Спорт
(Видео) Страшна повреда на кошаркарот на Јута, сезоната за него заврши

Кошаркарот на Јута Џез, 21-годишниот Тејлор Хендрикс заработи страшна повреда на мечот со Далас Маверикс.
Хендрикс се повреди во третата четвртина од мечот против Далас (102:110). Кошаркарот на Јута беше изнесен од теренот на носилки.
Американските медиуми пренесуваат дека Хендрикс ќе ја пропушти целата сезона во НБА, бидејќи заработи скршеница на потколеницата и повреда на скочниот зглоб.
“Тешко е да се прифати она што се случи. Тејлор работеше напорно во паузата помеѓу двете сезони, тој беше мотивиран да се покаже во одлично светло во оваа натпреварувачка година. На сите ни е жал за се што се случи. Тој е одлично момче, а одличен професионалец и сите му посакуваме брзо закрепнување“, изјави тренерот на Јута, Вил Харди.
Хендрикс (20) беше избран во 2023 година како деветти пик на драфтот во НБА од Јута. Минатата сезона во НБА за Јута имаше просек од 7,3 поени и 4,6 скока по натпревар.
oh man. prayers up for Taylor Hendricks 🙏
never want to see this happen to anyone. pic.twitter.com/n3acZSMuxO
— NBA Memes (@NBAMemes) October 29, 2024
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Манчестер сити ќе го вклучи Мекати во „операцијата Вирц“

Манчестер сити започнаа со реконструкција на тимот во зимскиот преоден рок. Клубот потроши повеќе од 200 милиони евра за трансферите на четворица фудбалери. Според медиумите реконструкцијата ќе заврши во летниот преоден рок.
Пеп Гвардиола на пазарот бара плејмејкер, некој што ќе ја преземе улогата на Кевин Де Брујне кој ќе го напушти клубот.
На „Етихад“ не кријат дека прва желба е играчот на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц. Проблем за Сити е интересот на Реал Мадрид и обесштетувањето од 120.000.000 евра.
Англиските медиуми тврдат дека „граѓаните“ имаат план како да го намалат обесштетувањето. Подготвени се да го вклучат во трансферот младиот фудбалер Џејмс Мекати.
На оваа идеја во клубот дојдоа откако во зимскиот преоден рок го одбија предлогот на Баер да го испрата Мекати на позајмица во Леверкузен.
Мекарти од најмала возраст е член на Сити, беше позајмен во Шефилд, а оваа сезона, главно како резерва настапи на 19 натпревари во сите натпреварувања и постигна шест гола за 648 минути.
Спорт
Бекам: Меси е најдобриот на сите времиња

Прославениот англиски фудбалер Дејвид Бекам го даде своето мислење за трката за најдобар фудбалер на сите времиња.
Сопственикот на Интер Мајами, логично се определи за најголемата ѕвезда на неговиот клуб, Лионел Меси.
„Лео е најдобриот играч на светот и на сите времиња“, рече Бекам за време на разговорот на аудиовизуелниот саем МИП во Лондон.
Тој зборуваше и на други фудбалски теми, прогнозираше дека Реал Мадрид повторно ќе ја освои Лигата на шампионите, а го пофали и Пеп Гвардиола, кој минува низ најтешкиот период во кариерата.
„Пеп е еден од најдобрите тренери во светот. Секој голем клуб поминува низ периоди на транзиција, особено кога има промени во тимот. Понекогаш е потребно време за тимот да се стабилизира”, рече Бекам.
Спорт
(Видео) Меси повторно стрелец против Канзас, Интер ја мина првата рунда во ЛШ на КОНКАКАФ

Интер Мајами се пласираше во осминафиналето на Купот на шампионите на КОНКАКАФ, откако и во реваншот го победи Спортинг Канзас Сити. Интер на гости победи 1:0, а во реваншот на домашен терен забележа триумф 3:1.
Натпреварот го одбележа првиот гол на натпреварот, кој го постигна Лионел Меси во 19. минута од натпреварот, кога проработе врската од Барселона. Во улога на аистент беше Луис Суарез, а стрелец Меси.
MESSIIIIIIII 🐐😱
What a goal for Inter Miami!! 🌴 pic.twitter.com/UHUuEPfE4V
— FOX Soccer (@FOXSoccer) February 26, 2025
До крајот на полувремето Тадео Аљенде ја удвои предноста на својот тим, а во судиското надополнување Суарез го постигна третиот гол. Во второто полувреме, замениот Мемо Родригез го постигна единствениот гол за гостите.
Интер Мајами во четвртфиналето ќе се соочи со Кавалирс, шампионот на Јамајка.