Спорт
(Видео) Симонс со звукот на сирената му пресуди на Денвер Нагетс
Портланд во последните секунди го шокира Денвер, забележа победа 126:124. Анфрени Симонс ги постигна последните поени на натпреварот со што ја прекина серијата од шест порази на Портланд.
Најефикасен кај Денвер беше српскиот центар Никола Јокиќ со 34 поени, осум асистенции и шест скока. Џамал Мареј додаде 24 поени, 10 асистенции, три скока и три украдени топки, Расел Вестбрук 19 поени и седум скока, а Мајкл Портер 16 поени и 6 скока.
Хројот на Портланд, Симонс натпреварот го заврши со 28 поени и 10 асистенции, Шејдон Шарп постигна 27 поени. шест скока и четири асистенции, а Дени Авдија имаше 19 поени.
Деандре Ајтон придонесе со 15 поени и 13 скока во победата, додека Тумани Камара имаше 14 поени и 8 скока.
Резултати:
Детроит – Јута 119:126
Орландо – Оклахома 99:105
Вашингтон – Шарлот 123:114
Бостон – Чикаго 108:117
Торонто – Бруклин 94:101
Хјустон – Њу Орлеанс 133:113
Мемфис – Голден Стејт 144:93
Сан Антонио – Атланта 133:126
Далас – Л.А. Клиперс 95:118
Феникс – Индијана 111:120
Минесота – Њујорк 107:133
Портланд – Денвер 126:124
Сакраменто – Л.А. Лејкерс 100:113
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Штолц до ново злато со нов олимписки рекорд
Спектакуларната трка на 500 метри донесе историски исход, тројца лизгачи ја минаа патеката со подобро време од претходниот олимписки рекорд. Златото му припадна на Џордан Столц (21).
Американецот ја запре штоперицата на 33,77 секунди и постави нов олимписки рекорд.
Ова е неговото второ злато на овие Игри, бидејќи претходно триумфираше на 1.000 метри.
За да освои четири златни медали, Столц мора да ги освои преостанатите две трки – 1.500 метри во четврток и масовниот старт во сабота.
Сребрениот медал му припадна на Холанѓанецот Јенинг де Бо со 33,88, додека бронзата му припадна на Канаѓанецот Лоран Дубре, кој ја помина целта за 34,26 секунди.
Поранешниот олимписки шампион Тингуи Гао заврши само на седмата позиција.
Fptp/ EPA
Спорт
(ВИДЕО) Баерн ја продолжува агонијата на Вердер, Хофенхајм им се врати на победите
Вердер Бремен тоне сè подлабоко и подлабоко, во дуелот со Баерн Минхен немаа никакви шанси, на крајот Баварците триумфираа со 3:0.
Два гола од Хари Кејн и еден гол од Леон Горецка го потврдија триумфот на актуелниот лидер. Вердер нема победа од ноември, а ова беше нивниот осми пораз во 12 кола. Баерн ја прекина серијата лоши резултати, еден освоен бод во последните две рунси и ја врати предноста од шест бода во однос на Борусија Дортмунд.
Хофенхајм им се врати на победите, третопласираниот тим во лигата го победи Фрајбург дома со 3:0.
Мајсторскиот гол на Крамариќ во петтата минута беше поништен поради офсајд, но домашните лесно стигнаа до триумфот, со головите на Аслани, Кабрак и Гентри.
Леверкузен го декласираше Санкт Паули со 4:0. Ајнтрахт беше убедлив против Борусија Менхенгладбах со 3:0, а Хамбург победи кај Унион Берлин со 3:2.
Спорт
Петков 55-ти во велеслалом, Бразилецот Боротен ја растури конкуренцијата
Лукас Пинеиро Бротен е олимписки шампион во велеслалом, кој се возеше во Бормио. Тој го освои првиот златен олимписки медал во алпско скијање за Бразил.
Норвежанецот, кој пред две години одлучи да скија за татковината на неговата мајка, направи подвиг на Зимските олимписки игри во Италија. Со стартен број 1, тој возеше совршенa прва трака.
По првата трка, тој имаше дури 95 стотинки предност пред првиот фаворит Швајцарец Марк Одермат. Во втората, тој успеа да го издржи притисокот и да стигне до тронот со 58 стотинки повеќе во исклучително тешки временски услови. Тој ја запре штоперицата на точно 2:25.00.

Одермат не можеше да направи ништо повеќе.Во втората трка, тој имаше одличен старт, но мала грешка во средниот дел од патеката можеби го чинеше да дојде до златниот медал. Ова е неговиот трет медал во Милано, но се уште нема злато. Тој има две сребрени и еден бронзен медал во колекцијата.
Лоик Мајард, уште еден Швајцарец, заврши на најниската скала од подиумот, 1,17 секунди зад Бротен.
Во велеслаом настапи и македонскиот репрезентативец Виктор Петков. На крајот, по дете трки тој го освои 55-то место во конкуренција на 81 натпреварувач, со 23,37 секунди послабо време од победникот Бротен.
Foto/ MOK

