Спорт
(Видео) Сити со многу труд го „скрши“ Евертон

Фудбалерите на Манчестер Сити го совладаа Евертон со 2:0 (0:0) во натпреварот од 33.коло на англиската Премиер лига.
„Граѓаните“ забележаа исклучително важена победа на „Гудисон“ во борбата за пласман во Лигата на шампионите.
Во 84. минута младиот Нико О’Рајли го прекина мачењето на Сити, а осум минути подцна
Матео Ковачиќ го постави конечниот резултат.
Сити сега има 58 бода на четвртата позиција, со бод и меч повеќе од Нотингем Форест, кој во понеделник гостува кај Тотенхем.
Евертон остана на 13. позиција со 38 освоени бодови.
Ефикасен натпревар одиграа Брентфорд и Брајтон, победи домаќинот со 4:2.
Херој на домашниот тим беше Мбуемо, кој ги постигна првите два гола за црвено-белите, во 9. и 48. минута.
Дени Велбек постигна гол за израмнување (1:1) во третата минута од дополнителното време, но потоа Брентфорд ги остави ривалите „во прашина“ во вториот дел.
По вториот гол на Мбуема, Жоан Виза зголеми на 3:1 во 58. минута и практично тогаш го реши натпреварот.
Вториот гол за „галебите“ го постигна Каору Митома во 81. минута, но конечниот резултат во судиското надополнување го постави Норгард за конечни 4:2.
Вест Хем не успеа да го совлада испаднатиот Саутемптон Вест Хем поведе против во 47. минута со голот на Џерод Боуен и минималниот резултат важеше до 93. минута.
Потоа Угочукву погоди за 1:1 и само 11. бод на „светците“ сезонава.
Во истиот термин Кристал Палас и Бурнемут одиграа натпревар без голови, а домаќините целото второ полувреме го одиграа со играч помалку поради исклучувањето на Ричардс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Димитриевски би можел да се пресели во Елче

Столе Димитриевски до крајот на преодниот рок ќе ја напушти Валенсија. Целта на македнскиот репрезентативец е да остане во Шпанија.
Димитриевски, минатото лето како слободен играч пристигна во Валенсија од Рајо Ваљекано. Претходно клубот го продаде Георги Мамардашвили во Ливерпул, но клубот од Англија репи да го остави голманот на позајмица.
Кога клубовите се договорија јасно беше дека Димитриевски ќе биде резерва. Бранеше само на натпреварите во Купот и на неколу натпревари во првенството кога Грузиецот беше повреден.
Статусот на Димитриевски не се подобри ниту по завршувањето на сезоната, Мамардашвили замина, но Валенсија реши на позајмица од Атлетик Билбао да го донесе младиот голман Хулен Агирезабала.
Поради ваквата одлука на клубот македонскиот репрезентативец сака да ја напушти „Местаља“.
Шпанските медиуми пишуваат дека постои шанса Димитриевски новата сезона да ја мине на позајмица во Елче. Клубот по пауза од една година се врати меѓу шпанската елита и бара искусен голман за предизвиците во Примера.
Foto/ EPA/Rodrigo Jimenez
Спорт
Де Брујне ја објасни разликата помеѓу Конте и Гвардиола

Кевин Де Брујне вели дека се стреми кон 25-от трофеј во својата прва сезона со Наполи и ги објасни разликите помеѓу Пеп Гвардиола во Манчестер сити и Антонио Конте.
„Би рекол дека имаат два различни начини на игра. Пеп е веројатно малку повнимателен во контролата и поседот на топката, додека Конте е малку поструктуриран во играта и многу се фокусира на менталитетот. Пеп работи повеќе во просторот“, изјави Де Брујне за „Кориере дело Спорт“.
„Постојат неколку различни работи, но секој тренер има свои принципи и карактеристики“.
Белгиската ѕвезда, исто така, објасни кој трофеј најмногу сака да го освои за време на неговиот престој во Наполи.
„Веројатно Скудетото, но никогаш не сакам да бирам. Ќе земам што можам да освојам. Сепак, бидејќи никогаш не сум играл во Италија, освојувањето на лигата би била добра цел, тоа би било многу кул“.
Спорт
На сите играчи што ќе испаднат од Серија А ќе им бидат намалени платите

Италијанската фудбалска федерација и Серија А постигнаа договор со кој платите на фудбалерите ќе бидат намалени за 25 проценти доколку нивните тимови испаднат во Серија Б.
Петгодишниот договор беше објавен денеска. Намалувањето на платите има за цел да го намали финансискиот притисок врз клубовите испаднати од Серија А и ќе важи за сите договори потпишани по 2 септември 2025 година.
Новиот систем автоматски ги намалува платите, освен ако не е поинаку наведено во договорот на играчот.
Постојните договори ќе останат предмет на претходно договорени услови. Доколку тимот се врати во Серија А, платите ќе се вратат на нивната оригинална вредност.
Колективниот договор, исто така, воведува структура на минимална плата врз основа на возраста на играчот, која не може да се намали дури ни по испаѓањето.