Спорт
(Видео) Торпедата на Деклан Рајс го потпија Реал, Интер победи во Минхен
Арсенал и Интер полека можат да размислуваат за полуфиналните натпревари во Лигата на шампионите. Вечерва, Арсенал го прегази Реал со 3:0, а Интер во Минхен го победи Баерн со 2:1.
Микел Артета му одржа час по фудбал на еден од најдобрите тренери во историјата, Карло Анчелоти. Арсенал буквално го прегази Реал, кој може да биде задволен што Лондон го нашушти со три примени гола.
Апсолутен херој е Деклан Рајс, чии две торпеда од слободни удари, во 58. и 70.минута го потопија „краслскиот клуб“. Точка на мечот во 74.минута стави Микел Мерино.
Можеше Арсенал да постигне уште некој гол, но во периодот од 60. до 64.минута Куртоа имаше две брилијантни интервенции, а Алаба и Белнгем интервенираа од гол-линијата.
Реал во текот на целиот меч имаше само една шанса, преку Мбапе, чии удар успеа да го скроти Давид Раја.
Интер во Минхен ги искористи сите проблеми кои Баерн ги има со повредите во дефанзивниот дел од тимот.
Италијанскиот првак поведе со брилијантниот гол на Лаутаро Мартинез во 38.минута.
Баерн се врати во мечот во 85.минута кога Томас Милер изедначи, но само три минути подоцна Фратези погоди за победа на Интер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Црвена звезда со играч помалку победи против ФЦСБ
Фудбалерите на Црвена звезда го победија ФЦСБ со 1:0 (0:0) во натпреварот од петтото коло од Лига Европа одигран на стадионот „Рајко Митиќ“.
Српскиот претставник ја забележа својата втора последователна победа и стигна до седум бода, три кола пред крајот на лигашкиот дел од натпреварувањето.
Победата на Црвена звезда добива на значење во борбата за пласман во нокаут фазата, особено поради фактот што беше извојувана со играч помалку.
Имено, Звезда играше со десет играчи од 27-та минута кога Тебо Учена доби директен црвен картон. Но и пред и по црвениот картон, Црвена звезда доминираше и чудо е како не постигна барем уште еден гол.
Единствениот гол, во 50-та минута, го постигна Бруно Дуарте, кој претходно пропушти неколку шанси.
Резултати, Лига Европа 5.коло:
ПАОК – Бран 1:1 (0:0)
/Иванушец 64 – Корвинг 89/
Пилсен – Фрајбург 0:0
Болоња – Салцбург 4:1 (1:1)
/Одгард 26, Далинга 51, Бернардески 53, Орсолини 86 – Вертсен 33/
ГА Иглс – Штутгарт 0:4 (0:2)
/Левелинг 20, 35, Ел Канус 59, Буанани 90+3/
Генк – Базел 2:1 (2:0)
/Ох 14, Каречас 45+2 – Отеле 57/
Макаби Тел Авив – Лион 0:6 (0:3)
/Винициус 4, Толисо 25, 51, 53, Ниаките 35пен, Карабец 62/
Нотингем Форест – Малме 3:0 (2:0)
/Јејтс 27, Калимеундо 44, Миленковиќ 58/
Панатинаикос – Штурм 2:1 (1:1)
/Свидерски 18, Калабрија 74 – Китеишвили 35/
Ренџерс – Брага 1:1 (1:0)
/Таверние 45+3пен.- Мартинез 69/
Реал Бетис – Утрехт 2:1 (1:0)
/Ернандез 42, Езалзули 50 – Родригез 55/
Спорт
(Видео) Пораз на Шкендија од Дрита
Фудбалерите на Шкендија го запишаа вториот пораз во Конференциската лига. На гостувањето во Косово, Дрита ја порази Шкендија со 1:0. По втроиот пораз во Конференциската лига, Шкендија остана на четири поени и се наоѓа на 25-то место на табелата.
Натпреварот не понуди некој врвен квалитет, се играше тврдо од двете страни. Пресуди голот на Манај во 20.минута. Впечаток е дека дефанзивците можеда да реагираат подобро во оваа ситуација.
Шкендија во наредната рунда ќе го пречека Слован од Братислава. Натпреварот се игра на 11 декември.
Инаку, Слован го направи најголемото изненадување во петтото коло, на домашен терен, по пресврт го победи Рајо Ваљекано (2:1).
Foto/ EPA, arhiva
Спорт
Македонија го растури Азербејџан
Кошаркарската репрезентација на Македонија со победа ги отвори претквалификациите за Европското првенство во 2029 година. Во Скопје, Македонија го совлада Азербејџан со 87:49.
Македнија ја оправда улогата на фаворит и според очекувањата забележа лесна и убедлива победа.
Андреј Јакимовски беше најдобар со дабл-дабл (25 поени и 11 скокови). Двоен учинок од 16 поени и 11 скока реализираше и капитенот, Војдан Стојановски, Зеќири уфрли 17 поени.
На своето деби за репрезентацијата на Македонија, Омари Мур дојде до скор од шест поени, исто толку скокови и девет асистенции.
Во наредното коло од групата А, на 30.ноември, нашата најдобра селекција ќе гостува во Даблин кај Република Ирска.
Извор/ Кошаркарска федерација на Македонија

