Спорт
(Видео) Спарта го декласира Галатасарај – Обамејанг рекордер, Марсеј го победи Шахтјор
Фудбалерите на Спарта Прага, Олимпик Марсеј и Спортинг Лисабон се пласираа во осминафиналето од Лига Европа.
Во престолнината на чешка, Спарта го декласира Галатасарај со 4:1 и со вкупни 6:4 избори место во осминафиналето.
Чешката екипа веќе во осмата минута го доведе Пресијадо во водство, а во двомечот донесе израмнување.
Но, во 16. минута Бардакчи израмни за Галатасарај и тоа беше се што фудбалерите на турскиот великан направија на овој натпревар.
Клучниот момент на натпреварот се случи во 70.минута кога Кан Ајхан доби директен црвен картон.
По четири минути домашните ја искористија бројната предност и преку Тучи стигнаа до 2:1. Во 80. минута Хараслин ефектно го матирашечекираше Муслера за 3:1, а точка на натпреварот стави Куча во 97.минута.
Олимпик Марсеј, со пресврт славеше над Шахтјор со 3:1. Во првиот натпревар беше 2:2.
Тимот од Украина поведе во 12. минута со голот на Судаков од пенал, изедначи Пјер-Емерик Обамејанг 11 минути подоцна. Габонецот со овј гол влезе во историјата на Лига Европа, стана најдобар стрелец во ова натпреварување. Во кариерата има постигнато 31 гол во Лига Европа.
Марсеј до триумфот дојде во последните 15 минути. Се играше 74. минута кога Обамејанг му асистираше на Исмаила Сара, која ја заби во мрежата за 2:1, а седум минути подоцна поранешниот играч на Монако, Интер, Валенсија и Атлетико Мадрид, Жофри Кондогбија го посави конечниот резултат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Столе одличен, Валенсија го победи Леванте
Фудбалерите на Валенсија го победија Леванте во градското дерби со 2:0 (0:0) во рамките на 24-то коло од шпанската Ла Лига.
„Лилјаците“, со победата кај градскиот ривал избегаа од опасната зона, сега се 14-ти, а во исто време го турнаа Леванте во бездната. Леванте се претпоследни на табелата со 18 поени.
Македонскиот репрезентативец, Столе Димитиревски, имаше впечатлив настап, успеа да ја одбрани својата мрежа.
Главни протагонисти на победата на Валенсија беа Белгиецот Ларџи Рамазани и Умар Садик.
Прво, белгискиот напаѓач постигна прекрасен гол во 64-та минута за водство на гостите, а потоа Умар Садик стави тошка на победата.
Foto/ EPA
Спорт
МЗТ лесно до нов трофеј во Купот на Македонија
МЗТ Скопје го одбрани пехарот во Купот на Македонија. Во финалето на завршниот турнир, МЗТ лесно го победи домаќинот Куманово со 96:70. Екипата од Аеродорм го освои четвртиот трофеј во низа, вкупни 14-ти во клупската историја.
Финалноот меч за трофејот не донесе ниту трошка неизвесност. МЗТ од почетокот се наметна на теренот, на стартото на вториот период стекна двоцифрена предност, која потоа само растеше. Највисоките +25, МЗТ ги достигна во средишницата на третиот период.
Меквин со 23 поен и Гил со 17 поени го предводеа МЗТ до трофејот во Купот. Кај Кумановоа Митевски, Ѓуроски и Луковиќ постигнаа по 13 поени.
Foto/ mkd.basketball
Спорт
Стрем е кралица на ски скоковите, Ника Превц леташе до бронзата
Норвешката ски-скокачка Ана Одине Стрем стана двократна олимписка шампионка, откако победи и на големата сколаница на Игрите во Милано и Кортина. Словенката Ника Превц, која важеше за главен фаворит пред Олимписките игри, мораше да се задоволи со бронзениот медал.
Стрем стана првата олимписка шампионка на големата скокалница, бидејќи никогаш порано немало две дисциплини за жени на Олимписките игри. Првите скокови во женска конкуренција се одржаа на Игрите во Сочи во 2014 година.
Сега двократната олимписка шампионка го освои своето второ злато со 284,8 поени, по скокови од 130,5 и 132 метри. Еирин Марије Квандал ѝ донесе на Норвешка двоен триумф со 282,7, додека Ника го заврши натпреварувањето со 271,5 поени.
Младата Словачка немаше среќа со условите за време на првиот скок, но во втората серија успеа да се подобри и да освои уште еден медал.
Ника ги завршува Зимските олимписки игри во Милано и Кортина со по едно злато, едно сребро и една бронза. Таа освои злато во екипна конкуренција, сребро на малата скокалница и бронза, како што веќе споменавме, на голема скокалница.
Постариот брат на Ника, Домен, додаде злато на големата скокалница во семејната колекција, и има шанса дополнително да го зголеми бројот на медали, бидејќи следува натпреварот во екипна конкуренција.
Foto/ EPA

