Спорт
(Видео) Солзите на Винисиус биле според сценариото на Нетфликс – Легендарниот Чилаверт му порача дека фудбалот е за мажи
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/03/12120989.jpg)
Бразилскиот репрезентативец Винисиус Жуниор се најде во центарот на вниманието откако вчера заплака на прес-конференција. Ден подоцна медиумите открија дека солзите на прес конференцијата биле дел од сценариото за документарниот филм што се снима за Нетфликс.
Еден од новинарите му постави прашање на Бразиелцот за расизмот на фудбалските терени, по што почна тој почна да плаче. Факт е дека играчот на Реал често е мета на расистички навреди од противничките навивачи.
„Жал ми е. Само сакам да играм фудбал, да правам се за мојот клуб и моето семејство, не сакам да гледам како црнците страдаат“, изјави Винисиус.
Сепак, шпанските медиуми објавија дека Винисиус наводно направил се по сценарио бидејќи Нетфликс ја снимаше вчерашната прес-конференција за потребите на документарениот филм за расизмот во спортот.
Vinicius se emocionó al responder una pregunta sobre el racismo. "Solo quiero jugar al fútbol y nunca ver sufrir a las personas negras".pic.twitter.com/oOjEBf9h6n
— VarskySports (@VarskySports) March 25, 2024
Поради се, се огласи поранешниот парагвајски голман Хозе Луис Чилаверт.
Легендарниот голман му порача на Винисиус дека такви работи не треба да се прават и дека е очигледно дека се е испланирано и дека неговите емоции не биле искрени.
„Леб и игри… Тој е првиот што ги напаѓа и навредува ривалите. Немој да си пе..р. Фудбалот е за мажи“, рече Чилаверт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Спорт
Фишер го урна светскиот рекорд на 3.000 метри во сала
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/Untitled-1-12.jpg)
Американскиот атлетичар Грант Фишер испиша историја на „Millrose Games“ во САД.
Фишер го собори светскиот рекорд во трката на 3.000 метри во сала со време од 7:22.91.
Со тој подвиг го собори рекордот на Ламеча Гирма од Етиопија (7:23.81).
Второпласираниот Кол Кукер истрча неверојатни 7:23.14, исто така побрзо од претходниот рекорд.
Третото место му припадна на Џими Гресие од Франција со 7:30.18, поставувајќи нов национален рекорд.
Каи Робинсон го собори австралискиот рекорд со време од 7:30.38.
Спорт
(Видео) Дејвис се повреди во дебито за Далас – Маверикс го победија Хјустон
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/1739053613-Entoni-Dejvis.jpg)
Далас Маверикс во првиот меч пред домашната шублика, по трејдот на Лука Дончиќ, во дербито на тексас го победија Хјустон со 116:105. Спектакуларно деби имаше Ентони Дејвис.
Ол стар играчот, кој како дел од размената за Дончиќ пристигна во Далас, за нешто помалку од 31 минута на теренот забележа 26 поени, 16 скокови, седум асистенции и три блокади. Особено импресивен беше во првото полувреме, кое го заврши со 24 поени, 13 скокови, пет асистенции и три блокади.
Она што може да биде проблем за Далас е што Дејвис се повреди во третиот период. Замина во соблекувалната не се врати на теренот.
Anthony Davis went to the locker room after suffering a non-contact injury on this play.
(via @BleacherReport)
pic.twitter.com/X1sSp5LvTC— Yahoo Sports (@YahooSports) February 8, 2025
Далас фуриозно го отвори натпреварот, во еден момент, во втората четвртина, Маверикс водеа со 21 поен разлика, а во првиот дел постигнаа 65 поени.
Хјустон успеа да се врати во мечот, ја намачли разликата на четири поени, но Далас сепак до крајот успеа да ја задржи контролтата. Во последната четвртина лесно ја одржуваа преноста помеѓу седум и девет поени.
Покрај Дејвис во тимот на Далас најефикасни беа Кристи со 23 и Маршал со 16 поени. Ирвинг и Томпсон постигнаа по 13 поени.
За Хјустон Шенгун постигна 30 поени со осум скока, Грин 24 поени, а Томпсон 20 со седум украдени топки.
Далас сега има биланс од 28 победи и 25 порази, Хјустон има 32 победи и 20 порази.
Спорт
(Видео) Брајтон го елиминира Челси од ФА купот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/Untitled-1-11.jpg)
Фудбалерите на Брајтон успеаја да направат големо изненадување и да го елиминираат Челзи во четвртото коло на ФА Купот.
„Галебите“ беа подобри на домашен терен по пресвртот од 2:1.
Челзи поведе по само пет минути игра кога голманот на Брајтон, Вербурген, ја смести топката во сопствената мрежа.
Сепак, предноста на Челзи не траеше долго, бидејќи Брајтон успеа да израмни во 12. минута кога погоди Жоржињо Рутер.
Со тој резултат играта отиде во долга пауза, за во второто полувреме да дојде до пресврт.
Победата на Брајтон му ја донесе асистентот за првиот гол, Јапонецот Митома во 57.минута.