, го вознемирувал начинот на кој Ал Наср работи и тоа што нивниот конкурент за титулата Ал Хилал минатата недела го реализираше трансферот на Бензема од Ал Ахли.
Тој, исто така, протестирал затоа што платите на вработените во клубот доцнеле.
Раководството на клубот очигледно ги прифатило овие жалби, па сега Роналдо може да се врати на теренот и да го прави она што најдобро го знае.
Foto/ depositphotos

