Спорт
(Видео) Страшен инцидент во Монте Карло – целосно уништен болидот на Серхио Перез
Страшен инцидент на стартот на трката за Големата награда на Монако. .
Шарл Леклер добро стартуваше и го задржа првото место, Карлос Саинц погреши во петтиот свиок и излета.
🔴 RED FLAG 🔴
Sainz runs off in Casino Square and there are three cars behind which have made contact #F1 #MonacoGP pic.twitter.com/qbrS4lQlTI
— Formula 1 (@F1) May 26, 2024
Главниот инцидент се случи кога Кевин Магнусен, нерезонски се обиде да го мине Серхио Перез (стартуваше од 16.место), кој потоа удри во ѕидот. Од трката беше исфрлен и вториот возач на Хас, Нико Хулкенберг.
Sergio Perez’s car. Oh my god. pic.twitter.com/XZ8XsO9oNz
— Daniel Valente 🏎️ (@F1GuyDan) May 26, 2024
Возачите на Хас трката ја започнаа од последните две позиции, откако поради неправилности на ДРС системот добија казни по вчерашните квалификации.
Истакнато е црвено знаме, а Саинц успеа да дојде до боксот како 16. во поредокот. Шпанецот е најголемиот среќник од целиот инцидент бидејќи рестарот ќе го чека од третото место, од кое ја започна трката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Роналдо донел одлука кога ќе се пензионира
Кристијано Роналдо влезе во 40. година од животот, но еден од најдобрите фудбалери на сите времиња се уште не размислува да се пензионира. Тој планира да игра уште неколку години.
„Кристијано Роналдо сака да продолжи да игра на врвно ниво и целта му е да игра на Светското првенство во 2026 година“, открива извор близок до португалската фудбалска легенда за „Релево“.
Значи Роналдо ќе игра уште најмалку две години. За време на Светското првенство во Америка тој ќе има 41 година и вистинското прашање е колку ќе може да понуди на таа возраст.
Спорт
Серхио Рамос остана без клуб
Серхио Рамос (38) за две недели ќе биде слободен играч. Славниот шпански дефанзивец нема да го продолжи договорот со Севилја во која се врати на почетокот на минатата сезона.
Рамос е еден од најдобрите дефанзивци на сите времиња. Минатата сезона беше стандарден во Севилја. Тој забележа 37 настапи, постигна седум гола.
Кариерата ја започна во Севилја во 1996 година, а во 2005 година се пресели во Реал Мадрид. Таму играше до 2021 година, а потоа по истекот на договорот се пресели во ПСЖ.
За шпанската репрезентација постигна 23 гола на 180 натпревари. Во кариерата освои се што можеше да се освои, а за Реал Мадрид постигна 101 гол на 671 натпревар и освои четири ЛШ. Со Шпанија двапати беше европски и еднаш светски првак.
Спорт
Јовановиќ на местото на Појет – Грците добија нов селектор
Искусниот српски тренер Иван Јовановиќ ќе биде селектор на грчката фудбалска репрезентација во следните две години, јавуваат тамошните медиуми. Овој 61-годишен тренер добро ги познава работите во грчкиот фудбал.
Јовановиќ на функцијата го наследи, Уругваецот Густаво Појет. Под негово водство, Грците не успеа да се пласира на Европското првенство. Грузија во баражот ја совлада Грција по изведувањето пенали.
Тренерската кариера ја започна во Нико Волос, Ираклис го водеше во два мандати, голем успех постигна со АПОЕЛ од Никозија, со тимот играше четвртфинале во Лигата на шампионите, Панахаики од Патра, а потоа се пресели во Абу Даби. Го водеше Ал Наср, а од 2019 до 2020 година беше селектор и на Обединетите Арапски Емирати.
Во 2021 година се врати во грчкиот фудбал и до 2023 година беше тренер на Панатинаикос.
Тој го предводеше АПОЕЛ до четири шампионски титули на Кипар и го освои Купот на Грција со ПАО. Тој беше прогласен за најдобар српски тренер во 2011 година, додека магазинот „Газета“ го избра за најдобар тренер на грчката Суперлига во 2022 година.