Спорт
(Видео) „Тешка но заслужена победа над Летонија“

Фото/ ffm.mk
Фудбалската репрезентација на Македонија го потврди пласманот во Б-дивизијата во Лигата на нации. Во претпоследното коло, во Ц-дивизијата во групата 4, Македонија ја победи Летонија со 1:0.
Никола Серафимов го постигна единствениот гол на натпреварот во 57.минута. Избраниците на Благоја Милевски ја продолжија успешната серија, по ремито кај Фарските Острови во првото коло, забележаа четири победи без примен гол.
“Им честитам на фудбалерите за трпението и решителноста, стигнавме до тешка, но сепак заслужена победа. Ја остваривме најважната цел, а тоа е пласман во Б дивизијата. Знаев дека ова ќе биде поразличен натпревар од тој во Рига, но стигнавме до победата, иако можеби требаше да постигнеме уште некој гол, за порано да ја потврдиме. Тешко е напаѓачите да дојдат до израз кога играте против екипа со толку густа одбрана, рече селекторот Милевски.
Во недела (15 часот), во последното коло, во Скопје ќе гостува репрезентацијата на Фарските Острови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Извлечени полуфиналните двојки во Купот на Македонија
Во просториите на Фудбалската федерација на Македонија, со ждрепка беа одредени полуфиналните двојки во Купот на Македонија.
Најтрофејниот клуб Вардар оваа сезона има големи амбиции во Купот, сака да ја освои првата титула по 2007 година. На патот кон финалето му стои АП Брера од Струмица.
Втората полуфинална двојка ја формираа Шкендија и Струга ТЛ.
Првите полуфинални средби се закажани за 9 април.
Спорт
Перез: Кога ќе ги знам сите опции, ќе донесам одлука

Серхио Перез потврди дека разговарал со „неколку тимови“ за враќање на патеките следната сезона.
Мексиканецот го напушти Ред Бул на крајот од минатата сезона, шест месеци откако потпиша нов двегодишен договор со тимот.
Перес не успеа да забележи победа во 2024 година, а на подиумот беше само четири пати. Тоа беше неговата најлоша сезона откако пристигна во Ред Бул во 2021 година.
„Добив неколку повици од Абу Даби. Сезоната започна па некои работи ќе се отворат во наредните месеци“, изјави Перес за официјалната веб-страница на Формула 1.
„Кога ќе ги знам сите опции што ги имам, ќе донесам одлука. Она што ми е јасно е дека ќе се вратам само доколку предизвикот што че ми биде понуден има смисла и ако е нешто во што можам да уживам“, изјави Мексиканецот.
Во 2023 година, Перес беше втор во генералниот пласман, зад Макс Ферстапен, но самиот тој ја опишува последната сезона како „ужасна“.
Перес во кариерата возеше и за Заубер и Мекларен.
Спорт
Салах ќе чека до последен момент, но преферира трансфер во Саудиска Арабија

Мoхамед Салах (32) се уште е заинтересиран за преселба во Саудиската Про лига ова лето, пренесуваат британските медиуми. Актуелниот договор на Египќанецот со Ливерпул истекува по завршувањето на сезоната. Досега двете страни не успеаја да договорат продолжување на соработката.
Како што се повеќе се шпекулира за неговата иднина на „Енфилд“, се појавија информации дека челниците на саудиски клуб размислуваат за понуда за египетскиот крилен напаѓач, а како најсериозен кандидат за неговиот потпис се споменува Ал Хилал.
Според „Телеграф“, Салах сака да замине во Саудиска Арабија, но приоритет му е прво да слушне што има да му понуди Ливерпул. Минатата недела во египетските медиуми се појавија тврдења дека Ливерпул веќе започнал преговори со Рами Абас, агентот на Салах, за да се обиде да договори продолжување на соработката.
„Телеграф“, наведува и дека има мали шанси Салах да замине во Саудиска Арабија пред Светското клупско првенство ова лето.