Спорт
(Видео) Тен Хаг лут: Манчестер јунајтед не смее да игра вака
Фудбалерите на Манчестер јунајтед беа поразени во првиот подготвителен натпревар за новата сезона, што видно го налути менаџерот Ерик Тен Хаг.
Во понеделникот, Манчестер јунајтед гостуваше кај Розенборг и загуби (1:0) во Трондхајм со гол во 93. минута.
Јунајтед настапи во комбиниран состав, многу фудбалери се уште не се приклучиле на подготовките по обврските за ЕУРО 2024 и Копа Америка, но во стартниот состав, меѓу другите, беа Маркус Рашфорд, Касемиро, Мејсон Маунт, Арон Ван-Бисака, Џони Еванс…
„Резултатот е секогаш важен, без разлика дали зборуваме за подготвителни натпревари. Кога си во Манчестер јунајтед од тебе се очекува да победуваш цело време. Ако не можете да победите, не треба да изгубите“, изјави Ерик Тен Хаг за клупската веб-страница.
„Нашиот настап против Розенборг не беше доволно добар. Ние сме Манчестер јунајтед и треба да бидеме подобри“, повтори Тен Хаг.
Ready when called upon.
Well played, Radek 👊#MUFC
— Manchester United (@ManUtd) July 15, 2024
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Далас загуби од Денвер и остана без Купер Флег
Кошаркарите на Далас Маверикс загубија од Денвер Нагетс (без Никола Јокиќ) со 109:118 и останаа без Купер Флег. Првиот пик на последниот драфт го повреди глуждот.
Џамал Мареј ги предводеше Нагетс против Далас со 33 поени, 2 скока и 5 асистенции, додека Арон Гордон имаше 22 поени, 6 скока и 3 асистенции, а Наџи Маршал со 24 поени постигна најмногу поени во тимот на Далас.
За Маверикс поголем проблем од поразот претставува повредата на Купер Флег. Тој го повреди глуждот на левата нога и остана во соблекувалната на полувремето, што е нов аларм за Маверикс, бидејќи поради повреди надвор од тимот се: Ентони Дејвис, Кајри Ирвинг, Данте Ексум, Дерек Лајвли и Макс Кристи.
Cooper Flagg injury.
He was being taken to the hoop, landed on his left ankle weird, sprained it.
Prayers up 🙏 pic.twitter.com/UmbuTMnb7s
— SM Highlights (@SMHighlights1) January 15, 2026
„Тој згази на нечија нога. И минатиот натпревар го мачеше тој глужд, па решивме да го поштедиме“, рече тренерот на Далас, Џејсон Кид.
Флаг е фаворит за дебитант на годината оваа сезона. Тој во просек постигнува околу 19 поени и 6 скока.
Спорт
Стартува 17-то ЕП во ракомет, Македонија утре го игра првиот натпревар
Вечерва започнува 17-то Европско првенство во ракомет, кое се игра во три земји, Данска, Норвешка и Шведска. На првенстото учествува и Македонија, која утре од 20.30 часот, ќе игра против Данска.
Првиот ден, на првенството нуди четири натпревари, во групите А и Ц.
Распоред на првиот ден од Европското првенство:
Група А: Шпанија – Србија (18:00)
Група Ц: Франција – Чешка (18:00)
Група А: Германија – Австрија (20:30)
Група Ц: Норвешка – Украина (18:00)
Групата А треба да биде една од најнеизвесните на овој турнир, а првиот натпревар ќе го играат Шпанија и Србија. Овие две репрезентации се сретнаа и во квалификациите за Европското првенство, двете селекции запишаа по една победа. Подоцна, Германија и Австрија играат во истата група.
Франција ја започнува одбраната на европската титула со натпревар против Чешка. Во овој меч Французите се апсолутни фаворити.
Истото може да се каже и за Норвешка, еден од трите домаќини, која игра против Украина во првиот натпревар.
Македонија, во Б групата покрај Данска за ривали ги има Португалија и Романија. По утрешниот меч со Данска, Македонија во недела ќе игра против Португалија, а на 20.јануари против Романија.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Мароко по пенал рулетот во финалето на Африканскиот куп на нации
Фудбалерите на Мароко изборија пласман во финалето на Купот на африканските нации, откако ја победија Нигерија (4:2) по изведувањето на пенали. Мароко на тиутла во Африканскиот куп чека 50 години, а последен пат во финалето играше пред 22 години.
Иако овие две селекции постигнаа многу голови во текот на целиот турнир, особено Нигерија, во Рабат, одиграа „тврд“ натпревар. Важноста на дуелот го направи своето, па не е чудно што о 120 минути немаше голови.
И двете селекции пропуштија добри можности на самиот почеток. Прво, Брахим Диас од едната, а потоа и Адемола Лукман од другата страна.
Мароко, поддржан од поддршката од трибините, беше малку поагилен и се закани уште два пати преку Ашраф Хакими и Нусер Мазрауи, но немаше промена во резултатот.
Второто полувреме беше здодевно, а се издвоија само два обида на Абде Езалзули, но Стенли Нвабали ги одбрани двата удари.
Во продолжение каде што немаше шанси, па вториот финалист беше решен во пенал рулетот.
Ролеркостер од емоции доживеаа сите марокански навивачи, бидејќи Хамза Игамане, играч кој играше само една минута на турнирот пред полуфиналето, промаши пенал во втората серија.
Нигеријците не успеаја да ја зачуваат таа предност. Веднаш возврати Чуквезе, во четвртата Бпну на чудесен начин го одбрани пеналот на Ониемеачи, а Ен Несири потоа погоди за голема радост на трибините.
Мароко за титулата ќе се бори против Сенегал. Инаку и двете овие селекции досега само еднаш биле шампиони на Африка.
Foto/ EPA

