Спорт
(Видео) Рома ја прекина серијата порази, деби триумф на Клаудио Раниери
Рома ја прекина серијата порази, а Клаудио Раниери ја запиша првата победа на клупата на „волчицата“. Во 15.коло, Рома на „Олимпико“ го победи Лече со 4:1.
Рома ја прекина серијата од четири порази од кои два беа на домашен терен. Со добра игра во текот на целиот натпревар го победи Лече.
Иницијативата Рома ја круниса со голот на Салемакерс во 13.минута. Холанѓанецот потоа промаши добра шанса за зголемување на предноста, по што стигна казната. Лече доби пенал во 40.минута, а Црногорецот Крстовиќ изедначи на 1:1.
Во вториот дел целосна доминација на Рома. „Волчицата“ во интервал од седум минути ги репи дилемите околу конечниот победник. Капитенот Манчини погоди во 59, а Пизили во 67.минута. Точка на натпреварот стави Коне во 86.минута.
Рома со четвртата победа во Серија А се искачи на 10.место со 16 бодови колку што имаат Торино и Емполи. Лече 1 на 16.позиција со 13 поени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Играч на „Брегалница“ нападнат за време на натпревар, приведен 36-годишник од Арачиново
Вчера околу 13:50 часот, на стадионот „Фортуна“ во Скопје, полицијата привела 36-годишен маж од селото Арачиново. Тој за време на фудбалскиот натпревар меѓу екипите на ФК „Шкендија 77“ и ФК „Брегалница“ физички нападнал играч на „Брегалница“.
Интервенирале полициски службеници од скопската полиција, кои веднаш го привеле напаѓачот, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Спорт
(Видео) Џејмс Харден го растури Шарлот
Лос Анџелес Клиперс ги победија Шарлот Хорнетс со 131:116 во европскиот термин.
Нaтпреварот во Шарлот го обележа ветеранот Џејмс Харден. 36-годишникот постигна 55 поени.
Харден влезе во историјата на франшизата, само во првата четвртина постигна 27 поени. Ефемтот можеше да биде и подобар доколку не промашеше две слободни фрлања во овој период од играта.
Тука не застана, постигна неверојатни десет тројки и 55 поени, а ова е 25-ти пат во неговата кариера да има натпревар со најмалку 50 постигнати поени.
Покрај 55 поени, Џејмс имаше и три скока и седум асистенции и само две изгубени топки.
Поддршка доби од Ивица Зубац со 18 поени, осум скока и шест асистенции, а двоцифрен ефект имаа и Брук Лопез и Коби Сандерс, двајцата постигнаа по 11 поени.
Во редовите на Шарлот најефикасен беше Кон Кнуепел со 26 поени, 21 постигна Брендон Милер, 19 Мајлс Бриџис.
Спорт
(Видео) Харви Барнс му пресуди на Манчестер Сити
Фудбалерите на Њукасл го победија Манчестер Сити со 2:1, во последниот меч од саботната програма во Премиер лигата. Њукасл по пауза од седум години го победи Сити, воедно ова менаџерот Еди Хау дури во 19-то соочување со колегата Пеп Гвардиола ја забележа првата победа, претходно имаше две нерешени и 16 порази. Натпреварот на „Сент Џејмс Парк“ го реши Харви Барнс со два гола.
Брилијантен натпревар одиграа Њукасл и Сити на „Сент Џејмс Парк“, сите голови беа постигнати во второто полувреме. Њукасл беше подобар противник во првото полувреме, а големи шанси пропуштија Волтемаде и Харви Барнс. Казната не ги стигна домашните фудбалери во финишот на првото полувреме кога Фил Фоден го промаши голот од пет метри.
На почетокот на второто полувреме беше релативно мирно, а потоа сè беше решено за само седум минути. Њукасл поведе преку Харви Барнс, кој погоди од 16 метри во 63-та минута.
Радоста на „Сент Џејмс Парк“ не траеше долго. По големата гужва во шеснаесетникот на домашниот тим, Рубен Дијас одлично се снајде и го израмни резултатот на 1:1.
И кога се очекуваше Сити да притисне, во следниот напад, Барнс повторно беше на вистинското место, изворедно се снајде и ја испрати топката во мрежата. Потребно беше долго време да се провери дали на голот му претходеше офсајд, но на крајот беше одлучено дека е гол.
Сити напаѓаше до крајот на натпреварот, но тимот на Пеп Гвардиола не успеа да го избегне четвртиот пораз во сезоната.
Foto/ EPA

