Спорт
(Видео) Рубљев дивееше во поразот од Алкараз

Рускиот тенисер Андреј Рубљев остана без шанси за пласман во полуфиналето на завршниот Мастерс во Торино. По поразот во првото коло од сонародникот Данил Медедев, во средата доживеа пораз и од Карлос Алкараз.
Младиот Шпанец ја забележа првата победа во кариерата, кога станува збот за завршниот Мастерс во сезоната. Алкараз победи во два сета со 7:5, 6:2.
Рубљев одигра речиси ист меч како во првото коло. Се држеше до финишот на првиот сет, потоа со серија грешки му овозможи на противникот да направи брејк и да го добие сетот, а потоа целосно потона и речиси да не постоеше на теренот во вториот сет.
Во моментите кога играше многу лошо, Рубљев имаше и вербални и физички испади.
Така, во моментот кога Алкараз имаше сет и брејк предност, Рублев почна да се удира со рекетот по левата нога.
Камерата потоа ги „улови“ лекарите како му помагаат и го запираат крварењето.
Ay Rublev….pic.twitter.com/wGYg1A5Vtb
— Set Tenis (@settenisok) November 15, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Барселона ја декласира Валенсија

Барселона го одигра својот прв домашен натпревар оваа сеозна. На стадионот „Јохан Кројф“, Барселона ја декласира Валенсија со 6:0.
Првото полувреме не навестуваше дека екипата од Валенсија ќе доживее дебакл.
Фермин Лопез ја доведе Барселона во водство по додавање од Феран Торес, а потоа следеше канонада во втората половина од натпреварот.
Во игра влезе Рафиња, кој целосно ја поремети играта на противникот.
Бразилецот го дуплираше водството на својот тим во 53-та минута, а три минути подоцна, Лопес повторно го запиша своето име на семафорот.
Рафиња ја зголеми предноста на Барса со брилијантен гол, а потоа на сцена стапи Роберт Левандовски.
Полјакот на теренот влезе во 68-та минута и набрзо го постигна првиот гол на овој натпревар.
Се играше во 78-та минута кога Левандовски ја затресе мрежата на Валенсија по одлично додавање од Дани Олмо, а потоа во 86-та минута го постави конечниот резултат, по асистенција од Бернал.
Барселона сега е на два бода зад Реал Мадрид, кој е единствениот тим со сите четири победи.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Деби гол на неуништливиот Модриќ за триумф на Милан

Фудбалерите на Милан ја победија Болоња (1:0) на „Сан Сиро“ во натпреварот од третото коло на италијанската Серија А.
Херој на Росонерите беше 40-годишниот Лука Модриќ, кој го постигна својот прв гол во дресот на славниот клуб во 61-та минута.
Крајот на натпреварот го обележа интересна ситуација судијата Матео Марченаро покжа на пенал, но откако ја прегледа снимката го поништи, а потоа му покажа црвен картон на тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, кој „полуде“ по таа одлука.
Милан на крајот стрепеше за победата, иако беше подобар во текот на целиот натпревар, дури четири пати неговите ја погодија стативата.
Тоа го направија еднаш Первис Еступињан и Самуеле Ричи, а двапати напаѓачот Сантијаго Хименез.
Милан ја оствари втората победа сезонава, има шест бода, додека Болоња остана на три бода, освоени во дуелот со Комо.
Foto/ EPA
Спорт
Шредер е МВП – Во најдобрата петорка само НБА играчи

Вечерва во Рига со победа на Германија заврши 42. Европското првенство во кошарка. Германија во спектакуларно финале ја победи Туција со 88:83. За најдобар играч на финалето е прогласен Исак Бонга.
МВП титулата, за најдобра играч на турнирот му припадна на Денис Шредер. Капитенот на Германија го реши финалето со шест поени во последните 67 секунди, мечот го заврши со 16 поени и 12 асистенции.
Покрај Шредер во иделаната петорка на првенството се уште четворица НБА играчи: Јанис Адетокумбо (Грција), Алперен Шенгун (Турција), Франц Вагнер (Германија) и Лука Дончиќ (Словенија).
Инаку ФИБА ја објави и втората најдобра петорка на шампионатот. Во неа се турскиот капитен Џеди Осман, финската ѕвезда Лаури Марканен, полскиот играч Џордан Лојд, Дени Авдија од Израел и Србинот Никола Јокиќ.
Foto/ EPA