Спорт
(Видео) „Скандалозно добар гол, ремек-дело, им ги скрши коловите на Кунде и Тер Штеген“
Брајан Сарагоса Мартинез (22), синоќа два пати ја нокаутираше Барселона. Напаѓачот на нозе ги крена шпанските медиуми, кои во суперлативи пишуваат за неговата изведба против актуелниот шампион.
Во првиот половина час од натпреварот со Барселона (2:2), асот на претпоследниот постигна на пабелата постигна два гола. Првиот во 17. секунда е најбрзиот гол што го прими Барселона во 21 век. Така го собори рекордот на Карим Бензема, кој во 2011 година постигна гол против најголемиот ривал по 21 секунда.
Во 29. минута Брајан направи уште едно чудо. Два пати на погрешна страна го испрати Жил Кунде на погрешна страна, а потоа со надворешна ја испрати топката во голот.
Кликнете тука за да го погледнете вториот гол на Сарагоса.
„Марка“, вака го опишува спектакуларниот гол на напаѓачот кој според „Трансфермарк“ вреди само 1.500.000 евра.
„Се вика Брајан Сарагоса, има 22 години и сам ја изеде цела Барселона“.
„АС“, вториот најчитан шпански спортски медиум, пишува: „Тоа што го направи Брајан е скандалозно. Веќе можеме да кажеме дека го постигна голот на годината. До него дојде така што им ги „искрши“ колковите на Кунде и Тер Штеген. Кунде го фрли на тренвникот, Тер Штеген остана закопа во место и потоа постигна апсолутно ремек дело“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

