Спорт
(Видео) Ролан Гарос со пехар го изненади Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ со победа го започна вториот Гренд слем во сезоната, Ролан Гарос. За два часа Ѓоковиќ со 6:3, 6:3, 6:3 го победи Американецот Мекензи Мекдоналд.
Организаторите на Ролан Гарос подготвија изненадување за српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.
Претседателот на Француската тениска федерација, Жил Мортон, и директорката на турнирот Амели Морезмо имаа подароци за трикратниот победник на овој Гренд слем.
Новак го доби трофејот откако триумфираше во првото коло над Макензи Мекдоналд.
„Посебен трофеј за посебен човек“, се вели во објавата за Ролан Гарос, во која се наведува дека Ѓоковиќ има освоено 100 титули во кариерата, вклучувајќи 24 гренд слем турнири.
A special trophy for a special man…
24 Slams
100 titlesCongratulations @DjokerNole! 🏆 pic.twitter.com/WGJAAYM2Lc
— Roland-Garros (@rolandgarros) May 27, 2025
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Се уште нема одлука за неодиграниот натпревар – (Не) јасно е зошто ЕХФ игра по нотите на АЕК

Фото/ facebook.com/rkalkaloid
Европската ракометна федерација (ЕХФ), се уште нема донесено одлука во врска со натпреварот меѓу Алкалоид и АЕК. Финалниот реванш, во Скопје, не започна, откако ракометарите на грчкиот тим одбија да го одиграат натпреварот.
48 часа по се она што се случи во Скопје, ЕХФ се огласи за да каже дека ќе се огласи кога правната комисија ќе ја разгледа документацијата што ја побарале од Алкалоид и АЕК.
(Не)јасно е зошто ЕХФ повторно игра по нотите на АЕК. Грците со вакви спелтки веќе успеаја да избегнат да играат реванш на гостински терен. Тоа се случи во полуфиналето против Партизан во Белград, одбија да го играат натпреварот „бидејќи немало услови за игра“. Реваншот се одигра на неутрален терен без публика, а АЕК по избедувањето пенали се пласира во финалето.
Одлужувањето на донесувањето на единствената логична одлука, натпреварот да биде регистриран со службен резултат и титулата да му се додели на Алкалоид, може да значи дека на челниците на АЕК уште еднаш да ја измамат ЕХФ.
Ако тоа се случи ЕХФ ќе го загуби кредибилитетот, иако веднаш беше откриено дека ракометарите на АЕК не се појавија на теренот во „Борис Трајковски“ поради заканата од нивните навивачи.
Спорт
Што има Челзи што нема Бетис? Иско вели – пари!

Во среда во 21:00 часот, Бетис и Челзи во Вроцлав, Полска, ќе се борат за трофејот во Конференциската лига.
Челзи би можел да стане единствениот клуб што го освоил трофејот во сите три натпреварувања на УЕФА, откако Жозе Мурињо го направи тоа како менаџер.
Ден претходно, традиционално, се се одржаа прес-конференциите, а капитенот Иско и тренерот Мануел Пелегрини беа пред новинарите од таборот на Бетис.
Секако, имаше разни прашања поврзани со натпреварот, но одговорот на Иско на едно од нив особено се издвои.
„Што има Челзи што го нема Бетис“?
„Добро прашање. Па, има пари, нели“, одговори капитенот на Бетис со насмевка.
Спорт
Ламин Јамал – сегашноста и иднината на Барса

Ламина Јамал, очекувано, стави потпис на новиот договор со Барселона. Најталентираниот напаѓач во светот ќе остане в Барселона најмалку до јуни 2031 година.
„Сегашноста и иднината“, го опиша Барселона потпишувањето на договорот.
Стандардно, Барселона објави дека на потпишувањето на договорот присуствувале претседателот Џоан Лапорта, првиот потпретседател Рафа Јусте и спортскиот директор Деко.
Според шпанските медиуми, Јамал ќе заработува 20 милиони евра по сезона, со нешто помалку од 10 милиони евра бонуси за обновување секоја година, што е драматично зголемување во однос на 1,6 милиони евра колку што добиваше досега.
Со овој договор, Јамал станува третиот најплатен играч во тимот, зад Френки де Јонг (23 милиони евра нето) и Роберт Левандовски (25 милиони евра нето).
Јамал го имаше своето деби за првиот тим како петнаесетгодишник на 29. април 2023 година. Тој пристигна во клубот многу порано, кога имаше само седум години, кога стана член на академијата на Барселона, позната како Ла Масија.
Иако сè уште е тинејџер, Јамал беше клучен играч во освојувањето на двојната круна и Суперкупот на Барселона оваа сезона.
Тој веќе има 106 настапи за Барселона, а ги руши рекордите еден по друг – тој е најмладиот стрелец во историјата на Ла Лига, Кралскиот Куп и Суперкупот, најмладиот играч на Барса кој одиграл повеќе од 100 натпревари…
Досега има постигнато 25 гола со 34 асистенции… А неговото време дефинитивно допрва доаѓа.