Спорт
(Видео) Столе се сретна со идолот Буфон

Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски имаше чест да се сретне со италијанската голманска легенда, Џанлуиџи Буфон, добивајќи автограм на дресот со кој беше фотографиран пред мечот со Италија.
Голманот на Рајо Валјекано стана сензација во Италија откако на тренинг пред квалификацискиот меч со Италија го носеше стариот дрес на Буфон, сега имаше можност да се сретне со Буфон, и да добие вреден автограм.
😮💨🇲🇰 Macedonia GK Stole Dimitrievski rocked up to training today in a vintage Buffon shirt.
Who do they play next… Italy! 👀🇮🇹 pic.twitter.com/PLQsS7HGxP
— EuroFoot (@eurofootcom) September 6, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Со поддршка од Mozzart до златен медал – Даниела Алексовска европски шампион во ММА

Шампионите секогаш подржуваат шампиони ,под ова мото започна приказната помеѓу лидерот во приредување игри на среќа и Даниела Алексовска – натпреварувач во боречки вештини. После една успешна година, новата 2025, младата спортистка ја стартува со злато и со титула европски шампион во ММА. И овојпат Mozzart беше главниот поддржувач на Даниела и нејзин партнер до големиот успех.
„По една година напорна работа го достигнавме највисокото место на пиедесталот на европското првенство во ММА. Моите амбиции за постигнување на поголеми успеси не завршуваат тука. Заедно со мојот тим се стремиме кон освојување на светската сцена во ММА со што ќе го потврдиме нашиот досегашен успех и квалитет. Секако голема благодарност до Mozzart без кои оваа авантура не би била возможна”, изјави Даниела Алексовска”, репрезентативец во ММА и Бразилска Џиу-Џица.
Лидерот во приредување игри на среќа и оваа година ќе биде дел од секој натпревар на Даниела, нејзиниот верен поддржувач и ветер во грб за уште многу освоени медали.
„ Втора година продолжуваме соработка со Даниела Алексовска. Ова беше првиот натпревар во новата сезона, а кој таа го заврши на првото место и се закити со златен медал. Ако денот по утрото се познава, ова ќе биде уште една интересна,возбудлива и успешна година за Mozzart и Даниела. Среќни сме што имавме можност да застанеме зад оваа млада спортсистка, да ја поддржиме и да и помогнеме полесно да го дистигне врвот”, изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.
Кога станува збор за младите таленти, Mozzart секогаш бил и ќе остане еден од најголемите поддржувачи и помагачи за исполнување на нивниот сон.
(ПР)
Спорт
(Видео) Наваро со 6:0, 6:0 го освои турнирот во Мерида

Американската тенисерка Ема Наваро го освои турнирот во Мерида, на апсолутно доминантен начин.
Наваро во големото финале со 6:0, 6:0 ја совлада колумбиската тенисерка Емилија Аранго по 55 минути игра.
Американката влезе во овој меч како голем фаворит, особено ако се земе во предвид дека тоа беше дуел меѓу 10. и 133. тенисерка на на ВТА листата, но никој не очекуваше ваков исход.
На крајот од мечот Аранго имаше вкупно еден гем/брејк топка во сите 12 гејма, кои за жал не ги искористи.
23-годишната Наваро стана петтата тенисерка од 2000 година која освоила ВТА турнир без загубен гејм.
Пред неа тоа го направија Марион Бартоли (Квебек, 2006), Агнешка Радванска (Сиднеј, 2013), Симона Халеп (Букурешт, 2016) и Ига Швјонтек (2021).
Спорт
Сабонис ќе отсутвува поради проблем со тетивата

Кошаркарот на Сакраменто, Домантас Сабонис, ќе биде надвор од терените на неодредено време откако ја истегна тетивата на натпреварот против Хјустон.
Сакраменто објави дека најдобриот скокач во лигата оваа сезона ја истегнал левата тетива и дека следната недела повторно ќе ја објават состојбата на Сабонис.
Сабонис се повреди ноќта меѓу саботата и неделата на натпреварот против Хјустон (113:103).
Оваа сезона Сабонис во 56 натпревари има просек од 19,5 поени, 14,1 скока и 6,2 асистенции по натпревар.