Спорт
(Видео) Столе два пати капитулираше, Севилја победи на „Ваљекас“
Рајо Ваљекано забележа нов пораз во Примера. Во 23.коло на „Ваљекас“, Севилја победи со 2:1. Столе Димитиревски го одигра целиот натпревар, имаше неколку добри интервенции.
Севилја против Рајо ја забележа четвртата победа од почетокот на сезоната, втора на гостински терен.
Херој на екипата од Андалузија е Мароканецот, Ен-Несири кој ги постигна двата гола. Првиот во 19., а вториот во 45.минута. Со овие два гола Ен-Несиро дојде до бројката од 60 голови во Првата шпанска лига и стана најефикасниот марокански фудбалер во историјата на Примера.
Рајо во 29.минута изедначи со голот на Иси Паласон.
Севилја со оваа победа малку избега од опасната зона, со 20 бода, колку шти имаат Селта и мајорка се наоѓа на 15.место. Рајо Ваљекано е на 13.позиција со 24 поени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Фудбалер на Динамо пред трансфер во Интер
Хрватскиот фудбалер Петар Сучиќ наскоро би можел да стане нов член на Интер.
Според Фабрицио Романо, Сучиќ ги договорил личните услови со Интер, останува само клубовите да се договорат за висината на обештетувањето.
Се очекува зделката да биде комплетирана во овој преоден рок, но Сучиќ да остане во Загреб до крајот на сезоната како позајмен играч.
Сучиќ е роден во Ливно, Босна и Херцеговина, но по настапот за младинската репрезентација на БиХ, реши да ја претставува Хрватска, за чија А репрезентација дебитираше на Европското првенство во 2024 година.
Тој е во Динамо од 2022 година, дојде преку младинската академија на Зрињски Мостар.
Спорт
Прашање на време е кога Вокер ќе се пресели на „Сан Сиро“
Кајл Вокер (34), капитенот и легенда на Манчестер сити денеска или најдоцна утре го очекуваат во Милано на медицински прегледи и потпишување на договор за позајмица до крајот на сезоната.
Вокер е во Сити седум и пол години. За клубот одигра 319 натпревари и освои шест трофеи во Премиер лигата и една во Лигата на шампионите.
Вокер има договор со клубот до летото 2026 година.
Спорт
Барселона во Лисабон, Атлетико го чека Леверкузен
По пауза од еден месец се враќа Лигата на шампионите. Вечерва и утре ќе се одиграат натпреварите од седмото коло.
Денешната програма ќе ја отворат натпреварите во Бергамо и Монте Карло, Аталанта и Штурм Грац, односно Монако и Астон Вила од 18:45 часот.
Дербито на колото ќе го одиграат Атлетико Мадрид и Баер Леверкузен кои се во директна борба за пласман во Топ 8, додека Барселона ја очекува тешко гостување кај Бенфика. Српскиот шампион Црвена звезда го пречекува холандскиот тим ПСВ.
За потсетување, најдобрите осум екипи директно се пласираат во осминафиналето, додека екипите од деветтото до 24. место ќе играат за преостанатите осум места. Тимовите се рангирани од 25. до 34. место ќе го завршат учеството во Лигата на шампионите.
Од 18:45 часот:
Аталанта – Штурм
Монако – Астон Вила
Од 21 часот:
Атлетико – Баер
Бенфика – Барселона
Болоња – Борусија Дортмунд
Клуб Бриж – Јувентус
Црвена звезда Белград – ПСВ
Ливерпул – Лил
Слован – Штутгарт